Ознака: минатата

avtobuski prevoz

Наскоро градски превоз за охриѓани

Post Views: 3 Охриѓани повторно добиваат градски превоз. Локалната самоуправа вакво нешто најави уште минатата година, кога всушност беше извршено и бележење на автобуските постојки на неколку локации низ градот. Иако се работи за релативно мал град, граѓаните во минатото често реагираа и бараа градски линиски превоз, особено постарата популација која живее подалеку од централното градско подрачје. Се чини наскоро и нивната, и желбата на сите граѓани, ќе биде остварена. „Постапката веќе е завршена комплетно. Имаме двајца оператори кои ќе работат, кои ќе возат. Едниот е Галеб, а другата...

Continue reading

isplata steti zemjotres Debrca

Започна исплатата на штетите од земјотресот во Дебрца

Post Views: 3 Семејствата од Дебрца чии имоти беа оштетени  во земјотресот кој се случи во месец јуни минатата година, конечно ќе добијат надомест за претрпената штата. По неколкуте увиди на епицентралното подрачје кои ги направи вице премирот Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и комисијата за проценка на штата при локалната самоуправа, до владата беа испратени 453 барања за финансиска помош. Од нив 6 биле одбиени, поради нецелосна документација. Дознавеме дека комисијата за проценка на штети по увидот констатира оштетување на имотите на луѓето...

Continue reading

zeleznicka

Се распаѓаат жардињерите на Железничка

Post Views: 2 Попуштаат жардињерите на „Железничка“. Кај некои од нив дури се гледа и металната конструкција. Ова е уште еден во низата проблеми кои ја следат оваа сообраќајница од нејзиното проширување па до денес. Главниот изведувач, „Алпина“ од Австрија, пред година дена ги направи жардињерите вдолж улица „Железничка“, но очигледно не издржаа долго, за кратко време истите се распаѓаат. Жителите  се обиделе уште минатата година кога истите се поставувале, тоа да му го укажат на главниот изведувач, но попусто.  Тие додаваат дека денес излегува на виделина лошо изведената работа...

Continue reading

икра

Охридската пастрмка се враќа во природните мрестилишта

Post Views: 6 Почна ловот на на охридската пастрмка за вештачки  мрест. Добра вест е што пастрмката се повеќе ја има и се враќа во природните мрестилишта.  Од 21 јануари па до денес се собрани  600.000 зрна икра. Од хидробилошкиот институт се задоволни од досегашниот тек на ловот на источниот дел од езерото. Поголема количина на риба е уловена и на  струшкиот дел од езерото во споредба со минатата година,  информира Зоран Спиркоски раководител на одделението за аква култура. Спиркоски додава дека собраните количини се резултат на физичката заштита на рибниот фонд од страна на концесионерот.„...

Continue reading

katastar

Катастарот во Охрид не е најпроблематичен во Македонија

Post Views: 0   Охридскиот катастар отворен за граѓаните. Од денес па до в четврток тимови од Скопје ќе имаат блиски средби со граѓаните кои имаат потреба од услугите на ова одделение. Оваа пракса се спроведува веќе 6 години, а целта е од прва рака да се види и слушне што ги мачи Охриѓани. Доколку има грешки во работата на катастарот истите да се исправат или пак граѓаните да се упатат во другите институции кои се надлежни за нивниот проблем. Минатата година при контролата која беше направена во ова одделение беа затекнати околу 400 нерешени предмети ставени во фиока. Годинава состојбата...

Continue reading

Milanka Noveska

Се нижат успесите на Миланка Новеска

Post Views: 1 Желбата на Миланка Новеска по се изгледа за скоро време ќе стане и реалност. „Секако дека сакам еден ден да станам видна оперска пејачка да направам голема кариера. Тоа е мојот сон, да пеам во голема оперска куќа“, вели Миланка. Дека желбата навистина ќе и се оствари зборуваат и последните освоени награди. Таа ја овои првата награда во камерно пеење дуети заедно со Мила Јаневска и Милош Спасиќ на пијано, и втора награда во дует со Јаворќе Витанова во пијано придружба на Силјан Пановски, сите уценици во ДМБУЦ „Илија Николоски – Луј“, под менторство на профедор Александра...

