Ознака: наследство

куд Дримкол

Азербеџанците се запознаа со Македонија преку песна и оро

Post Views: 8 Азербеџанците  се запознаа со Македонија преку песна и оро. Од 9 до 11 ноември во главниот град на Азербеџан,  Баку и во градот  културната ризница  Агсу, се одржуваа „Деновите на Mакедонското културно наследство“. Централно место на манифестацијата е настапот на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ од Вевчани. Играорците со целовечерна програма презентираа традиционални песни и ора, носии и обичаи на Р.Македонија. Во рамките на оваа манифестација проф. д-р Рубин Земон, претседател на научниот совет на Институтот за социо-културна антропологија на Македонија одржа...

Continue reading

Dejan Panoski

Пановски на коференција на УНЕСКО во Софија

Post Views: 6 Во Софија Бугарија, од 3-6 ноември 2014 г. се одржува Регионална конфернеција на УНЕСКО со тема – Заштита на природното наследство : Менаџирање со ризици од катастрофи и планирање на одржлив туризам. На конференцијата учествуваат преставници на државите кои имаат УНЕСКО заштитени подрачја и тоа Албанија,Бугарија,Босна и Херцеговина ,Хрватска, Кипар, Грција, Молдавија, Романија,Србија, Црна Гора, Словенија, Турција и Македонија. Од македонска страна на конференцијата учествуваат фокал поинтите за културно и природно наследство Зоран Павлов и Дејан Пановски. На конференцијата...

Continue reading

Ohridsko Ezero

Албанската страна од Охридското Езеро конечно под капата на УНЕСКО

Post Views: 1 Албанската страна од Охридското Езеро конечно пред вратите на УНЕСКО. Ова треба да се постигне со реализацијата на проектот за интегрално управување со целокупниот регион на Охридското Езеро со кој треба да се подготви номинацијата на Албанија за статус на заштита на културното и природното наследство, но воедно и рекапитулација на листата на природни и културни вредности од македонска страна. Воедно во рамките на проектот ќе се изготвува и стратегија за развој на туризмот во регионот, односно т.н софт туризам насочен кон максимално искористување на културните и природни...

Continue reading

crkva

Грдата слика кај болничките цркви ќе чека есен

Post Views: 6 До редакцијата на Телевизија ТВМ пристигнуваат реакции од граѓани од стар град во врска со разурнатиот ѕид на црквата Св. Богородица Болничка. Состојбата на тој потег ја нагрдува сликата која најубавиот дел од Охрид ја остава кај туристите. Состојбата е непроменета речиси две години. Според она што го слушнавме од мештаните тие не навлегуваат во плановите кои МПЦ ги има за тој потег, но сметаат дека додека се реши проблемот со дозволата за понатамошни активности на локацијата барем да се санира ѕидот. Ова лето нема ништо да се превзема за враќање на ѕидот во првобитната...

Continue reading

Плаошник

ОО СДСМ: Бараме одговорност за бетонските градби на Плаошник

Post Views: 5 Извештаите на Унеско ги  потврдиле стравувањата на СДСМ за несоодветните градби на Плаошник.  Алармот кој го упатуваше ОО на СДСМ  дека бројот на градбите и нивната големина  го загрозуваат културното, природното и историското наследство на Плаошник, не допре до надлежните институции на локално и државно ниво. Поразително е што странци требаше да укажат  на сериозноста на проблемот со бетонските градби се атак на културното и историското наследство,  рече на денешната прес конференција претседателот на општинската СДСМ, Томислав Тунтев. Ние како советничка група  реагиравме...

Continue reading

mnistri kultura

Министрите за култура од земјите од ЈИЕ ја јакнат културата во функција на развојот

Post Views: 1 Министрите за култура земјите од Југоисточна Европа  ќе градат заеднички платформи за јакнење на културата во функција на развојот. На првиот состанок на Советот на министри за култура од овие земји на кој домаќин е токму нашиот град, тие ја добија и поддршката на УНЕСКО. Генералниот директор на оваа институција, Ирина Бокова, истакна дека учеството и значењето на Република Македонија во зајакнување и одржување на меѓународната соработка во областа на културата е навистина значајна. „Имаме солидна основа на соработка, само да споменам дека Македонија е членка на извршниот...

