Триумф на Адел на Греми

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 54-тото по ред свечено доделување на „Греми“ наградите, со кои им се оддава признание на најдобрите во музичката индустрија. Вечерта беше исполнета со многу музика, но и со сеќавања на големата музичка дива Витни Хјустон, која почина два дена пред настанот.

 |   | 
Grammy 2012
Grammy 2012 Adele

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 54-тото по ред свечено доделување на „Греми“ наградите, со кои им се оддава признание на најдобрите во музичката индустрија. Вечерта беше исполнета со многу музика, но и со сеќавања на големата музичка дива Витни Хјустон, која почина два дена пред настанот.
Grammy 2012
Адел беше најголем победник на вечерта и си замина дома со вкупно шест златни грамофони. 23-годишната Британка го изедначи рекордот на Бијонсе за најмногу освоени награди од женски изведувач. Гласовитата Адел ги освои наградите за Албум на годината (за албумот „21“), Музички запис на годината (за „Rolling in the Deep“), Песна на годината (за „Rolling in the Deep“), Најдобра поп соло изведба (за „Someone Like You“), Најдобар поп албум (за албумот „21“) и Најдобро музичко видео (Best Short Form Music Video за „Rolling In The Deep“).
Пресреќната Адел на сцената ѝ се заблагодари на својата мајка и на обожавателите кои придонесоа 2011 година да биде годината која ѝ го променила животот.
Grammy 2012 best dressed
Зад доминантната Адел по бројот на освоени златни грамофони се најдоа Foo Fighters. Американскиот бенд прими пет награди, меѓу кои и наградите за Најдобар рок албум (за албумот „Wasting Light“), Најдобра рок песна (за „Walk“) и Најдобра рок изведба (за „Walk“).

Кание Вест доби четири награди, меѓу кои и наградата во категоријата Најдобар албум (за „My Beautiful Dark Twisted Fantasy“). Скрилекс доби три, а Тејлор Свифт и Си Ло Грин добија по две награди.
Grammy 2012 Bruno Mars

Постхумно на Ејми Вајнхаус ѝ беше доделена награда за Најдобра изведба на поп дуо/група за нејзиниот дует „Body and Soul“ со Тони Бенет. Наградата на сцената ја примија нејзините родители.
Свечената манифестација беше на некој начин посветена на Витни Хјустон и освен многу мили зборови и молитви, нејзе ѝ беше посветена и емотивната изведба на мега хитот „I Will Always Love You“ од Џенифер Хадсон.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top