Во охридската чаршија привршуваат нелегалните градби

Во охридската чаршија привршуваат нелегалните градби.

 |  Валентина Неловска  | 
slika
slika

Привршуваат градежните зафати на двете локации во охридската чаршија за кои ТВМ објави дека нелегално се градат. Пред две недели директорката на Завод и Музеј за ТВМ потврди дека кај Алипашината џамија бесправно се гради. Денеска пак потврди дека и зафатите на другата локација, во дуќан во склоп на Амамот се нелегални.  Паскали Бунташеска потенцира дека од страна на Завод и Музеј било направено се што е во нивна надлежност, односно  ја известиле  Управата за заштита на културното наследство која пак ја известила државната градежна инспекција. Денес, на прашањето зошто не се стопирани дивоградбите, директорката на Завод и музеј,   се огради од надлежност.

slika

Одговор побаравме и од Државниот градежен инспекторат. Се обидовме да ја конатактираме директорката на инспекторатот Марина Накева Кавракова дали инспектори од Скопје направиле увид на двете локации по дојава од Управата за заштита на културно наследство.

До затварањето на дневникот не добивме одговор со образложение дека директорката е презафатена. ТВМ во многу наврати има пишувано за тоа како функционира спроведувањето на терен на одредбите од Законот за Охрид.

 

 

slikaСпоред овој закон Државниот градежен инспекторат  е надлежен за надзор и контрола на градење во рамки на старото градско јадро опфатено со овој закон. Без одговор се досегашните напори на ТВМ да дознае колку често инспекторите од Скопје доаѓаат на увид во Охрид и по колку пријави досега постапиле. Но, затоа пак и од Државниот градежен инспекторат, и од Завод и Музеј и локалната самоуправа тврдат дека имаат одлична  меѓусебна соработка. ТВМ и понатаму ќе настојува да добие одговор дали инспекторатот постапил по двата актуелни бесправни градби во чаршијата која на очиглед на јавноста го менува својот лик, кој од друга страна пак е заштитена со закон.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top