Continue reading

papa

Папа Бенедикт 16-ти: Македонија e богатa со духовно и културно наследство

Post Views: 0 Македонија и Македонците имаат богато историско, духовно и културно наследство што можат да и` го понудат и пренесат на Европа. Соработката, пак, меѓу различните религии и внатрешната кохезија можат да ја направат земјата пример за другите региони. Ова го истакнал папата Бенедикт 16. на средба во Ватикан со македонскиот амбасадор при Светата столица Ѓоко Ѓорѓиевски. Како што пренесува Католичката новинска агенција – ЦНА, папата искажал голема почит за културното и духовното наследство на Македонија и надеж оти ќе продолжи со зацрвстувањето на културната и духовната сила.Поглаварот...

Continue reading

Аквадукт во Скопје ќе биде прогласен за културно наследство од особено значење

Post Views: 1 Врз основа на позитивното мислење на Националниот совет за културно наследство, на предлог на Министерството за култура, Владата донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење во поткатегорија – исклучително значење. Со донесувањето на оваа одлуката се обезбедува трајна заштита на скопскиот Аквадуктот кој е изграден во VI век, а бил целосно реконструиран кон крајот на XV век.

Continue reading

sdsm

Тунтев откри дел од темите за идните пресови на СДСМ

Post Views: 8   Како што кажа Тунтев прес ќе одржеле следнава недела за ветените а нереализирани проекти односно она што било ветено во програма ВМРО- ДПМНЕ за Локалните избори затоа што не добиле отчет од градоначалникот што било срботено во 2013 година. Тунтев како тема го посочи и односот на ДПМНЕ кон културата во градот потенцирајќи дека охридскиот народен театар не одржал претстава 6 месеци. Еден од следните пресови СДСМ ќе го закаже на локлитетот Плаошник за како што кажа Тунтев јавноста да види дека бетонските чудовишта биле повисоки од црквата. „Каде е извештајот УНЕСКО,...

Continue reading

mozaik

Институтот за социо-културна антропологија ќе става научен печат на христијанскиот празник Водици

Post Views: 11 Научната и светата јавност од регионот, Европа, но и светот, за Водици доаѓа во Охрид. Причина е втората по ред меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам на која учество и свој придонес ќе дадат околу шеесетина научници од областа на културното наследство. „Ќе ги согледуваме најновите истражувања и резултати од областа на затштитата на културното наследство и валоризација на сето тоа во туристички цели и нормално тука може да помогнат медиумите заради подобра афирмација, презентација и истражување. Јасно е дека и Македонија, и регионот единствено...

Continue reading

Дигитализација на културното наследство

Post Views: 1 Културното наследство веќе не се истражува само теренски, туку сè повеќе се применуваат нови технологии за истражувања и документирање, како и за презентирање на археолошките локалитети и откритијата, со што тие и се достапни на пошироката јавност. Професионалците во земјава преку вебинар, организиран од Националниот комитет на ИКОМОС, споделија искуства за дигитални техники кои ги користат во работата. Зборуваа за фотограметрија (IBM – Image-based-modeling) која се користи за изработка на едукативни алатки за презентација и интерпретација на археолошкото наследство...

Continue reading

mozaik

Македонија богата со мозаично културно наследство, сиромашна со конзерватори

Post Views: 1 Балканот, Македонија, а особено нашиот Охрид располагаат со огромно мозаично културно наследство кое мора да биде сочувано. Конзервацијата и реставрацијата на мозаици е специфична уметност која бара сериозен пристап како не би се изгубило ова огромно наследство. За жал сеуште е мал бројот на конзерватори и реставратори кои би работеле на заштита и враќање на стариот сјај на овие мозаици, но малата бројка на конзерватори според академскиот сликар и конзерватор, Никола Упевче не е проблем со кој се соочува само нашата земја, туку и  целиот регион. Овој проблем, Упевче...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top