Се распаѓаат жардињерите на Железничка

Се распаѓаат жардињерите на булевар Железничка. Граѓаните реагираат и велат дека истите како да се направени од кал па не помина ни година  а веќе на виделина излегува квалитетот на сработеното.

 |  Николоска Биљана  | 
zeleznicka
железничка

Попуштаат жардињерите на „Железничка“. Кај некои од нив дури се гледа и металната конструкција. Ова е уште еден во низата проблеми кои ја следат оваа сообраќајница од нејзиното проширување па до денес.

Главниот изведувач, „Алпина“ од Австрија, пред година дена ги направи жардињерите вдолж улица „Железничка“, но очигледно не издржаа долго, за кратко време истите се распаѓаат.

Жителите  се обиделе уште минатата година кога истите се поставувале, тоа да му го укажат на главниот изведувач, но попусто.  Тие додаваат дека денес излегува на виделина лошо изведената работа која секојдневно им задава проблеми.

zeleznicka„Јас живеам на Железничка и често поминувам со кола тука и повеќе одрони на жардињери има, и кога поминувам со кола самата песок доаѓа до шофершајбна и укажувам дека е некавалитетно направено.
Ова е слабо цименто редено само да се залепи и не е важно утре нека падни. Сигурно не е квалитетно ако е квалитетно нема да падни, фати мразот и си падна. Се што ќе се прави убо е ама да биде квалитетно а да се стават цвеќиња ќе биде поубаво ама вака ако фати повеќе мраз полошо ќе биде – реагираат граѓаните.

ТВМ дознава дека веќе треба да се почне со поправка на жардињерите на  „Железничка“, за што на тендер избран е изведувач, извесна фирма „Грандебург“, но поради временските услови екипите на фирмата изведувач сеуште ги нема на терен.
Како што е познато од минатата година ул „Железничка“, со нејзината надградба прерасна во булевар со по две коловозни ленти во секој правец. Овој потег е познат и како северна трансферзала долга 2,4 километри и во нејзината надградба беа вложени 193 милиони денари.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top