Не се само дивоградбите, Унеско има сериозни забелешки и за културното наследство

Не се само дивоградбите, Унеско има забелешки и за културното наследство, несоодветна реставрација и поставување на антени, клими и соларни уреди на староградските куќи во заштитената зона. Се поизвесно е дека Охридскиот регион ќе се најде на листата светско кулрурно и природно наследство во опасност.

 |   | 

Унеско има забелешки и за културното наследство. Потполно е изменет ликот на старото градско јадро во Охрид. Една од забелешките е несоодветна реставрација на староградските куќи. Недостатоци се нотирани во реконструкцијата на крововите на куќите кои наместо со ќерамиди и стара техника покриени се со современи материјали.

Друга забелешка е поставување на антени, клими, соларни системи, кои што ќе мора да бидат отстранети.

„Повеќе имаме проблеми со некои надградби, доградби, дивоградби и недозволени елементи кои се додаваат најчесто на староградските куќи. Сето тоа е недозволено и ќе мора да ги остранат понатаму“, вели Мише Тутуткоски директор на Завод и музеј Охрид.

Девастацијата на културното наследство, несоодветната грижа за верските објекти, базиликите и заштитените споменици е исто така една од забелешките на Унеско.

„Црквите, џамиите, религиозното наследство е во релативно добра состојба на нив се работело и последните децении се правеле конзервации, реставрации итн“, додава Тутуткоски.

Акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид и Струга, не е доволна заложба на власта, велат експертите, се поизвесно е дека во јули Охрид ќе се најде на листата Светско културно и природно наследство во опасност.

Новинар : Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top