Ознака: најверојатно

Nole

Ноле, Сталоне и Чак Норис

Post Views: 6 На покана на Силвестер Сталоне, Новак Ѓоковиќ отпативал во Софија каде што се снима продолжението на “Платеници“ и најверојатно светскиот рекет број 1 ќе се приклучи на една многу опасна багра тепачи.Според информациите на бугарската агенција “Новините“, најдобриот тенисер во светот би можел да се појави во филмот заедно со Силвестер Сталоне, Арнолд Шварценегер, Брус Вилис, Жан Клод Вам Дан и Чак Норис. Наводно, на Новак му била понудена помала улога во продолжението на филмот “Платеници“, кое веќе некое време се снима во Софија. Екипата моментно е на пауза, но снимањето...

Continue reading

andon dukov

Сеуште се бара загадувачот на водата кај плажата „Андон Дуков“

Post Views: 2   Ни повторените испитувања на квалитетот на водата кај плажата „Андон Дуков“ не го открија дефинитивно виновникот за загадувањето. По првите поразителни резултати кои говореа за најлош можен квалитет на водата кај оваа плажа од дури петта класа и според хемиските и според биолошките параметри, повторените испитувања велат дека езерото извршило самопрочистување, па сега квалитетот на водата кај „Андон Дуков“ е со втора класа. Д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје, вели дека при работата на терен биле забележани...

Continue reading

Објавени фотографии на новиот iPad!

Post Views: 3 Apple вчера официјално објави дека за една недела ќе одржи конференција на која ќе претстави нови производи, и готово сигурно е дека тоа ќе бидат новите модели на iPad, а веројатно подобрени модели на iMac и Mac компјутери. За љубителите на Apple најинтересни ќе бидат информациите за новиот модел на iPad Air кој во продажба би можел да се појави до крајот на октомври. Овој модел би требало да има помоќен хардвер (нов А8 процесор), подобра камера и touch ID сензор за препознавање на отпечатоци од прсти. Кон крајот на минатата недела на еден виетнамски блог се објавени...

Continue reading

mleko

На повидок нова млечна криза

Post Views: 2 На Македонија и се заканува млечна криза која најверојатно прво ќе се одрази на производството на свежо млеко. Најголемите млекарници во земјава ИМБ Битола и Бучен Козјак најавуваат намалување на производството на свежо млеко. Причината ја лоцираат во недостигот на суровина. Овој проблем постојано се провлекува по пропаѓањето на млекарницата Сведмилк, кога фармерите значително го намалија сточниот фонд.– Во Битолската млекарница недостигот на млеко не е многу голем. Ние сепак откупуваме околу 40 милиони литри сурово млеко годишно. Меѓутоа движењата на пазарот покажуваат...

Continue reading

Што значи вашата слика на facebook профилот?

Post Views: 9 Вашата слика на Фејсбук профилот претставува искажување на личен став, таа им посакува добредојде на пријателите, колегите, оние кои ве сакаат, не ве сакаат, „бифши“, идни…. Еве што можете да заклучите за некого на база на сликата на профилот.ПОРТРЕТ-јасна фотографија на која се гледа целата фигура или лицеВие сте зрела личност која е задоволна со својот изглед. Во основа сте помалку досадни. Ако станува збор за авторска фотографија, тоа значи дека сте нарцис и кариериста. Ако сте ставиле фотографија на која сте во бикини, најверојатно добро изгледате но сте несигурни.ДАЛЕКУ-...

Continue reading

teatar

Дали ќе го видиме Охридскиот театар со претстава?

Post Views: 2 Дали се веќе минато проблемите поради кои Охридскиот народен театар не одиграл ниту една претстава цели шест месеци? Телевизија ТВМ во неколку наврати бараше информации околу тоа кои се овие проблеми, дали се тие надминати и кога ќе започне новата театарска сезона во Охрид, меѓутоа секогаш ни беше одговарано дека не е погоден моментот да се коментира ова прашање. За таа цел, на 12 Февруари се обративме и до Министерството за култура. Ги запрашавме дали се запознати со случувањата во охридскиот театар и кои се причините поради кои неколку пати се одложи почетокот на театарската...

Continue reading

Протекоа информации од црните кутии

Post Views: 4 Иако Русија и понатаму ја одбива одговорноста за рушењето на малезискиот авион над Украина, европските официјални лица тврдат дека податоците од црните кутии покажуваат дека авионот го погодил проектил, пренесува CBS News. Имено, податоците забележани во црните кутии упатуваат на голема експлозивна декомпресија, а трупот на авионот е погоден со проектил по кој следела експлозија, за што сведочат и фотографиите од остатоците на авионот. Проектилот најверојатно експлодирал на десната страна од авионот, а шрапнели го пробиле трупот и излегле на левата страна. Станува збор...

Continue reading

zatvor

Синоќа почина притвореник

Post Views: 0 Почина притвореник во Охридскиот затвор. Синоќа кога дошла затворската смена да ги буди притворениците за вечера, некаде околу 20 часот и 30 минути, не успеала да го разбуди 25 годишниот притвореник од Подгорци, струшко. Според првичните, неофицијални информации од истражниот судија Весна Кичеец, која извршила увид на лице место, претходно притвореникот бил прегледан од страна на доктор невропсихијатар и примил некаква терапија. Најверојатно после тоа, притвореникот не се разбудил. Смртта била констатирана во 21 часот од страна на дежурна медицинска екипа. Мерката притвор...

Continue reading

kej

Рачна граната покрај кејот на Охридското Езеро

Post Views: 13 Туристите и граѓаните на Охрид кои денеска шетаа на кејот на Охридското Езеро, на само пет метри од брегот, можеа да забележат неексплодирана рачна граната, најверојатно, од Втората светска војна. Се работи за рачна граната која се наоѓа на длабочина од околу половина метар од десната страна на рекреативниот мост пред хотелот Палас. Се очекува надлежните служби и експерти пиротехничари да ја отстранат бомбата, која е потенцијална опасност за околината. Се претпоставува дека гранатата на ова место во Охридското Езеро пред два дена, за време на невремето, ја донеле силните...

Continue reading

rabotnici

Пештанци и годинава најверојатно со септичките јами

Post Views: 18 Жителите на Пештани се револтирани и лути.Велат над 20 години се обидуваме да развиваме туризам, а се давиме во септички јами иако плаќаме комунални такси. Крај езерската населба се градат елитни објекти, плаќаме комуналии како во градот, а надлежните не оставија без канализација.Тие не веруваат дека годинава ќе се отарасат од септичките јами. Од локалната објаснуваат дека во моментов се работи на изградба на објектите каде што ќе бидат сместени пумпните станици. Нивно целосно завршување се планира до крајот на месецот. Портпаролот на локалната самоуправа, Манески...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top