Ознака: образование

Почетокот на второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Post Views: 0 Владата на Република Северна Македонија на синоќешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи, односно наставата со физичко присуство да продолжи на 1 февруари, согласно заклучокот од Главниот координативен кризен ковид-19 штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата. Претходно, Главниот кризен координативен штаб врз основа на дискусијата донесе заклучок дека во моментот, епидемиолошки...

Continue reading

zelen paket

Децата и екологијата

Post Views: 0 Промовиран Зелениот пакет за јуниори. Тоа е прирачник за екологија, кој зборува за подигање на јавната свест од рана возраст, истакна Министерот за просторно планирање и животна средина Абдулаќим Адеми. Неговата примена ќе биде во основното образование како изборен предмет со интенција да премине во училишен предмет, додаде министерот. „Ние како министерство и понатаму ќе соработуваме со канцеларијата на РЕЦ и со другите институции се со цел овој пакет да биде потполно искористен од наставниците и училиштата, вели Адеми. Зелениот пакет за јуниори е изработен во тесна...

Continue reading

skolo

Проблематичен старт на учебната година во Струга

Post Views: 7 Долговите за транспорт, струја и огрев го доведоа во прашање успешниот почеток на учебната година во струшките училишта. Џеми Хајредини, раководителот на секторот за образование при општина Струга, вели дека станува збор за долгови од 2009 година до денес, долгови кои се акумулирале како резултат на драстичното намалување на наменските средства кои општините ги добиваат од страна на Министерството за образование. „ Им должиме на снабдувачите со нафта големи суми на пари и тие сега преку суд ни ги земаат од сметките на училиштата. Тоа значи дека на неколку основни училишта...

Continue reading

sednica

Кој ќе ги потпише сведителствата во Подгорци?

Post Views: 6 Трета година по ред учениците на ОУ „Гоце Делчев“, од струшкото село Подгорци, добиваат незаконски сведителства. Прашање е дали деветнаесет ученици кои учат на албански јазик во ова училиште ја имаат добиено потребната согласност од Министерството за образование и наука, за формирање на паралелки на албански јазик. Тоа сеуште е дискутабилно, за што реагираат советниците на ВМРО – ДПМНЕ и на СДСМ, а Локалната самоуправа по се изгледа се обидува одлуката за легализација на паралелките да ја протурка на  мала врата. Наташа Пинтоска советничката на СДСМ на последната седница...

Continue reading

legitimacija

Нова програма и практичен испит за идните туристички водичи

Post Views: 3 Министерството за образование промовираше нова програма за лиценци за туристички водич со кој се предвидува , стручниот испит на факултетите за туризам да има и практичeн дел. Досегашната практика на полагање за добивање лиценца за туристички водич не предвидуваше полагање на практичен дел, односно кандидатите полагаа само теорија. „Туристичките водичи се репрезенти на државата и призма низ која странските гости го градат впечатокот на нашата и воопшто за секоја земја. Од квалитетот на нивната презентација, зависи дали странските посетители ќе си заминат дома со пријатни...

Continue reading

dip

Промовирани матурантите од 5-та приватна гимназија

Post Views: 1 Матурантите од генерацијата 2011/2012 од 5-та приватна гимназија ги добија сертификатите за завршено образование. Со свечена церемонија беа промовирани завршените ученици од втората генерација на оваа приватна средношколска образовна установа. 50 -тината ученици од три образовни насоки се стекнаа со знаења и вештини во текот на четиригодишното образование.  Амела Имероска, медицинска сестра, вели „ привилегија е да се биде дел од Петта приватна гимназија. Имавме одлични професори кои се трудеа да направат од нас луѓе. Мислам успеаа, направија да знаеме како и кога да...

