Ознака: можат

Нема повеќе “Додека смртта не не раздели”

Post Views: 1 Пратениците во Мексико нудат можност на новите млади брачни парови да не се обврзуваат на заклетвата “Додека смртта не не раздели”, туку да можат да добијат дозвола за потпишување на договор со кој можат да бидат две години брак, известува Ројтерс. Левичарите во Владата предложиле реформата на граѓанското право, што би им овозможило на паровите сами да одлучат колку долго би биле во брак.Ние предлагаме паровите кои сакаат да се венчаат да можат да потпишат договор на две години, и во случај бракот да не функционира, да можат лесно без големи судски разврски да го прекинат,...

Continue reading

cuba cars

Граѓаните на Куба ќе можат да си купат автомобил?!

Post Views: 0 Куба најпосле ја легализираше продажбата на автомобили за обичните граѓани. Одлуката и официјално е објавена во службените гласила. Ова е уште еден важен чекор во економската трансформација на комунистичката држава, а за ваква одлука јавноста се залагаше веќе неколку децении.Владата на Куба уште во април ја објави промената, но продажбата на автомобили не можеше да почне бидејќи новиот закон не беше стапен во сила. Според одлуката, данокот за автомобили ќе биде 4%, а купувачите ќе мора да докажат дека парите за купувањето ги стекнале на легален пат. Исто така има и...

Continue reading

Паника поради „смртоносен телефонски повик“

Post Views: 2 Секој што го гледал филмот „Круг“, добро знае што значи „смртоносен телефонски повик“, откако лицето ќе одговори на таков повик, ќе умре по три дена. Верувале или не, како што пренесува Хафингтон Пост, низ Нигерија се проширила паника поради можноста од такви повици, па меѓу жителите на оваа земја кружат СМС пораки во кои луѓето се предупредуваат дека ќе умрат ако одговорат на телефонски повик од бројот 09141. Вакви пораки кои шират паника не се реткост во Нигерија, па така пред извесно време се ширеа гласини за бомбашки напади, но и за кисели дождови од сезонските...

Continue reading

prostitutki

Проститутките во Германија добија „сексометри“

Post Views: 0 Проститутките во германскиот град Бон во иднина ќе мораат со себе да носат билети купени од машините кои личат на апаратите за паркирање или ќе се соочат со казни на даночните служби. „Продавачките на љубов“ во Германија мораат да плаќаат данок на приход, а сумата варира од покраина до покраина. – Првиот „сексометар“, на кои проститутките можат да купат билети за една ноќ по цена од шест евра, ќе обезбеди правилна примена на даночниот систем, изјави портпарол на градската управа. – Почитувањето на правилата ќе го надгледуваат инспектори, не секоја ноќ, но...

Continue reading

Иднината на фудбалот на коцка

Post Views: 4 Манчестер Сити е казнет од УЕФА со 60 милиони евра поради трошење над своите можности. Следната сезона за Лигата на шампиони ќе може да пријави 21 фудбалер наместо 25. Веројатно слична казна ќе добие и ПСЖ. Со финансискиот фер-плеј УЕФА почна во 2011 година, а пред крајот на оваа сезона најдетално истражуваат дваесетина клубови. Арсен Венгер одамна предупредуваше и на случајот за концесија на стадионот Етихад, каде се верува дека сумата е преплатена. “Се поставува правото прашање за веродостојноста на финансискиот фер-плеј. Ситуацијата околу Сити ни праќа порака дека...

Continue reading

Berlinski zid

Ѕидот

Post Views: 5 Утрото на 13 август 1961 година граѓаните на источен  Берлин беа спречени да влегуваат во западниот дел на градот поради градењето на ѕидот, кој во текот на годините прерасна во 155 метарско здание. Берлинскиот ѕид беше изграден во 1961. година од комунистичкиот режим на Источна Германија за да се оддели Западен Берлин, кој беше под контрола на западните сојузници, од источниот дел на градот и од остатокот од Источна Германија, која беше под силно влијание на СССР. Ѕидот стана највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса. Ѕидот ги разделуваше Источна...

