Ознака: настан

logo

Почнува манифестацијата „Бело лето“

Post Views: 8 Централниот настан на културно – забавната манифестација „Бело Лето“ ќе се случи вечер во 21:00 часот, на Градскиот плоштад. За добрата забава ќе се погрижат популарната музичка група „Нокаут“ и познати ди џеи. Претходно ќе се одржи промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад со што ќе започне годинешната културно – забавна манифестација. Посетителите на оваа промоција ќе имаат можност да се запознаат со традиционалните занаетчиски изработки на занаетчиите од градот, а исто така ќе им биде понуден и попуст од 20% за оние кои сакаат да купат некоја изработка. И...

Continue reading

ohridsko leto

Фестивалот Охридско лето, најголем туристички настан за минатата година

Post Views: 1 Фестивалот Охридско лето, најголем туристички настан за минатата година. „Оваа престижна награда која ни ја додели Министерството за економија е мотив повеќе за и оваа година да се потрудиме да донесиме светски имиња на овој фестивал кои ќе привлечет голем број посетители од земјава, но и од регионов, вели директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска. Таа додава дека минатата година се закитиле со уште една многу важна награда а тоа е концерт на годината. Тоа е настапот на Шиштов Пендерецки заедно со македонската филхармонија. –Благодарение на полската вечер...

Continue reading

hor

Промоција на дански културен настан во Охрид

Post Views: 2 За прв пат во Охрид гостува данскиот хор „Копенхаген“. Нашиот град е дел од нивната балканска турнеја. Драгана Боцевска, директорката  на Центарот за култура вели дека иницијативата на данскиот хор за посета на Охрид била прифатена со огромно задоволство од нивна страна и заедно со општината се потрудиле овој настан што подобро да го организираат. Таа додаде дека овој настан влегува во промоција на културниот туризам, односно освојување на туризмот и културата.  „Охрид се повеќе и повеќе нуди такви можности за спојување на овие две работи, културните настани влегуваат...

Continue reading

veligdenski hepening

Велигденски хепенинг во училиштето Григор Прличев

Post Views: 0 По повод претстојните Велигденски празници во  О.У. „Григор Прличев“ се одржуваат низа активности поврзани за овој голем христијански празник. Меѓу многуте збиднувања беше и денешниот  Велигденски хепенинг како и Велигденската работилница на која активно учествуваа учениците. На штандовите во училишниот двор можеа да се видат најразлично изработени украси, предмети, сувенири, кои го симболизираат овој празник. Децата задоволни од сработеното. „Јас ништо не направив, ама купив нешто од мојата другарка, јајца на еден лист со секакви лепенки, вели една од ученичките. Другата...

Continue reading

benziska

Потресно сведоштво на пожарникарот кој прв спасуваше од резервоарот за бензин во вчерашниот инцидент

Post Views: 6 „Помешани чувства, адреналин, и грозна слика“. Вака пожарникарот Борко Јанкулоски ја опиша вчерашната ситуација при спасувањето на трите лица од резервоарот за бензин на бензиската пумпа во непосредна близина на охридскиот аеродром. Љубен Блажески, Марјан Миноски, Оливер Цепенкоски, Митко Аслимоски и Борко Јанкулоски ја сочинуваа групата храбри пожарникари кои во текот на вчерашниот ден учествуваа во оваа спасувачка мисија. Токму Борко е пожарникарот кој прв се спуштил во резервоарот за бензин, во кој тројцата граѓани биле затекнати во полусвесна и несвесна состојба. „Јас...

Continue reading

world culture show

Креативните средношколци од „Јахја Кемал“ низ песна и костими ги презентираа светските култури

Post Views: 4 Светот е огромно место чија што земја ја газат илјадници различни народи, различни култури. Велат дека богатство е да се знае што е можно повеќе, а тоа на најдобар начин го покажаа и докажаа креативните средношколци од приватното средно училиште, колеџот „Јахја Кемал“ од Струга. Преку нивното World Culture Show 2014, на публиката во Центарот за култура „Григор Прличев“ преку игра, песна и фантастични костими презентираа неколку народи, неколку различни култури, дел од кој веројатно се малку познати. Сергеј Миладинов е дел од групата ученици кои го претставуваа периодот...

