Промовирани матурантите од 5-та приватна гимназија

Матурантите од генерацијата 2011/2012 од 5-та приватна гимназија ги добија сертификатите за завршено образование.

 |  Валентина Неловска  | 
dip
dip

Матурантите од генерацијата 2011/2012 од 5-та приватна гимназија ги добија сертификатите за завршено образование. Со свечена церемонија беа промовирани завршените ученици од втората генерација на оваа приватна средношколска образовна установа. 50 -тината ученици од три образовни насоки се стекнаа со знаења и вештини во текот на четиригодишното образование.dip

 Амела Имероска, медицинска сестра, вели „ привилегија е да се биде дел од Петта приватна гимназија. Имавме одлични професори кои се трудеа да направат од нас луѓе. Мислам успеаа, направија да знаеме како и кога да се соочиме со животот“.

 Петатта приватна гимназија во Струга постои 6 години. Девиза на училиштето е градење на квалитетно едуцирани ученици. На свечното доделување на сертификатите за завршено образование во петтата приватна гимназија, потпредседателот на Управниот одбор на Петатта приватна гиманзија и Фон Универзитетот, Сефер Цаноски, на матурантите им упати мотивирачка порака.Важно е да продолжат со образованието без разлика каде ќе изберат да го направат тоа. Најважно е да продолжат со студиите затоа што живееме во време зависно од образованието.Тоа да го направат само за себеси, за да опстанат и да се надградуваат во модерното време и брзите општествени промени“.

Директорот на Петта приватна гиманзија, Мирјана Докоска, е задоволна од постигнатите резултати на учениците кои матурираа во нивното училиште. Од 50-те ученици, 49 од нив се пријавиле за полагање на државната матура, што зборува за нивната подготвеност да продолжат со нивното понатамошно образование и професионално усовршување, објаснува Докоска.sefe

Ова е славење на едни резултати, прослава на нашата посветеност и пристап кон учениците за кои верувам дека во иднина ќе го најдат вистинскиот пат и ќе продолжат по вистинската животна патека“.

 Петта приватна гимназија веќе има објавено конкурс за прием на нова генерација ученици за учебната 2012 / 2013 година. Покрај гимназиското образование Петта приватна гимназија е верифицирана за едукација на стручни профили. Учениците имаа можност да се запишат на правно -економската-трговска и здравствената струка. Две години по ред училиштето врши упис на талентирани осмооделенци кои постигнале посебни резултати во образованието.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top