Continue reading

20.629 граѓани од дијаспората ќе можат да гласаат

Post Views: 0 Државната изборна комисија утврди дека по завршувањето на рокот за поднесување на пријави за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, односно конзуларните канцеларии, од вкупно поднесени 21.029 пријави, 20.629 граѓани ги исполнија законските услови и нивните пријави беа прифатени. Со оглед дека за гласање во Токио, Њу Делхи, Атина, Астана, Каиро, Киев, Талин, Тел Авив и Солун се пријавиле по помалку од 10 граѓани, во овие девет дипломатско-конзуларни претставништва гласањето нема да се спроведе. На предвремените парламентарни...

Continue reading

razvod

Референдум за легализација на разводите во Малта

Post Views: 7 Граѓаните на Малта, каде што разводите се забранети, на референдум денеска треба да одлучат дали да се прифати разводот.Сега жителите на Малта може да се разведат само во друга земја или ако еден од брачните партнери не е државјанин на Малта и поднесе барање за развод, пренесе Би-би-си. Католичката црква и владејачката националистичка партија се против легализирањето на разводите. Нацрт-законот во Малта предвидува брачните двојки да можат да се разведуваат, откако четири години живееле разделени и ако сите членови на семејството се обезбедени. {loadposition content9}

Continue reading

СВР Охрид и ДПИ: Угостителските објекти не можат да организираат музички настани на отворен и затворен простор

Post Views: 0 Со цел доследно спроведување на хигиенско-безбедносните протоколи за работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана во Охрид и поголема заштита од вирусот Ковид 19, денеска СВР Охрид одржа работен состанок со претставници на угостителските објекти и надлежниот пазарен инспекторат. На угостителските работници им била нагласена неопходната примена и строго придржување до сите одредби на владата и комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со цел спречување на внесување и ширење на заразниот вирус, придржување до работното време и до другите...

Continue reading

mcdonalds

Мекдоналдс во еден ден ќе вработи 50.000 луѓе

Post Views: 7 Американскиот ланец на ресторани за брза храна “Мекдоналдс“ објавил дека на 19 април ќе отвори конкурс преку кој во еден ден ќе можат да се вработат 50.000 луѓе. Конкурсот ќе важи за  14 илјади “Мекдоналдс“ ресторани во кои ќе се отворат 50.000 нови работни места, за полно или скратено работно време, објавила компанијата. “Мекдоналдс“ вработува 1,7 милиони лица во 117 земји а во своето соопштение потсетува дека поголемиот број на денешните сопственици и управители на рестораните, своите приказни ги започнале токму со таква работа. {loadposition content9}

Continue reading

ОХРИДСКИТЕ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ МОЖАТ ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ НА ПЛАТФОРМАТА „ДОМА СИ Е ДОМА“

Post Views: 1 Издавањето на ваучери за домашен туризам е мерка која беше најавена во третиот пакет економски мерки на  Владата на Република Северна Македонија, за поттикнување на домашната економија и поддршка на туристичко-угостителскиот сектор. Граѓаните ваучерите од 6.000 денари за домашен туризам ќе можат да ги користат од 15 јули до 15 декември 2020 година На платформата Domasiedoma.gov.mk до 5-ти јули ќе бидат објавени сите даватели на туристички услуги кои се пријавиле да бидат дел од програмата. Општина Охрид ги информира сите регистрирани даватели на туристички услуги кои...

Continue reading

fudbaleri

Фудбалската „Академија Пандев 10 Јуниор“ врши упис на нови членови

Post Views: 9 Фудбалската „Академија Пандев 10 Јуниор“ врши упис на нови членови, на возраст од 6  до 12 години. Убава можност најмладите да ги направат првите чекори во фудбалот. Од „Академија Пандев 10 Јуниор“ информираат дека тренинзите се изведуваат на СРЦ „Биљанини извори“ во термионот, вторник и четврток во 09:30 и 15:30. Сите заинтересирани повеќе информации можат да добијат на телефонскиот број 075/249 041. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top