Continue reading

diplomci

Голем ден за студентите

Post Views: 3 Оливера Спироска и   Марија Стефаноска се дипломирани економисти, а сега студенти на постидпломски студии на Економскиот факултет, при Универзитетот ФОН од Струга. И двете презадоволни од начинот на кој се стекнале со потребните знаења и секако професионалниот однос на професорскиот кадар од оваа високо-образовна институција. Сега за нив иднината и не е толку голема непознаница. „Сега како дипломирани економсти се надеваме дека ФОН Универзитето ќе ни ги отвори вратите и се надеваме на добри работни места, на добро платени работни места, иако уште немам конкретна визија,...

Continue reading

Svetska Banka

24 милиони долари за поддршка на вештини и иновации

Post Views: 0 Македонија доби 24 милиони долари од Светска банка за поддршка на развојот на вештините и иновациите. Проектот е одобрен вчера од Бордот директори на Светска банка. Како што информираат од Канцеларијата на Светска банка во Скопје, целта на проектот е да ја подобри транспаретноста во распределба на ресурсите и да ја промовира одговорноста во високото образование, подобрување на релевантноста во средното техничко стручно образование и поддршка на иновативните капацитети во Македонија. Од проектот корист ќе имаат околу 24.000 студенти и 1.500 наставнички и управен кадар...

Continue reading

logo

Многу приговори за прашањата по екстерното тестирање

Post Views: 0 За прашањата кои ќе бидат на екстерното тестирање на матурантите, на 22-ри и на 24 јануари, до Министерството за образование и наука за половина месец стигнале 720 коментари, од кои повеќето во последните два дена.  МОН прифатило забелешки за 151 прашањe и тие се коригирани, информира ресорниот министер Спиро Ристовски во денешното интервју за МИА. МОН креираше систем во кој за матурантите (завршна трета или четврта година средно образование) се достапни околу 60.000 прашања за сите предмети од сите видови образование (гимназиско, стручно и уметничко), а тие, како и...

Continue reading

logo

Објавени прашањата за екстерното тестирање

Post Views: 0 Вчера државниот испитен центар ги објави прашањата кои ќе се најдат на екстерното тестирање на 22 и на 24 јануари за учениците во завршна (трета или четврта) година од средното образование. Бројот на прашања по наставен предмет зависи од тоа колку е тој застапен неделно, така што за предмет што учениците го имаат еднаш во неделата, во просек ќе има околу сто прашања. Двата предмета по кои ќе бидат тестирани учениците, ќе бидат објавени на список три дена пред полагањето. До 10 јануари ќе може да се пријавуваат неправилности или нелогичности во прашањата и сите издржани...

Continue reading

Песни од Балашевиќ во учебниците за основно образование во Србија

Post Views: 12 Три песни од неодамна починатиот Ѓорѓе Балашевиќ ќе бидат вклучени во српските учебници за основно образование, објавија медиумите во Србија. Професорката Ивана Лучиќ од едно основно училиште во Нови Сад изјави дека Балашевиќ е важен затоа што е разновиден. Такви се, како што објасни и трите песни што влегуваат во учебниците: „Девојка са чардаш ногама“ – весела, оптимистичка песна, потоа „Д-мол“ – тажна љубовна песна, а за осмоодделенците – „Дрвена песна“ за еден момчешки сон. Според професорката Лучиќ, овие песни не се многу лесни за разбирање и не се едноставни. „Затоа...

Continue reading

ucenici

Родителите од денес ќе добиваат СМС порака со оценките и поведението на нивните деца

Post Views: 2 Од денес родителите можат да ја користат услугата за добивање на смс пораки за поведението и оценките на своите деца. Оваа услуга е дел од системот на електронскиот дневник, како дел од проектот „Информиран родител“, содржан во Програмата за работа на Владата на Република Македонија. Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски на прес конференција информираше дека оваа услуга ќе се реализира преку трите мобилни оператори во земјата. СМС услугата родителите може да ја активираат по своја желба согласно податоците кои ги оставиле кај класните раководители, а кои...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top