Пресс контењерите ја потврдија својата оправданост

И граѓаните, но и раководсвото од ЈП Охридски Комуналец, задоволни од проектот зелени острови.

 |  Маленкова Татјана  | 
zelen ostrov
зелен остров

Повеќе од оправдан проектот на ЈП Охридски Комуналец со кој на ул. Богомилска и во нас. Христо Узунов беа поставени пресс контењери. Ова решение допринесе во голема мера да се реши проблемот со депонијата која се правеше на овие две локации, поради комплексот згради. Граѓаните не сакаат да зборуваат пред камера, но откриваат дека се задоволни од она што се постигнало со пресс контењерите. Додаваат дека се додека не се  направиле овие еколошки острови на овој потег не се ни минувало поради премногу смет, и непријатната миризаба која се ширела.   

„Со поставувањето на тие два контењери ја средивме околината и за око на секој граѓанин изгледа поубаво Elena Skrceska отколку претходно. Задоволни сме тие ја исполнаа целта која беше пред нив поставена. Во секој случај и покрај тоа што се на струја, ние не гледаме толку од економски аспект, колку што гледаме од естетска точка, но и од она што граѓаните околу се задоволни од нашата услуга“, вели в.д директор на ЈП Охридски Комуналец,Елена Скрческа.

Скрческа е категорична дека  и покрај тоа што ЈП во моментов финансиски не е во можност за проширување на проектот, сепак се размислува и се бараат начини барем на уште две локации да се постават вакви контењери.

„Во наредниов период ќе правиме некои анализи колку околу другите стамбени објекти се собира ѓубре. Целта е за да знаеме дали да ставиме олкави или нешто поголеми пресс котењери, затоа што има некои стамбени згради пример во Даљан, каде има доста граѓани кои живеат во лето. Во наредниот период би поставиле таму ваков пресс контењер или евентуално кај поранешен Отекс и тука има стамбен комплекс  и и таму може да поставиме пресс контењери. Прво се испитуваат местата и финсиите затоа што за набавката мораше тендер да се распише и сите си ги бараат парите, немат чекање“, вели Скрческа.

zelen ostrovСо оглед на фактот што сме на прагот на туристичката сезона, повеќе од очигледно е дека во следниве два месеци овој проект нема да се спроведе.
Пресс контењерите во Охрид беа поставени во 2011 год. Овие контењерите се со опфатнина од 4 кубици, но имаат спацијана преса, која го намали отпадот 4 према 4, што значи дека овој прес контењер заменува дури 16 обични.

Принципот на работа на овие контењери поставени на т.н  зелен остров е што отпадот е херметички затворен, и не се чувствува миризба. Се работи за принцип на контењер кој откако ќе се наполни, специјалното возило на комуналец со повратна преса  го празни во возилото на ЈП Охридски Комуналец.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top