Започна програмерската битка на Codefest 2014

Околу 120 програмери се натпреваруваат за тоа кој ќе создаде најдобра идеја, со најдобра можност за бизнис реализација.

 |  Мишел Наумоски  | 
codefest 14
коудфест 14

Започна 32 часовниот програмерски маратон Codefest 2014. Веќе втора година со ред оваа програмерска битка се случува на Универзитетот за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“, а под програмерската палка на тимот H-Sense, со што само се потврдува паролата на Коудфест дека тоа е настан организиран од студентите и за студентите.

„На првиот настан, тоа се случи минатата година, во Февруари, учествуваа околу 70 учесници, но оваа година успеавме да го зголемиме нивото и бројот на учесници на настанот, така да самиот настан трае 32 часа, и за тие 32 часа имаме околу 28 тимови или околу 120 учесници.“-рече Вилијам Асијама, член на организациското тело на Codefest.

programeriЈасна Тренгоска исто така дел од организациското тело на Codefest, вели дека настанот е поддржан од бројни спонзори и голем број на волонтери.

„Целта на настанот бидејќи се работи за учесници кои се пред се студенти да се приближат на некој начин до индустријата, да се приближат до компјутерската индустрија, со тоа што ќе креираат идеи кои имаат одредена креативност, иновативност и бизнис вредност. Акцентот се става на бизнис вредноста на идејата, тоа што на самите студенти би им се прикажало како утре би изгледало нивното работење во една компанија на некој реален проект.“-вели Јасна Тренгоска од организациското тело на Codefest.

Една таква компанија е и Haselt компанијата на еден од менторите на Codefest, Хајан Селмани.

programerski maraton„Компанијата е прилично млада, но работи со напредна иновативни технологии кои се поврзани со Microsoft, директно сме партнери на Microsoft компанијата, работиме во поле на иновација, соработуваме со познати универзитети од светски рамки. Исто така прилично сме фокусирани на тоа да успееме со наши талентирани луѓе во Македонија да постигнеме иновации во странство. Главниот бизнис на компанијата ни се фокусира сто проценти во странство, имаме наши партнери во Америка, Ирска, Финска, Естонија и сега полека се шириме и во Австралија. Имаме доста проекти и сакаме да покажеме дека и од Македонија може да се развива нешто супер иновативно, а сето тоа да биде пласирано на странски пазари и да биде висококонкурентно.“-изјави м-р Хајан Селмани-ментор на Codefest.

Codefest започна денес, а ќе трае во наредните 32 часа, односно завршува утре, во 17 часот. Инаку минатата година програмерскиот маратон траеше 24 часа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top