Ознака: локации

toalet

Дали конечно ќе се реши проблемот со немањето јавни тоалети во стариот дел од градот

Post Views: 8 Дали конечно ќе се реши проблемот со немањето јавни тоалети во стариот дел од градот? Од Локалната велат дека сериозно пристапиле кон изнаоѓање решение и веќе се работи на терен. Ќе се обновуваат некогашните јавни тоалети кај црквата Свети Богородица Перивлепта и кај Долни сарај. Секторот за комунални дејности, сообраќај и патишта ќе започне со градежни работи уште наредниов месец. Кај Перивлепта по се изгледа тоалетите ќе се градат одново бидејќи се стари и уништени, а кај Долни Сарај ќе се обновуваат. Сметаме дека овие локации се најпосетувани од туристите па затоа...

Continue reading

gubre

Охриѓани бараат да им се вратат контејнерите на старите локации

Post Views: 2 Незадоволството на граѓаните поради неодамнешната дислокација на контејнерите, не стивнува. Од  акцијата на ЈП „Комуналец“ за отстранување на контејнерите по барање на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште поминаа два месеци, но охриѓани никако да се навикнат на новините. Тие бараат да се вратат овие садови за отпад на старите локации со објаснување дека повеќето од нив сега се поставени на места кои не им се така блиску, па мораат десетина и повеќе минути да шетаат наоколу со ѓубрето в раце. Од Комуналец свесни се за револтот на граѓаните, но велат...

Continue reading

Астрономска цена за квадратен метар за бутик

Post Views: 4 Цената по која ќе го продаде бутикот, италијанскиот индустријалец Carlo De Benedetti, претставува рекорден износ за еден објект кој ќе биде под брендот Chanel. Имено, француската модна куќа Chanel ќе плати 140 милиони евра за бутик на авенијата Монтењ во Париз. Фамилијата Wertheimer, во чиј посед е компанијата Chanel, ќе го превземе овој бутик под свој бренд, со површина од 600 метри квадратни, по рекордна цена од 230.000 евра по квадрат, пишува францускиот Figaro. Авенијата Монтењ претставува една од најдобрите локации за продажба на луксузна роба, така да, како што...

Continue reading

Инвазија на случувањата на Земјата

Post Views: 2 Резолуцијата на Google Maps и  Bing Maps апликациите се зголемува. Американската влада ги укина рестрикциите по тоа прашање, а во иднина пребарувањата по тие сервиси ќе откриваат многу повеќе детали. Досега компаниите не смееа да користат фотографии кои прикажуваат предмети и објекти помали од 50 цм, но Digital Globe, компанијата која се занимава со производство на сателитски снимки, истакнува дека може да продава снимки кои прикажуваат детали и помали од 31 цм, пренесува BBC. Секако, таква инвазија на случувањата на Земјата од вселената веројатно ќе подигне голема прашина...

Continue reading

toaleti

Продолжува приказната со изградба на јавни тоалети од цврста градба

Post Views: 0   Пред стартот на туристичката сезона, како некое непишано правило, се актуелизира проблемот со јавни тоалети. Тоалетите не дека се потребни само во лето, но  тоа е период кога градот како туристички центар е посетуван од  бројни домашни и странски гости. На изглед банален, но сериозен  проблем, кој се провлекува со години наназад. Приказната со изградба на тоалети од цврста градба секоја година е позната и почнува со ветување дека на проблемот се работи. Ставот на новата Локална самоуправа е со истата реторика, архиетктите  работат на негово решавање. „ Во моментов...

Continue reading

baraceski ulici

Продолжува асфалтирањето на улиците во Охрид

Post Views: 7 Продолжуваат интензивните активности за асфалтирање на главните сообраќајници во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески изјави дека работат со полн капацитет и не застануваат додека не го исполнат зацртаниот план за реконструкција на улиците. Додава дека работите на терен откриле и дополнителни проблеми. „Токму денес се наоѓаме пред една од тие локации а тоа е дел од ул Јане Сандански во која што предвидуваме да асфалтираме околу 2000 квадрати, тоа е прва фаза од реконструкцијата на оваа улица. Во иднина ќе се реконструираат и асфалтират улиците, Сирма Војвода околу...

