На повидок нова млечна криза

На Македонија и се заканува млечна криза која најверојатно прво ќе се одрази на производството на свежо млеко. Најголемите млекарници во земјава ИМБ Битола и Бучен Козјак најавуваат намалување на производството на свежо млеко.

 |  Маја Савиќ  | 
mleko
млеко

mlekoНа Македонија и се заканува млечна криза која најверојатно прво ќе се одрази на производството на свежо млеко. Најголемите млекарници во земјава ИМБ Битола и Бучен Козјак најавуваат намалување на производството на свежо млеко.
Причината ја лоцираат во недостигот на суровина. Овој проблем постојано се провлекува по пропаѓањето на млекарницата Сведмилк, кога фармерите значително го намалија сточниот фонд.
– Во Битолската млекарница недостигот на млеко не е многу голем. Ние сепак откупуваме околу 40 милиони литри сурово млеко годишно. Меѓутоа движењата на пазарот покажуваат дека има се помалку и помалку млеко во целиот регион, објаснува Златко Најдовски од ИМБ Битола.
Според фармерите, производството на млеко е се понеисплатлив бизнис. Сточната храна поскапува, а просечната продажна цена на литар млеко е 17 денари. Велат дека трендот на затворање на фармите продолжува, млекопроизводителите се преорентираат кон други бизниси
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top