Continue reading

codefest 14

Започна програмерската битка на Codefest 2014

Post Views: 0 Започна 32 часовниот програмерски маратон Codefest 2014. Веќе втора година со ред оваа програмерска битка се случува на Универзитетот за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“, а под програмерската палка на тимот H-Sense, со што само се потврдува паролата на Коудфест дека тоа е настан организиран од студентите и за студентите. „На првиот настан, тоа се случи минатата година, во Февруари, учествуваа околу 70 учесници, но оваа година успеавме да го зголемиме нивото и бројот на учесници на настанот, така да самиот настан трае 32 часа, и за тие 32 часа имаме...

Continue reading

codefest

Второ издание на Codefest, Celebrating Code

Post Views: 1 И оваа година, како зачеток на една мала традиција, во Охрид по втор пат се организира маратонот за програмирање, Codefest 2014. Овој настан е единствен од својот тип, особено со тоа што е организиран од и за студенти, и опфаќа маратонско програмирање, кое минатата година траеше 24 часа, а за оваа година е најавено да трае 32 непрекинати часови. Овогодинешниот настан се организира под слоганот Celebrating Code (Го прославуваме кодот), и се очекува да биде поголем и уште поуспешен од оној минатата година. За таа цел, Организациското Тело на настанот, предводено од тимот...

Continue reading

raspored

Вечерва во Охрид, започнува „Кошаркарскиот куп на Македонија 2014“

Post Views: 5 Вечерва во спортската сала „Биљанини извори“ во охрид започнува „Кошаркарскиот куп на Македонија 2014“. Со одлука на Кошаркарската федерација на Македонија, спортската арена „Биљанини извори“ од 6-ти до 9-ти февруари ќе биде домаќин на овој извонреден спортски настан за сите љубители на кошарката. {loadposition content9}

Continue reading

kazan

Охриѓани и гостите вкусија рибна чорба и пача

Post Views: 3 За Денот на рибарите беше поделена за охриѓани и гостите 2000 литри рибна чорба. Гастрономскиот специјалитет беше подготвен во специјален казан и за оваа манифестација се подготрвува по трет пат. Во подготовката и овој пат беа вклучени  ученици од средното угостителско училиште Ванчо  Питошески заедно со нивните професори. Во тридневната подготовка учествувале 15-тина ученици од 3 година. Томи Трајаноски е  еден од учениците кои беа вклучени во подготовката на чорбата. „ Идам од друг град, од Битола и ми е чест да бидам во ова училиште и се разбира во струката. Овој...

Continue reading

svetlin rusev

Врачена Светската награда за хуманизам 2014

Post Views: 2 Во предвечерјето на Водици, на свечена церемонија во куќата на Уранија, градоначлникот на Охрид, Никола Бакрачески ја додели Светската награда за хуманизмот 2014 год. Добитник на престижната награда е истакнатиот бугарски сликар академик Светлин Русев, за сите негови посебни достигнувања во уметноста и хуманизмот. Бакрачески со посебна почит кон добитникот истакна, да се додели награда на човекот чии сликарски дела се ризница за целиот свет е голема чест. „Ми причинува посебна чест и задоволство што сум избран да ја доделам оваа престижна награда на академикот Светлин...

Continue reading

Хорор настан кој ја згрози земјата

Post Views: 1 Учителка избодена со нож, од мајка на една од ученичките, е настанот кој ја згрози цела Франција, и францускиот претседател Francoisa Holland, а се случил пред целото одделение во училиште во градот Albi во Франција. 34 годишната учителка, Fabienne Calmes од добиените повреди починала пред очите на учениците кои имале само 5 до 6 години. Мајката убиец, чиј идентитет не е откриен, упаднала во училницата во моментот кога ѕвончето означило крај на часот. Другите наставници во училиштето ги слушнале криците на шокираните деца, но кога дошле во училницата, несреќната учителка...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top