Continue reading

maketa

Започна првата летна архитектонска школa

Post Views: 0 Триесеттина студенти по архитектура и дизајн, во наредниве седум дена ќе учествуваат на првата „Летна Школа за архитектура и дизајн Охрид 2013“. Студентите ќе имаат задача да го осмислуваат визуелниот идентитет на три локации од нашиов град. Викторија Ермеева  декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Американскиот колеџ од Скопје, објасни дека сите архитектонски, дизајнерски и визуелни интервенции во просторот,  ќе бидат презентирани на самиот крај од школата. Изготвените решенија ќе и бидат понудени на локалната самоуправа, како почетни идеи за реализација на...

Continue reading

info

Туристички инфо центар потребен само во центарот на Охрид

Post Views: 14 Туристичкиот информативен центар  поставен на северниот влез од градот на патниот потег Охрид – Струга  ќе се дислоцира. Од Тлер најавуваат дека ќе го преместат во централното градско подрачје. Фрекфенцијата на туристите е најголема во ценатрот на градот  и се одлучивме за негово  преместување, кажува Ѓоко Апостолоски, раководител на Тлер. Во тек е законска  постапка за издавање на нова локација за негово поставување. „Увидовме дека неговата функција беше скоро никаква. Ретко кој гостин застануваше за да се информира. Градот не е голем за да има инфо центри на влезот....

Continue reading

opstina ohrid

Успешно заврши јавното наддавање за поставување урбана опрема

Post Views: 0 Jавното наддавање за поставување на урбана опрема кое се спроведе вчера помина во најдобар ред, велат од Локалната. Од пристигнатите 172 понуди разгледани биле 166. 5 не учествувале во наддавањето, а една воопшто не била земена во предвид бидеќи не била комплетна. Од предвидените 25 локации за поставување фрижидери за сладолед издадени се сите. Фрижидери ќе има на Сараиште, на градскиот плоштад а најголемиот дел ќе бидат поставени по кејот. Од предвидените 8 локации за продажба на уметнички слики исто така издадени се сите. Издадени се и сите 6 локации за продажба на...

Continue reading

zelen ostrov

Пресс контењерите ја потврдија својата оправданост

Post Views: 1 Повеќе од оправдан проектот на ЈП Охридски Комуналец со кој на ул. Богомилска и во нас. Христо Узунов беа поставени пресс контењери. Ова решение допринесе во голема мера да се реши проблемот со депонијата која се правеше на овие две локации, поради комплексот згради. Граѓаните не сакаат да зборуваат пред камера, но откриваат дека се задоволни од она што се постигнало со пресс контењерите. Додаваат дека се додека не се  направиле овие еколошки острови на овој потег не се ни минувало поради премногу смет, и непријатната миризаба која се ширела.    „Со поставувањето на...

Continue reading

plakati

Изборите се веќе зад нас-партиите имаат седум дена да расчистат зад себе

Post Views: 12 Помина и првиот и вториот круг од локалните избори 2013 година. Како и секоја година, политичките партии, од локалната самоуправа добија неколку локации низ градов на кој може бесплатно да ги рекламираат своите кандидати. Но сега откако изборите се веќе зад нас, партиите треба да си ја исполнат и својата законска обврска. Плакатите и пропагандниот материјал кој тие го поставуваа кај хотелот Силекс, кај полигонот за мали спортови и кај охридската гимназија, сега треба да се отстрани. Според Изборниот законик, организаторот на изборната кампања е должен во рок од 30...

Continue reading

izborni plakati

На кои локации бесплатно ќе се лепат изборни плакати?

Post Views: 3 Локалната самоуправа ги одреди локациите на кои политичките партии односно кандидатите за градоначалници и членови на советот ќе можат бесплатно да се рекламираат. Одредувањето на овие локации е обврска на секоја локална самоуправа согласно Изборниот законик. Општина Охрид за оваа намена ги определи истите локации кои за оваа намена се употребуваа и во минатите изборни циклуси. Станува збор за три локации, и тоа просторот пред гимназијата „Свети Климент Охридски“, бетонските огради кај полигонот за мали спортови, како и лимените огради кои што се поставени околу хотелот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top