Ознака: наследство

СДСМ : Состојбата со природното и културното наследство на охридскиот регион мора да се најде на надзорна расправа во Собранието на РМ

Post Views: 0 Сдсм  ќе ги искористи сите законски и деловнички права и можности за организирање на надзорната расправа во Собранието за состојбата со природното и културното наследство на охридскиот регион, изјави денес на прес конференција пратеникот Томислав Тунтев. Опозицијата нема да ја обесхрабри вчерашното гласање на Вмро Дпмне. „Повеќе од очигледно стана дека ВМРО ДПМНЕ бега од надзорна расправа со цел нивните функционери да не одговараат на поставените прашања. Тие сакаат да избегаат од одговорноста за тоа што поради нестручно, несовесно и неодговорно однесување на надлежните...

Continue reading

Заев: Работиме на заштита на природното и културното наследство

Post Views: 0 Тоа што е уништено со децении наназад, а посебно во последните 11 години од владеењето на ВМРО –ДПМНЕ, со целото мегаломанство и целата негрижа, навистина е мал периодот за да се врати се во нормала – рече премиерот Зоран Заев при денешната посета на Охрид. Заев очекувал Охрид да биде ставен на листата загрoзени подрачја. Одлуката ни беше најавена и мене и на градоначалниците на Охрид и на Струга, а тоа беше дека заштитата од УНЕСКО за Охрид и охридското крајбрежје ќе биде ставена во опасност, но благодарение на сите агрументи кои беа претставени од страна на...

Continue reading

Продолжуваат кражбите на иконите во струшко

Post Views: 1 Ако во изминатиот период мета на крадците беа иконите од црквите во руралните средини, пред два дена крадците направија крајно изненадувачки потег и ги осквернавија храмот Св. Ѓоргија и Музејот  Др. Никола Незлобински, кои се наоѓаат во самото срце на Струга. Директорот на Музејот, Сашо Цветкоски вели дека ситуацијата е сериозна. Тој потенцира дека како установа, од нивна страна се направени сите обиди во сферата на заштита на овие сахрални предмети, но дека вистинската надлежност за нивната заштита е во рацете на Заводите за заштита на споменици на културата. Потребна...

Continue reading

Упад во црквата Св. Ѓоргија

Post Views: 0 Во срцето на Струга насилен упад во црквата Св. Ѓоргија. Нешто подоцна во временски интервал од дваесетина минути на идентичен начин, упад и во Н.У. Др. Никола Незлобински од Струга. Верските објекти, најлесна мета за криминалците. Веќе подолго време во континуитет преку ноќ исчезнува вредното културно наследство од струшкиот регион. Утрово во срцето на Струга, имаше упад во црквата Св. Горѓија од засега непознати сторители. Нешто подоцна по дваесетина минути, мета на непознати сторители бил и музејскиот објект на Др. Никола Незлобински. Директорот на оваа установа...

Continue reading

Не се само дивоградбите, Унеско има сериозни забелешки и за културното наследство

Post Views: 0 Унеско има забелешки и за културното наследство. Потполно е изменет ликот на старото градско јадро во Охрид. Една од забелешките е несоодветна реставрација на староградските куќи. Недостатоци се нотирани во реконструкцијата на крововите на куќите кои наместо со ќерамиди и стара техника покриени се со современи материјали. Друга забелешка е поставување на антени, клими, соларни системи, кои што ќе мора да бидат отстранети. „Повеќе имаме проблеми со некои надградби, доградби, дивоградби и недозволени елементи кои се додаваат најчесто на староградските куќи. Сето тоа е...

Continue reading

Роденденот на Планетата земја се одбележа и во Охрид

Post Views: 0 Роденденот на Планетата земја се одбележа и во Охрид.  Акцентот на денешниот хепенинг кој се одржа на градскио плоштад Св. Климент Охридски се стави на подигње на еколошката свест кај граѓаните, пред се за заштита и зачувување на водите на Охридското Езеро. Охриѓанецот Славчо Христов кој работи како професор во Националниот институт за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје нагласи дека охридскиот регион изобилува со исклучителни природни вредности. Тој потсети дека во 1979 година Охридското Езеро е прогласено за светско природно наследство на УНЕСКО...

