Катастарот во Охрид не е најпроблематичен во Македонија

Катастарот во Охрид повеќе не е еден од најпроблематичните во Македонија. Бројните нерешени предмети кои беа слика на ова одделение, се сведени на нула. Како една од основните причини кои довеле до подобрување на состојбата во подрачното одделение  е воведувањето на електронскиот катастар.

 |  Јаковлева Лионела  | 
katastar
катастар

 

Охридскиот катастар отворен за граѓаните. Од денес па до в четврток тимови од Скопје ќе имаат блиски средби со граѓаните кои имаат потреба од услугите на ова одделение. Оваа пракса се спроведува веќе 6 години, а целта е од прва рака да се види и слушне што ги мачи Охриѓани. Доколку има грешки во работата на катастарот истите да се исправат или пак граѓаните да се упатат во другите институции кои се надлежни за нивниот проблем. Минатата година при контролата која беше направена во ова одделение беа затекнати околу 400 нерешени предмети ставени во фиока. Годинава состојбата е многу подобра.

По утврдените неправилности минатата година Агенцијата за катастар веднаш реагираше и беше сменет раководителот на подрачното одделение. Се постави нов раководител и годинава можам да го пофалам охридскиот катастар со нула нерешени предмети. Буквално сите кои биле примени на шалтерите навремено се решени, изјави директорот Трпески.slavce trpeski

И граѓаните задоволни од новините и функционирањето на ова одделение за кое порано важеше дека е едно од најнеагилните.

Како една од основните причини кои довеле до подобрување на состојбата во подрачното одделение  е воведувањето на електронскиот катастар. Со негова примена освен што е поедноставена постапката за вадење документи се овозможува и надлежните постојано да го следат работењето на вработените.
 
Од оваа година започнува и дигитализација на катастарските планови. Експертски тимови ќе прават контрола и обука на вработените во охридското одделение за катастар со цел овај процес на дигитализација кој е проект на Светска банка успешно да се спроведе на нашата територија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top