Ознака: локации

Plaoshnik

Културното наследство треба не само да се чува, туку и да се менаџира

Post Views: 7 Не е доволно само да се поседува културното и природното наследство. За негово вистинско зачувување, мора да се има стратегија за развој и управување со истото. Ова е една од препораките кои произлегоа од обуката за  планови за управување со културното наследство. Обуката е дел од СУСТКУЛТ проектот за  достигнувње на одржливост преку интегриран пристап на управување со културното наследство. „Ова е план кој не служи само за заштита, туку и за развој на местото, за иднината на ова место. Тоа е исто така план кој мора да објасни какви бенефиции градовите и населението...

Continue reading

pres vmro

И од ОК на ВМРО – ДПМНЕ, за јавни тоалети

Post Views: 2 Општина Охрид има пари, но нема воља за изградба на јавни градски санитарии или тоалети. Денес на оваа тема се огласија од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Овој проблем  години наназад се провлекува, а надлежните никако да го решат, истакна Горан Патчев, претседателот на Комисијата за урбанизам. Патчев вели дека во неколку наврати било укажувано на службите во Локалната самоуправа за големата потреба од изградба на јавни санитарни јазли, пред се поради големата фрекфенција на гости не само за сезоната туку и воопшто. „На инсистирање на туристичките водичи во градов кои се соочуваат...

Continue reading

urbana oprema

Програмата за урбана опрема сега пред советниците

Post Views: 2 Првиот човек на заводот за заштита на спомениците на културата Тања Паскали Бунташеска вели дека програмата е добра и дека заводот нема забебелешки по однос на истата.      „По она што е нацртано сметаме дека е во ред и дека се е вклопено според законот на Охрид. Го нема панаѓурот специфицен за минатите години. Се што е планирано е нормално и изводливо доколку се спроведе како што е зацртано нема да има никаков проблем“, вели директорот на завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска. Според програмата Фрижидери за сладолед е предвидено да се постават строго по приобалниот...

Continue reading

kruzen tok

Хортикултурното разубавување на Охрид

Post Views: 12 Охрид ќе биде хортикултурно разубавен за Велигденските празници. Финишираат зафатите кои ги преземаат од Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, со кои се средуваат кружните сообраќајни токови низ градот. Со околу стотина садници на цветно декоративни грмушки и зимзелени дрвца, се прави обид овие локации да оставаат добар впечаток , како хортикултурно уредено катче, вели Љаткоски Трајан од Работна единица „Паркови и зеленило. „Овде сега овој потег е извршено хортикултурно уредување со саден материјал од Расадникот кој сами го произведуваме и за овој период се одлучивме...

Continue reading

angelovski zoran

Четири хотели ќе никнат во НП Галичица

Post Views: 0 Идејата и проектот е на Министерството за транспорт и врски. Од таму уште во 2010 год од НП Галичица побарале информација за одредување на локации на кои би можеле да се изградат сместувачките капацитети. Изборот кој го предложиле од паркот се локации во населени места, поточно не во строго заштитената зона, населбата Коњско на преспанска страна, во селото Коњско на Охридска страна, на Корита. „ Согласно планот за управување и проектниот план кој е изработен во НП вакви активности се дозволени единствени во зоната за одржливо искористување. Оваа зона ги опфаќа населените...

Continue reading

NP Galicica

Министерството за транспорт и врски бара локации за сместувачки капацитети во НП „Галичица“

Post Views: 2 Министерството за транспорт и врски преку допис од Локалната самоуправа бара предлог локации за изградба на нови сместувачки капацитети во рамките на НП Галичица. Во дописот уште стои и барањето Локалната да наведе и податоци за предметното земјиште и дали за истотот е изработена урбанистичка планска документација или пак постои постапка за изработка и дали постои изградена планска инфраструктура. „ Дописот е за изградба на мали хотели на сместувачки капацитети во рамките на НП Галичица се до Охридското крајбрежје. Најверојатно се работи за такви парцели што можат да...

