Што значи вашата слика на facebook профилот?

Вашата слика на Фејсбук профилот претставува искажување на личен став, таа им посакува добредојде на пријателите, колегите, оние кои ве сакаат, не ве сакаат, „бифши“, идни…. Еве што можете да заклучите за некого на база на сликата на профилот.

 |  Маја Савиќ  | 

Вашата слика на Фејсбук профилот претставува искажување на личен став, таа им посакува добредојде на пријателите, колегите, оние кои ве сакаат, не ве сакаат, „бифши“, идни…. Еве што можете да заклучите за некого на база на сликата на профилот.
portret
ПОРТРЕТ-јасна фотографија на која се гледа целата фигура или лице
Вие сте зрела личност која е задоволна со својот изглед. Во основа сте помалку досадни. Ако станува збор за авторска фотографија, тоа значи дека сте нарцис и кариериста. Ако сте ставиле фотографија на која сте во бикини, најверојатно добро изгледате но сте несигурни.

vo dalecinaДАЛЕКУ- толку сте одалечени од објективот што не се гледа ниту еден детал од лицето или фигурата

Ја цените својата приватност и не сакате сите кртици кои роварат по фејсбук да знаат како изгледате. Најверојатно сте срамежливи и резервирани кон другите додека не ги запознаете подобро. Можеби не сакате сите да ви бараат недостатоци.

krupen kadarМНОГУ КРУПЕН КАДАР-блиску до објективот па се гледа само дел од лицето или фигурата
Сакате луѓето да помислат дека не сакате да бидете препознаени но вие само се маскирате во својата псеудо-уметност. Нелогично но вистинито, вие сте исклучително дружељубиви.

ДЕТСТВО- стара фотографија на која сте дете
Личност која мисли дека се` во минатото било подобро од сега. Слушате иста музика, носите слична облека  и сакате исти нешта како кога бевте во гимназија или на факултет. Веројатно никогаш нема да се промените. Не сте посигнале многу и сте биле посимпатични кога сте биле дете.

mileniciДОМАШЕН МИЛЕНИК- без сопственикот на слика
Ако е во прашање мачка-жена без партнер, куче-геј без партнер, змија-тинејџер кој слуша death метал. Делфин-премногу гледате National Geografic. (Пеперутки, бубамари, пчелки и слично-метеопат.)

deteСЛИКА ОД ВАШЕТО ДЕТЕ-само детето
Единствено нешто што сте постигнале во животот е вашето дете. Некогаш сте биле забавни, сте имале многу пријатели и богат социјален живот а сега ….сега сте мајка/татако и крај.

nevestaСЛИКА ОД ВЕНЧАВКА-невеста, зет
Сакате сите да знаат дека најпосле пораснавте и се заозбиливте. Бракот целосно ве дефинира. Најверојатно многу сте потрошиле и време и пари и нерви на свадбата или венчаницата. Свекрвата не ве сака. На сите „школски“ кои сеуште не се мажени/женети, …. во фаца. (ова важи само ако вашиот партнер/ка е добра прилика или изгледа далеку подобро од вас).


Dr HouseПОП КУЛТУРА-слика од фиктивен лик, филмски плакат, славна личност

Немате своја личност. Се дефинирате себе си според начинот на забава (телевизија, музика, книги). Разговор со вас е како читање цитати.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top