• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • СВР Охрид и ДПИ: Угостителските објекти не можат да организираат музички настани на отворен и затворен простор

СВР Охрид и ДПИ: Угостителските објекти не можат да организираат музички настани на отворен и затворен простор


Началникот на пазарната инспекција, Цветко Ристески, и  претставниците  на СВР Охрид им укажале на охридските угостители не можат да организираат музички настани на отворен и затворен простор и дека е задолжително менаџирање со редарски служби на влегувањето на гостите. На денешната работна средба биле разгледани протоколите и толкувани одредени ситуации со кои угостителите се среќавале во досегашното спроведување.

 |   | 


Со цел доследно спроведување на хигиенско-безбедносните протоколи за работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана во Охрид и поголема заштита од вирусот Ковид 19, денеска СВР Охрид одржа работен состанок со претставници на угостителските објекти и надлежниот пазарен инспекторат. На угостителските работници им била нагласена неопходната примена и строго придржување до сите одредби на владата и комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со цел спречување на внесување и ширење на заразниот вирус, придржување до работното време и до другите одредби од Законот за угостителска дејност.

Началникот на пазарната инспекција, Цветко Ристески, и  претставниците  на СВР Охрид, уште еднаш на угостителите им ја посочиле важноста од доследно спроведување на протоколите кои подразбираат  поставување на соодветни средства за дезинфекција на секоја маса, задолжителното растојание до 2 метра помеѓу масите,  задолжително носење заштитни маски и зачестена хигиена на рацете за вработените во објектите, почитување на ограничувањата за дозволен број на гости,   послужување само на оние гости кои може да седат или преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, забрана за послужување на гости на шанк и стоечки маси.

На состанокот беше укажано дека угостителските објекти не можат да организираат музички настани на отворен и затворен простор и дека е задолжително менаџирање со редарски служби на влегувањето на гостите, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Портпаролот потенцира дека Угостителите, свесни за опасностите  и за потребата од зголемена заштита од Ковид 19,  кажале дека протоколот за работа не е комплициран, во врска со одредени  конкретни ситуации со гостите од досегашното спроведување на безбедносните протоколи, побараа толкување со цел, елиминирање на недоразбирањата со нив но и со надлежните институции кои вршат контроли.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top