Голем ден за студентите

Доделени дипломите на ФОН Универзитетот во Струга.

 |  Голабовски Крсте  | 
diplomci
дипломци

Оливера Спироска и   Марија Стефаноска се дипломирани економисти, а сега студенти на постидпломски студии на Економскиот факултет, при Универзитетот ФОН од Струга. И двете презадоволни од начинот на кој се стекнале со потребните знаења и секако професионалниот однос на професорскиот кадар од оваа високо-образовна институција. Сега за нив иднината и не е толку голема непознаница.

diplomci„Сега како дипломирани економсти се надеваме дека ФОН Универзитето ќе ни ги отвори вратите и се надеваме на добри работни места, на добро платени работни места, иако уште немам конкретна визија, се определив за сферата на финансиите и можам да се видам во некој банкарски сектор во иднина“ велат тие.

Околу 100 студенти од градови од целиот Југозападен регион  на државата, денес на одделението на ФОН Универзитетот во Струга, ги добија дипломите за завршени додипломски студии како и 36 на постидпломсите студии на Факултетот за правни науки, Факултетот за политички науки и дипломатија, Факултетот за Економски науки, Филолошкиот факултет и Факултетот за детективи. Голем ден за студентите, родителите и за нас како Универзитет, вели генералниот менаџер на оваа образовна установа, Сефер Цаноски.Тој објасни дека во никој случај не смее да постои сомневање во квалитетот на образование кое оваа високо-образовна институција го нуди, вели Цаноски. Тој со свој став околу рангирањето на овој универзитет на т.н Шангајска листа.

profesori„Сите овие работи покажуваат една јасна слика дека се работи за фингирани податоци и дека целата таа приказна е да се наштети на приватното образование пред се. Тврдам дека Универзитетот ФОН е најдобриот универзитет во Македонија затоа што има долгорочна стратегија и визија и затоа што на своите студенти им нуди можност за вработување“ вели Цаноски.

Доказ за ова е податокот кој зборува дека голем број реномирани компании од Македонија, само минатата година вработиле 35 дипломирани студенти од овој факултет,а годинава листата на компании заинтересирани за студентите се зголемува и се најавува да бидат вработени дури 50 студенти. Квалитетното образование претставува сложен процес, а резултатите од него се еден подолгорочен процес. Тоа не е дуќан, каде од продажбата имате инстант резултати веќе следниот ден, велат професорите. Тоа е процес во кој треба да се инвестира за време на целиот живот, а резултатите иако доаѓаат постепено се сигурни.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top