Доделени наградите за најубаво украсен новогодишен двор во Охрид

Доделени  наградите за најубаво украсен новогодишен двор во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
Giger
Giger

Славка Маркулеска и нејзиниот син Михаил се добитници на првата награда за најубаво украсен новогодишен двор. Втората награда им припадна на Иванка и Бруно Гигер, а третата награда  ја доби Аце Ѓурчиноски. Маркулеска кажа дека новогодишните креации се резулатат на креативноста на целото семејство, а поголемиот дел од реквизитите ги изработила сама од природни материјали.  

„Вметнавме поголемо осветлување , ставивме и едно буре кое ќе симболизира новогодишно прославување,“, кажа Маркулеска.  

декорСемејството Гигер, Иванка и Бруно, се добитницци на втората награда и на декорирањето работеле 12 дена. Тие учествуваат  по втор пат на конкурсот за најдобро декориран новогодишен двор. Минатата година ја добија првата  награда, а   Иванка е задоволна и со годинешното второ место.

„ Најважно е да се биде помеѓу наградените, а за мене тоа  е најголемо задовоство. Комисијата има тешка задача и  не може секоја година на исти учесници да го додели  првото место тоа е најнорамално, кажа Гигер.

Комисијата при ЛС имала тешка задача при изборот за најубаво украсен новогодишен  двор, рече   претседателот Томе Џамтоски. За разлика од минатата година бројот на пријавените е помал, напоменува Џамтоски.

гигерНешто помал број годинава иамше пријавени иако имаше многу украсени дворови. Како Комисија имавме чувство дека има повеќе украсени дворови од лани , а помалку пријавени. Немаме коментар зошто е тоа така, но најубава работа  е што има  повеќе украсени дворови  и новогодишна атмосфера и во нашите домови “, напомена Џамтоски.    

Секратарот на општина Димитар  Спасески им се заблагодари  на добитниците на наградите за нивниот  придонес за празничниот амбиент и туристите  да понесат убави импресии од посетата на Охрид.

„ Ова е една од акциите која  ја спроведуваме. Во пресрет на празниците и украсувањето  си дава белег на градот. Ние како ЛС во рамките на нашите можности  укарсивем соосдветно јавните површини но немаше да изледа  убаво да ја немавме поддршката од гараѓните“, напомена секретарот Спасески.

Наградите  кои ги добија сопствениците на најдобро украсените дворови се симболични. За прво место ЛС доделува  6000 денари, за второ 4000 денари и трето место донесува 2000 денари.  
    

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top