Continue reading

opstina

Локалната без греење

Post Views: 0 Познато е дека Локалната самоуправа и подрачните единици на министерствата користат иста зграда. Според општинскиот гласноговорник Симон Илиевски во однос со обезбедување на нафтени деривати за време на грејната сезона постоел меѓусебен договор меѓу Локалната и државните подрачни единици, за тоа со која динамика треба да се финансира обезбредувањето со нафта, кој колку троши според квадратурата на работната површина со која располагаат. Договорот не бил испочитуван бидејќи министерствата до сега не си ја исполниле својата обврска поради која не само локалците туку и...

Continue reading

lanci oprema

Надлежните се подготвуваат за почетокот на зимската сезона

Post Views: 5 Надлежните служби за одржување на патната мрежа и овозможување на безбедност во сообраќајот, денес го одржаа редовниот состанок за презентирање на предвидените мерки за работа во текот на сезоната 2012/2013. Овој состанок кој го организира Секторот за внатрешни работи од Охрид е во очи зимската сезона која официјално започнува на 15ти Ноември. Една од целите на состанокот е и ажурирање и дефинирање на работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа...

Continue reading

sud

Одложен судскиот претрес против двајцата обвинети за педофилија

Post Views: 10 Одложен повторениот претрес за преметот на педофилија кој се случи минатата година во Охрид. Причина, неизготвеното вештачење од релевантниот институт во Скопје како и поради неприсуство на прво обвинетиот кој се наоѓа на неуропсихијатрискo набљудување. После изречената првостепена пресуда од страна на Основниот суд во Охрид,10 години затвор за кумановчанецот Далибор Јакимовски и 3 год и 6 месеци за струмичанецот Горанчо Ѓорѓиев, на барање на бранителите на обвинетите, предметот беше обжален. Како што ТВМ минатата година информираше, прво овинетиот Далибор се терети...

Continue reading

ох

Ќе се поставуваат мобилни тоалети, а од цврста градба до година

Post Views: 2 Стариот проблем со недостаток на јавни тоалети, градот и оваа сезона  ќе го  решава со поставуавње на мобилни тоалети, како и минатата. Тоалети од цврста градба, можно е да има дури за идната сезона, наговестува Симон Илиески, портапролот на Локалната самоуправа. „Локациите се утврдени, но се наоѓаат на државно земјиште и се дел од програмата која ја имаме  поднесено до Министерството за транспорт и врски. Од таму сеуште нема одговор не само за јавните тоалети туку и за објектите кои влегуваат во поголемите локации  како што се катните гаражи или автобуската станица“,...

Continue reading

aviom Holangani

Холанѓаните пристигнаа

Post Views: 12 Првата група од 120 туристи од Холандија преку аранжманите на тур-операторот „Арке травел – ТУИ“ денеска со чартер лет пристигна во Охрид. Беа пречекани на традиционален начин со погача и сол, но и со шампањ и торта. Гостите воодушевени од дочекот, организиран специјално за нив. „За вашата земја слушнав од мојата девојка. Таа беше овде минатата година и ми пренесе многу позитивни искуства за Охрид – беше воодушевена“, вели едне од гостите. Друг пак открива дека во Македонија очекува да види многу планини, цркви и пријателскиот народ“. Првата група холандски туристи,...

Continue reading

плостад

Одмор или кошмар

Post Views: 0 Годишниот одмор од задоволство може да се претвори во кошмар. На туристите кои доаѓаат да одмараат на охридско-струшката ривиера им се препорачува добро да се грижат за своите лични предмети. Хотелиерите од Охрид и Струга тврдат дека ги превзеле сите мерки за гостите ова лето да имаат што побезбеден одмор. Гоце Тасески од хотелот „Инекс Горица“ вели дека во нивниот хотел поставени се безбедоносни камери како би ги заштитиле гостите од крадците, но потенцира дека и гостите треба да се едуцираат како самите да се зштитат од опасностите кои ги демнат. Според податоците...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top