Паника поради „смртоносен телефонски повик“

Во Нигерија кружат СМС пораки кои предупредуваат дека секој што ќе одговори на повик од одреден телефонски број ќе умре.

 |   | 

telephoneСекој што го гледал филмот „Круг“, добро знае што значи „смртоносен телефонски повик“, откако лицето ќе одговори на таков повик, ќе умре по три дена.

Верувале или не, како што пренесува Хафингтон Пост, низ Нигерија се проширила паника поради можноста од такви повици, па меѓу жителите на оваа земја кружат СМС пораки во кои луѓето се предупредуваат дека ќе умрат ако одговорат на телефонски повик од бројот 09141. Вакви пораки кои шират паника не се реткост во Нигерија, па така пред извесно време се ширеа гласини за бомбашки напади, но и за кисели дождови од сезонските бури кои можат да ги „запалат луѓето“.

Со оглед на слабото образование на населението, многумина веруваат во овие пораки, а паниката поврзана со „смртоносниот повик“ толку е раширена што реагирала дури и владата, односно владината агенција за комуникација која издала соопштение во кое се наведува дека е незамисливо дека некој може да умре од телефонски повик и велат дека во тоа можат да поверуваат само наивни луѓе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top