Continue reading

slika

Во охридската чаршија привршуваат нелегалните градби

Post Views: 0 Привршуваат градежните зафати на двете локации во охридската чаршија за кои ТВМ објави дека нелегално се градат. Пред две недели директорката на Завод и Музеј за ТВМ потврди дека кај Алипашината џамија бесправно се гради. Денеска пак потврди дека и зафатите на другата локација, во дуќан во склоп на Амамот се нелегални.  Паскали Бунташеска потенцира дека од страна на Завод и Музеј било направено се што е во нивна надлежност, односно  ја известиле  Управата за заштита на културното наследство која пак ја известила државната градежна инспекција. Денес, на прашањето зошто...

Continue reading

carsija

Во охридската чаршија безправно се гради во близина на Али Пашината џамија

Post Views: 0 Во охридската чаршија на две локации  се гради. Во близина на Али пашината џамија кај Чинарот отстранети се времени објекти за што граѓаните реагираат дека се подготвува теренот за градење. Во Амамот пак, се преземаат градежни зафати на дуќан поради што граѓаните се прашуваат дали смее да се менува ликот на трговскиот центар граден според идејно решение. Директорката на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска за ТВМ вели дека  и за двата зафати не се побарани конзерваторски услови со кој заводот дава одобрение што е дозволено, а што не да се прави на објектите.  Додава...

Continue reading

Најавените градби под Плошник будно ќе се следат, велат од Завод и музеј

Post Views: 0 Нема потреба од стрaвување дека станбените објекти за домување ќе го нарушат автентичниот изглед на стариот дел на Охрид, смируваат од Завод и музеј, по најавите дека општината на лицитација ќе продава државно земјиште под Плаошник. Мора  да се почитуваат сите законски одредби, тврди  Директорката на Завод и музеј,  Tања Паскали Бунташеска, и додава дека будно ќе ја следат градбата.„ Максиманло се трудиме проектите да се изработат  според Законот за Охрид и заштита на културното наследство,  Законот за градба и континуирано градбите се следат во целиот период. По завршување...

Continue reading

куќата на робевци

Куќата на Робевци целосно ќе се обновува

Post Views: 14 Куќата на Робевци целосно ќе се обновува. Внатрешноста на еден од најрепрезентативните градски објекти во Охрид ќе добие нов лик, најави  министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа – Милевска. Наскоро со поддршка на Министерството за култура и со донација од турската агенција за поддршка на културното наследство „Тика“ целосно ќе се обнови и ентериерот во Куќата на Робевци, во кој ќе биде претставена и реконципирана поставка, посветена на животот на ова старо охридско семејство, рече Канческа – Милевска. Министерката рече дека Охрид како бедем...

Continue reading

svr

Кривична пријава за албанскиот граѓанин кој ја ограби „Св.Богородица Пречиста“

Post Views: 4 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ полициската станица од Кичево поднесе пријава против А.Д.(38) од градот Дибер, Република Албанија. Него одредена му е мерка притвор во траење од 48 часа и спроведен во казнено-поправната установа во Тетово. Пријавениот на 11-ти овој месец од манастирот „Св.Богородица Пречиста“ во близина на Кичево извршил тешка кражба и однел односно против-правно присвоил три сребрени крста кои датираат од 1800 година, еден манастирски печат и едно резбано сребрено кофчеже со мошти од „Св. Параскева“-предмети...

Continue reading

govrlevo

Изложба на икони од македонски цркви во Холандија

Post Views: 6 Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре во музејот “Катаријнеконвент“ во Утрехт, Холандија, ќе ја отвори големата изложба “Ненадмината убавина – икони од Македонија“ на која ќе биде претставен дел од македонското културно наследство. На изложбата, која претставува најголемо презентирање на богатото македонско културно наследство надвор од Македонија, ќе бидат претставени експонати од најзначајните збирки на икони од Македонија, од Музеј на Македонија и Завод за заштита на спомениците на културата. Исто така, изложбата ќе биде збогатена со археолошки...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top