Нечоски освои втора награда на „Пирин Фолк“ во Бугарија

Тимот кој победува не се менува.

 |  Маленкова Татјана  | 
Pirin fest
Пирин Фест

 Голем успех на тандемот  Нечоски,  Павловски и  Арнаудова на интернационалниот фестивал„Пирин Фолк“, во Сандански, Бугарија. Петар Нечоски, познатиот македонски фолк-пејач ја освои втората награда  на овој фестивал, но и наградата за интерпретација, за песната  „Кој пат да го фатам“.Текстот  го напиша Вера Арнаудова, музиката е на Диме Павловски, а аражманот на Славко Ристески.

„Јас прв пат пеам на овој фестивал и искрено сум многу изненаден од организацијата од пристапот и од тоа Petar Necoski како ги вреднуваат како личности интерпретаторите, авторите, текстопиците. Бевме сместени во прекрасен хотел, добивавме дневници, храна, патни трошоци и тврдам дека кај нас последниве години таков фестивал не постои. Од 50 тина песни, само 16 отиоа вечерта на национлниот канал на Бугарија во директен пренос. Се пееше во живо на матрица. Замислите колку е селективноста голема“, истакна Петар Нечоски.

Нечоски признава дека жирито било составено од прави еминентни, музички имиња во Бугарија. Тој кажа дека гласовите на жири комисијата биле испраќани и до други центри во Софија  и Благоевград од каде имало повратни информации за песните и интерепретаторите.
Авторот на музиката  открива дека музиката била специјално пишувана за фестивалот во Бугарија.

„За Петар Нечески нема што да се каже. Има некоја ѕвезда. Со публиката контактира преку песната. Многу сум задоволен, прв пат одиме на овој фестивал. Се надевема дека ќе одиме и на други фестивали. Пофални зборови добивме од организаторот многу убава песна многу убав текст. Продолжуваме и понатака да одиме“, вели Димитар Павловски.

И Нечоски и Павловски се задоволни со наградите кои ги освоија на фестивалот. Тие додаваат дека второто место е могу голем успех со оглед на тоа што првото место го освои младата позната интерпретаорка од Бугарија – Цонева .
Наградите освоени во Сандански не само што ќе ја збогатат колекцијата на Нечоски, тие му се и виза за настап на фестивалите во  Варна и во Украина.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top