Ознака: можат

ujp

Истекува рокот за поднесување на годишната даночна пријава

Post Views: 7 Поднесувањето на годишната даночна пријава и натаму задава главоболки и на вработените во УЈП и на самите граѓани. Најголемиот број на граѓани сеуште се неинформирани за оваа обврска и начинот на нејзино исполнување. За оваа цел, УЈП подготви информативни материјали кои бесплатно можат да се преземат од официјалната страна на Управата, од каде што може да се преземе и образецот за годишната даночна пријава или пак истиот да се побара на шалтерите во Управата. „Секој граѓанин кој што остварил приходи во земјата или во странство за 2010 година, должен е да ги пријави...

Continue reading

Недостиг на спортски објекти во Охрид

Post Views: 0 И оној мал број на деца кои го сакаат спортот, немаат каде да уживаат во него. Игралиштето кое се наоѓа зад ОУ Григор Прличев иако е едно од малкуте во градов, тоне во заборав. Спортот во нашиов град е ставен на маргините на опстојувањето. Во време кога нашата младина најголем дел од своето време го минува пред компјутер, ние се соочуваме со недостиг на спортски објекти. Дури и оние деца кои го сакаат спортот, поради тој недостиг, не можат да уживаат во него. Игралиштето кое се наоѓа зад ОУ Григор Прличев иако е едно од малкуте во градов, тоне во заборав. Од моментот...

Continue reading

Отворени шахти на „Железничка“

Post Views: 14 Отворени шахти, опасност за жителите на ул.Железничка, но и за сите учесници во сообраќајот. Месното население се жали дека  двете шахти стојат отворени повеќе од еден месец. Никој не го променува заштитниот капак, кој е скршен и пропаднат во шахтата. Изреволтираните граѓани велат дека реагирале до надлежните на локално и државно ниво, но досега никој не нашол за сходно овој проблем да го реши. Оваа сообраќајница е доста транзитна, по неа поминуваат и тешки товарни возила. Доколку, некој се обиде да претекнува друго возило последиците можат да бидат фатални вели Борис...

Continue reading

Aleksandar Radic

Нема спонзори за книгите на Леко Радиќ

Post Views: 5 Нашиот пливачки тренер Александар Радиќ-Леко е зачуден од незаинтересираноста на локалните моќници. Никој досега не му пристапил да му помогне во издавањето на книгите. Во ситуација кога македонското, а посебно охридското пливање се наоѓа во најлоша можна состојба, се поставува прашањето зошто никој досега не се заинтересирал за издавањето на овие книги. Александар Радиќ-Леко има издадено две книги. Првата од нив ја издал со сопствени средства за која платил 3000 евра, а за втората добил тужба поради неможност да ги подмири долговите спрема издавачите. Тој има веќе...

Continue reading

Nova Godina

Новогодишните тезги слабо посетени од граѓаните

Post Views: 4 Тезгаџиите не се задоволни од продажбата. На тезгите се забележува асортиман кој останал непродаден со години наназад. Дел од целата новогодишна атмосфера се и неизбежните тезги со новогодишен асортиман. Тезгаџиите кои продаваат таму крајно незадоволни. Се жалат на остварениот промет, велат дека продажбата е пониска од било кога. Оваа година се забележуваат повторно истите честитки, украси, сијалички. Продавачите не можат да остварат промет ни колку за да направат обрт на стоката. Се помалку граѓани застануваат на тезгите, а камоли да купат нешто. „Луѓето застануваат...

Continue reading

nacrt plan

Пештанци пред нацрт верзијата на урбанистичкиот план

Post Views: 11 Пештани, конечно после 30 години е на пат да стане  урбанизирана туристичка населба. Нацрт верзијата на Урбанистичкиот план е ставена на увид на неговите жители. Со планот е предвидено проширување на населбата со околу 700 нови градби. Пештанци на јавната дебата се интерсираа за инфраструктурата и за градбите од лична природа, но  се произнесоа и за објектите од заеднички интерес. Побараа хотел Десарет да ги врати 14-те метри узурпиран простор покрај езерскиот брег сопственост на РМ како  слободна патека за пешачење кон авто кампот Градиште. Силни реакции од пештанци...

Continue reading

Olgica Apostolova

Утврдување и решавање на проблемите на охриѓанки

Post Views: 1 Лоцирање на проблемите кои ги мачат охриѓани, а кои можат да се решат само со заедничко делување е приоритет на денешните учесници на конференцијата  „Креирање на локални политики за унапредување на положбата на жената“. Жените од Кочани, Штип, Гостивар, Кичево   и останатите градови во земјава покрај невеработеноста како заеднички проблем имаат и специфични кои им задаваат сериозни главоболки, вели Елена Грозданова, советник за родова еднаквост во Министерството за труд и социјална политика. Досега тие во соработка со НВО Антико имале средби со повеќе општински Комисии...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top