Ознака: Македонија

welcome

Построг Правилник за категоризација на угостителските објекти и хотелите

Post Views: 0 Министерството за економија подготвува нов построг Правилник за категоризација на угостителските објекти и хотелите. Следнава недела траба да се одржи јавна расправа со туристичките работници за новиот Правилник по што официјално ќе биде усвоен.Со измените на Правилникот, хотелите со една и две ѕвездички треба да имаат најмалку 10 соби, оние со три ѕвездички 15, а хотелите со четири или пет ѕвездички најмалку 20 соби. Во сите хотели треба да има можност да се плаќа со кредитни картички. Хотелите со четири ѕвездички како дополнителна содржина треба да имаат базен, а со...

Continue reading

zname

Српската заедница го слави Свети Сава

Post Views: 0 Српската заедница го слави Свети Сава, еден од најголемите празници во Српскиот православен календар. По тој повод денеска во ресторанот „Белведере“ се одржа свечен ручек на кој присуствуваа членови на српско – македонското друштво „Коштана“ и припадници на српската заедница во Охрид. По повод днешниот празник пред присутните беше презентирана пригодна програма, се читаа песни за Свети Сава, а обраќање имаа и членови на друштвото „Коштана“. На денешната свеченост беше запазена и традицијата, како што се палење на свеќите, но и сечење на традиционалниот светосавски...

Continue reading

princeza Jelisaveta

Принцезата Караѓорѓевиќ ќе ја посети Македонија

Post Views: 1 Принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ, се воодушеви од вкусот на македонските вина и сирењето на нашиот штанд на Саемот за туризам во Белград, па одлучи да ја посети Македонија. Таа на македонскиот штанд на саемот за туризам во Белград се запозна и со историските вредности и севкупните  туристички  потенцијали на Македонија. -Со особено задоволство  ја прифаќам поканата да  бидам почесен гостин на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, во месец мај, оваа година и одблиску да ги доживеам убавините на Македонија, истакна принцезата.

Continue reading

kokain

Запленет боливиски кокаин вреден полoвина милион евра

Post Views: 7 Единицата за борба против недозволена трговија со дрога при Одделот за организиран криминал и Царинската служба на РМ во соработка со полициските служби на СР Германија, а во координација на СЕКИ центарот од Букурешт, вчера по спроведена заедничка операција на контролирана испорака на дрога на релација Санта Круз, Боливија, преку Франкфурт, Германија со крајна дестинација Охрид, Р. Македонија, пресече меѓународен канал на транспорт на кокаин при што се запленети 1,465 килограми. висококвалитетен кокаин, чија малопродажна вредност на пазарот на наркотици би можела да...

Continue reading

vizija

Проектот на социјалдемократскиот сојуз „Визија за Македонија“ претставен пред охриѓани

Post Views: 0 Остварена интерактивна средба на охриѓани со проектот на социјалдемократите „Визија за Македонија“. Александар Кузески портпаролот на ОО СДСМ е задоволен од средбите со охриѓани на првиот ден од спроведување на нивниот проект. „ Одзивот е  добар на граѓаните. Пријатно сме изненадени сите процеси придонесуваат луѓето да дојдат да се охрабрат и да ги запишат своите идеи. Ги повикуваме да се приклучат и да ги дадат своите предлози“, вели Кузески. Бројни се предлозите кои ги даваат охриѓани во насока на подобар живот на граѓаните. Проектот за прибирање на позитивни идеи...

Continue reading

Branko Crvenkovski

Црвенковски во Вевчани ги прокоментира актуелните политички случувања

Post Views: 10 Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски не се сложува со последната изјава на неговиот коалиционен партнер од НСДП, Тито Петковски, кој за унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека го поттикнува национализмот и дека е автократ. Ваквите изјави, според Црвенковски, можат само да ù наштетат на Република Македонија.“Ние не стоиме зад неа. Со оглед на тоа какви се состојбите на демократски план во одделени земји членки на Европската Унија, пред сè тоа е задача на јавноста и политичарите во тие земји”-Бранко Црвенковски – претседател на СДСМ.Коментирајќи ги најавите...

