Нема повеќе “Додека смртта не не раздели”

Пратениците во Мексико нудат можност на новите млади брачни парови да не се обврзуваат на заклетвата “Додека смртта не не раздели”, туку да можат да добијат дозвола за потпишување на договор со кој…

 |   | 

brakПратениците во Мексико нудат можност на новите млади брачни парови да не се обврзуваат на заклетвата “Додека смртта не не раздели”, туку да можат да добијат дозвола за потпишување на договор со кој можат да бидат две години брак, известува Ројтерс. Левичарите во Владата предложиле реформата на граѓанското право, што би им овозможило на паровите сами да одлучат колку долго би биле во брак.
Ние предлагаме паровите кои сакаат да се венчаат да можат да потпишат договор на две години, и во случај бракот да не функционира, да можат лесно без големи судски разврски да го прекинат, изјавил Леонел Луна, еден од ко-авторите на законот. Тој се надева дека реформата до денот на гласање кој е на крајот на годината ќе добие доволна поддршка.
Во Мексико, околу половина од браковите завршуваат со развод, а тоа се случува обично во првите две години. На ваквиот предлог оштро се спротиставила црквата, тврдејќи дека реформата е апсурдна, и потикнува на неодговорно и неморално однесување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top