Continue reading

toaleti

Охрид и понатаму без локации за „зорт“

Post Views: 0 Охриѓани и туристите со години ги мачи еден наизглед банален проблем, немање јавни тоалети во чаршијата, крај брегот и во стариот дел од градот. Ова е проблем на кој подолго време не може да му се стави крај, кога станува збор за елементарните хигиенски  потреби на посетителите на нашиот град. За волја на вистината ова лето општината направи обид проблемот да го санира привремено со 24 мобилни тоалети поставени на 6 локации кои по сезонаатсе повлекоа од употреба. Но, јавни тоалети се потребни и вон сезона и тоа со посовремена санитарна опременост. Најави и добра воља...

Continue reading

ezero

Никако да научиме

Post Views: 1 Проблем пред кој не смееме да замижиме. Вознемирувачки фотографии од  дното на езерото кои зборуваат за нови, големи количества цврст отпад на неколку локации на дното на езерото. Милутин Секулоски од Н.Ц „Амфора“ открива дека последните нивни нуркања зборуваат за нови мини депонии на езерското дно и тоа на локации чије загадување би можело да ја загрози егистенцијата на ендемските видови. „Би спомнал дека на местото каде се мрести Охридската пастрмка, најчистиод дел, веќе кон крајот на август се фрлени десет вреќи со градежен материјал и секојдневно гледаме дека на...

Continue reading

Petreski

Локаната ги исполна условите за стопанисување со градежното државно земјиште

Post Views: 6 Се исполнува сонот на општините. По пет години преговарање со владата конечно го добиваат градежното земјиште на териториите на општините. Градоначникот на Охрид Александар Петрески категоричен дека општините многу подобро може да менеџираат со досегашното државно земјиште отколку државата. „Законот со кој општините може да стопанисуваат земјиштето на својата територија стапи на сила од 01.06, но тоа незначи дека од 1 јуни автоматски можевме да го превземеме земјиштето“, вели градоначалникот Петрески. „ Ние влеговме во тој процес и од пет шест главни услови кои требаше...

Continue reading

zemjishte

„Непопуларни мерки“

Post Views: 5 „Непопуларна мерка на државата е да се продава атрактивно земјиште само едно евро по метар квадратен“, вели Александар Петрески, Градоначалникот на Охрид. Станува збор за  јавно наддавање за отуѓување на градежно неизградено државно земјиште, односно двете локации на стотина метри од езерото, наменети за изградба на хотелски комплекси на компанијата “Фибула аир Травел“. Охридскиот Градоначалник утре на средба во Министерството за транспорт и врски. „Убава е желбата на Владата да се привлечат колку е можно повеќе инвеститори, но мора да се внимава кое земјиште ќе се...

Continue reading

toaleti

Поставени подвижни јавни тоалети

Post Views: 38 На шест локации во градот се поставени 24 јавни мобилни тоалети. Граѓаните и туристите ќе може да ги користат на локациите кај Горна Порта, во центарот на градот , во близина на мостот, кај  спортско рекреативниот центар Билјанини извори. После долго време секторот за урбанизам најде соодветни места на кои постави јавни тоалети и со тоа реши еден сериозен комунален проблем. Долго време Охрид беше град без јавни тоалети, а тоа секако  не доликува на еден туристички центар. Тоалетите иако се од привремен карактер сепак ќе го решат донекаде овој комунален недостаток....

Continue reading

Sasho tockov

Водите од Охридското езеро од I класа

Post Views: 3 Водата во Охридското езеро, со одличен квалитет. Над 95 % од испитаните примероци се од прва класа, велат од Центарот за Јавно Здравје од Охрид. Бромологот Сашо Точко, истакна дека само за месец мај се извршени физичко-хемиски и микробиолошки анализи на над 30 примероци, земени од локации од комплексот Св. Наум до селото Радожда. Единствено на три локации, испитувањата покажуваат вода од втора класа. И тоа кај сливот на Грашница, кај селото Калишта и кај кампот Ливадишта. Точков ја објасни причината за вака високиот квалитет на водата од езерото во овој период од годината. Од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top