Continue reading

zelencuk

Македонија напролет ќе го храни регионов со ран зеленчук

Post Views: 13 Ширум Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина пластениците се оштетени заради големи количества снег и ниски температури. Оние што ќе имаат најголема корист од ваквата состојба најверојатно ќе бидат одгледувачите од Македонија, смета Б92. Единствена соседна земја, која не е погодена од ниските температури, се вели во веста, е Македонија, така што тамошните производители на ран зеленчук веројатно ќе имаат корист од ваквата состојба, јавува Б92. Кога станува збор, пак, за македонските потрошувачи, ова значи дека раниот зеленчук во земјава ќе биде многу скап...

Continue reading

Stefan

Најубавиот маж на светот е Македонец

Post Views: 2 Македонскиот Мистер Стефан Лошковски се закити со наградата Mister Sea World. Од интернационалниот избор „MISTER SEA WORLD 2012“ кој годинава се одржа во Перу, Стефан се врати дома со две титули. Покрај наградата Мистер на светот, во конкуренција од десетина финалисти од целиот свет тој е избран и за „најубаво лице“. -Имав силна конкуренција затоа што на изборот имаше фини момчиња. Горд сум на оваа титула која и ја посветувам на мојата земја. Сега сигурно знам дека и Перу слушна за Македонија, вели Лошковски. Инаку 20-годишниот Стефан Лошковски од Скопје е ватерполист...

Continue reading

Промовирани торбешката декларација и повелба

Post Views: 8 Торбешите во Македонија бараат институциноално да бидат регулирани нивните права. Денес во организација на Торбешкиот Културно-Научен центар, Румелија какои и Партијата за европски интеграции, ПЕИ, промовирани торбешката декларација и повелба. Генералниот секретар на ПЕИ како и основачот на Румелија, Мехмед Џемајлоски вели дека од оваа партија стојат зад сите активности од Културно-Научниот центар, Румелија. Целта е една, торбешите во Македонија да ги уживаат истите права како останатите етнички заедници во земјава. Претседателот на „Румелија“ Шериф Ајрединоски, вели...

Continue reading

najdobar promotor na Makedonija

Најдобар промотор на Македонија за 2011

Post Views: 10 Избрани лауреатите за наградата “Најдобар промотор на Македонија” за 2011 година. Според резултатите од гласањето на Фејсбук и гласовите на членовите на жирито, четирите награди за “Најдобар промотор на Македонија” за 2011 година појдоа во рацете на: Симон Трпчески  во категоријата уметност и наука, охриѓанецот Љупчо Јузмески во категоријата туризам, извоз и претприемништво, Македонска кошаркарска репрезентација во категоријата дипломатија од добра волја и Александар Богатинов, кој освои најголем број на гласови од јавното гласање. Оваа година жирито додели и три еднакви...

Continue reading

majka i dete

Светски ден на аутизмот

Post Views: 3 Денеска се одбележува Светскиот ден на лицата со аутизам. Кај нас се одржува по вторпат, а централната манифестација ќе се одржи на плоштадот Македонија. Аутизмот практично е серија најразлични пореметувања што влијаат на способноста на одредена личност за социјална интеракција или  формирање пријателства. Многу почесто е дијагностициран кај момчињата, отколку кај девојчињата.Научниците не знаат што е причината за појавата, но и покрај генетските предиспозиции, најново е што акцентот  е ставен на еколошките фактори или на комбинација од двете. Д-р Исак Песах од Универзитетот...

Continue reading

Националните комисии за Унеско на Македонија и Албанија потпишаа изјава за заштита на регионот

Post Views: 6 Националните комисии за Унеско на Македонија и Албанија одржаа работен состанок во Охрид. На работната средба учествуваа Министерките за култура на двете земји, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, воедно и претседателки на Националните Комисии на Унеско. Присутни беа и министрите за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и Бленди Клоси, неговиот Албански колега министер за туризам и животна средина. Министерката Стефоска, е оптимист дека сеуште има надеж за спас на Охридскиот регион за да не се стави на листата на загрозени подрачја под Унеско. Стефоска не...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top