Ознака: наградите

najdobar promotor na Makedonija

Најдобар промотор на Македонија за 2011

Post Views: 10 Избрани лауреатите за наградата “Најдобар промотор на Македонија” за 2011 година. Според резултатите од гласањето на Фејсбук и гласовите на членовите на жирито, четирите награди за “Најдобар промотор на Македонија” за 2011 година појдоа во рацете на: Симон Трпчески  во категоријата уметност и наука, охриѓанецот Љупчо Јузмески во категоријата туризам, извоз и претприемништво, Македонска кошаркарска репрезентација во категоријата дипломатија од добра волја и Александар Богатинов, кој освои најголем број на гласови од јавното гласање. Оваа година жирито додели и три еднакви...

Continue reading

Adam Sandler

Десет „Златни малини“ за Адам Сендлер

Post Views: 3 Комичарот Адам Снедлер и неговиот филм „Џек и Џил“, ги урнаа сите рекорди на доделувањето на наградите „Златни малини“, за најлоши филмски остварувања во 2011 година. Сендлер со неговиот филм освои „награди“ во дури десет категории, вклучувајќи ги и оние за најлош актер и најлош филм. Фондацијата „Златна малина“ објави дека комедијата во која Сендлер, ги доби наградите за најлоша машка и женска улога, како и за најлош филм, режија и сценарио, ги соборил сите рекорди во 32-годишното постоење на оваа манифестација. „Победниците“ на манифестацијата ги одредува жири составено...

Continue reading

Grammy 2012

Триумф на Адел на Греми

Post Views: 4 Синоќа во Лос Анџелес се одржа 54-тото по ред свечено доделување на „Греми“ наградите, со кои им се оддава признание на најдобрите во музичката индустрија. Вечерта беше исполнета со многу музика, но и со сеќавања на големата музичка дива Витни Хјустон, која почина два дена пред настанот.Адел беше најголем победник на вечерта и си замина дома со вкупно шест златни грамофони. 23-годишната Британка го изедначи рекордот на Бијонсе за најмногу освоени награди од женски изведувач. Гласовитата Адел ги освои наградите за Албум на годината (за албумот „21“), Музички запис на...

Continue reading

pehar

За Охридското црно и бело вино две втори места за квалитет во Неготино

Post Views: 3 Охридското црно мерлот барик 2011 и белото шардоне барик 2012 добија две втори места на  натпревар за вино во Неготино. Двeте сорти вино на индивидуалниот винaр Будимир  Соколовиќ  се вбројаа меѓу најквалитетните вина  во конкуренција од 25 индивидуални винари и 7 винарии од Неготино и регионот. Вината ги испратив како индивидуален винар, но наградите ги добив во класата на винарии заради високиот квалитет на вината, вели Соколовиќ. Додава дека наградите потајно го посакувал и дека се резултат на квалитетните сорти грозје од охридскиот регион и неговата 4 годишна  посветеност...

Continue reading

Giger

Доделени наградите за најубаво украсен новогодишен двор во Охрид

Post Views: 1 Славка Маркулеска и нејзиниот син Михаил се добитници на првата награда за најубаво украсен новогодишен двор. Втората награда им припадна на Иванка и Бруно Гигер, а третата награда  ја доби Аце Ѓурчиноски. Маркулеска кажа дека новогодишните креации се резулатат на креативноста на целото семејство, а поголемиот дел од реквизитите ги изработила сама од природни материјали.   „Вметнавме поголемо осветлување , ставивме и едно буре кое ќе симболизира новогодишно прославување,“, кажа Маркулеска.   Семејството Гигер, Иванка и Бруно, се добитницци на втората награда и на декорирањето...

