Поставени подвижни јавни тоалети

На шест локации во градот се поставени 24 јавни мобилни тоалети. Граѓаните и туристите ќе може да ги користат на локациите кај Горна Порта, во центарот на градот , во близина на мостот, кај  спортско рекреативниот центар Билјанини извори.

 |  Валентина Нелоска  | 
toaleti
тоалети

toaletiНа шест локации во градот се поставени 24 јавни мобилни тоалети. Граѓаните и туристите ќе може да ги користат на локациите кај Горна Порта, во центарот на градот , во близина на мостот, кај  спортско рекреативниот центар Билјанини извори. После долго време секторот за урбанизам најде соодветни места на кои постави јавни тоалети и со тоа реши еден сериозен комунален проблем. Долго време Охрид беше град без јавни тоалети, а тоа секако  не доликува на еден туристички центар. Тоалетите иако се од привремен карактер сепак ќе го решат донекаде овој комунален недостаток. Раководителот  на  одделнието

за комунален развој, Емин Селман апелира до граѓаните за нивно совесно користење и неуништивање.

Граѓаните, тоалетите ќе ги  користат бесплатно. За одржување на нивната хигиена ќе бидат задолжени јавните претпријатија Комуналец и Ниско градба два пати неделно. Тоалетите се од времен карактер, а ќе бидат оставени на користење до 31 август.

За поставување и одржување на 24-те  јавни тоалети Локалната самоуправа има издвоено буџет од околу 5 илјади евра. Наделжните апелираат за крајно совесно користење и неуништување на тоалетите. Ветуваат дека по преземањето на градежното земјиште, кое досега било пречка за трајно да се реши овој проблем,  од есен конечно ќе го решат со изградба на фиксни тоалети. Планираат изградба на современи тоалети на повеќе локации во градот.

Од Фондот за комунален развој сеуште не знаат дали тоалетите  ќе се градат со јавно приватно партнерство или пак со нив ќе стопанисува некое од Јавните претпријатија. По добивањето на градежното земјиште  помеѓу повеќето локации кои се споменуваат како простори каде што ќе се градат современите тоалети се паркингот кај Горна Порта и во Центар, кај поштата и Домот на култура.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top