Continue reading

Bijonce

Бијонсе носела лажен труднички стомак

Post Views: 2 За време на доделувањето на MTV наградите, пејачката сакајќи што подраматично да ја објави веста дека е бремена, носела лажен стомак. Бијонсе е навистина бремена, но бидејќи нејзиниот стомак не бил толку голем одлучила да стави вештачки, за да остави поголем впечаток при објавата на среќната вест, пишува MediaTakeOut. „Бијонсе е навистина трудна, но само осум недели и стомакот не и е толку голем како што можеше да се види на доделувањето ан наградите на MTV. Користеше лажен стомак“, откриваат извори блиски до пејачката. Популарната пејачка и нејзиниот сопруг го очекуваат...

Continue reading

Триумф на Франсинс Мекдорманд и „Земја на номади“ на годинешното доделување на наградите Оскар

Post Views: 0 „Земја на номади“ е прогласен за најдобар филм, додека неговата sвезда Франсис Мекдорманд победи во категоријата главна актерка на синоќешната церемонија на доделување „Оскари“, во ноќта на неколку премиери и враќање на холивудскиот гламур по долгото затишје. На големо изненадување на познавачите на седмата уметност, Британецот Ентони Хопкинс го освои трофејот најдобар актер за улогата во филмот „Татко“ каде глуми човек кој се бори со деменција. Како што коментираат светски медиуми, оваа награда се очекуваше да му припадне на покојниот Чадвик Боузман, кој беше посмртно...

Continue reading

ukrasuvanje

Доделени наградите за најубав двор или тераса

Post Views: 1 Денес општина Охрид на трите семејства кои учествуваа на конкурсот за „Најубаво украсен новогодишен двор или тераса“ им ги додели наградите. Добитници се Иванка Гигер прва награда, Ристо Димоски втора и Фанија Станкоска трета награда. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, истакна дека оваа активност на Локалната како дел од програмата за одбележување на Нова Година, побудила голем интерес кај охриѓани. Додаде дека тоа е доказ оти сите сограѓани сакаат Охрид за време на празниците да биде запаметен како прекрасно украсен град. „Јас ќе ја искористам приликата...

Continue reading

Pirin fest

Нечоски освои втора награда на „Пирин Фолк“ во Бугарија

Post Views: 15  Голем успех на тандемот  Нечоски,  Павловски и  Арнаудова на интернационалниот фестивал„Пирин Фолк“, во Сандански, Бугарија. Петар Нечоски, познатиот македонски фолк-пејач ја освои втората награда  на овој фестивал, но и наградата за интерпретација, за песната  „Кој пат да го фатам“.Текстот  го напиша Вера Арнаудова, музиката е на Диме Павловски, а аражманот на Славко Ристески. „Јас прв пат пеам на овој фестивал и искрено сум многу изненаден од организацијата од пристапот и од тоа како ги вреднуваат како личности интерпретаторите, авторите, текстопиците. Бевме сместени...

Continue reading

crtezi-deca-bogojavlenie

Доделени наградите за ликовниот конкурс на Богојавление

Post Views: 0 Традиционално од минатата година на иницијатива на здружението Богојавление, во соработка со општина Охрид и основните училишта на територијата на општина Охрид се спроведува ликовен конкурс на тема „Богојавление“. Овој конкурс има за цел да ги збогати настаните во деновите за манифестацијата Богојавление, но и да ги мотивира младите од основните училишта да творат.  Од минатата година објавувањето на резултатите и врачувањето на наградите е одлучено да биде на Велики Четврток.За наградените зборуваше уметникот Славко Упевче. „Како и минатата година така и оваа доделуваме...

Continue reading

akademija

Кој ќе го добие најголемото општинско признание- Св. Климентовата награда?

Post Views: 5 Градоначалникот Александар Петрески и годинава ќе го избира добитникот на Св. Климентовата награда. Петрески ќе пресече кој ќе биде носител на наградата од пристигнатите  номинации. Оваа пракса се воведе минатата година со цел да се растеретат од притисокот и да здивнат 5-те членови на Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на наградите и признанија,  бидејќи изминатите години доделувањето на наградите го тресеа скандалозни случувања. За да се избегнат ваквите несакани ситуации советниците тежината на изборот ја префрлија на еден човек- Градоначалникот,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top