Ознака: кои

SVR

Нападната патрола на шумската полиција во Велгошти

Post Views: 3 На 06.11.2010 година во 19,10 часот во СВР-Охрид, А.Т.(1965) од Охрид – вработен во шумска полиција, пријавил дека истиот ден во времето од 14,00 до 19,00 часот, тој и шумскиот полицаец М.П.(1973) од Охрид, вршеле служба на подрачјето на с.Велгошти, кај м.в.„Вишесла“. Околу 19,00 часот откако претходно го паркирале службеното ПМВ “Лада Нива“, попречувајќи го патот со цел да вршат контрола на ПМВ кои доаѓаат од м.в.„Петрино“, дошло ПМВ-Џип со охридски регистерски ознаки, во кое имало 6 НН лица, кои веднаш излегле од возилото викајќи на висок тон и се упатиле кон...

Continue reading

Petreski

Има ли пазарења во Советот?

Post Views: 0 Шпекулациите кои деновиве проструија во јавноста дека се разнишува мнозинството во советот градоначалникот официјално нити ги потврдува нити демантира, иако од изјавата која ја даде за ТВМ може да се заклучи дека сепак постојат пазарења во советот. „Секој може да бара што сака, но се знае што е совет, што е градоначалник. Градоначалникот согласно статутот на Охрид и законските прописи одлучува кој каде ќе биде директор. Советот ќе одлучува кој ќе биде претставник во управните и надзорните одбори. Они кои се одлучуваат да побараат вакво нешто си прават бајрам на умот....

Continue reading

sloboden Ohrid

Започна чествувањето на 66 години слободен Охрид

Post Views: 2 Започнаа активностите со кои се прославува 66 годишнината од слободен Охрид. Свечената седница започна со едноминутно молчење со кое им се оддаде почит на погинатите борци за слободата на Охрид и починатите учесници во Народно Ослободителната Борба. На седницата свое обраќање имаше градоначалникот Александар Петрески, кој истакна дека одбележувањето на ваквите важни датуми од историјата на Охрид не’ обврзуваат ние како генерација да дадеме свој придонес за неговиот натамошен развој. „ Нивниот придонес за денешната слобода го чувствуваме ние, но обврска е тоа да го прават...

Continue reading

Сега за сега нема информативен екран!!!!

Post Views: 5 Од Локалната информираат дека стопирањето на изградбата на овој времен објект е резултат на низа недоследности кои биле воочени во договорот помеѓу локалната и инвеститорот „Медиа инвестмент груп“. Прекинато поставувањето на информативниот екран во близина на градскиот плоштад. Иако изутринава на локацијата пристигнаа компоментите од речиси десетметарската конструкција, која требаше да никне во близина на плоштадот, сепак до нејзинио поставување не дојде. Граѓаните зачудени негодуваа околу поставувањето на овој најнов времен објект и секако изборот на оваа локација. Изведувачот...

Continue reading

Кај охридски средношколци пронајдена марихуана

Post Views: 3 Настанот кој фрли црна дамка врз охридската Гимназија денеска го потвридија и од СВР и од училиштето. Директорот на средното училиште Св. Климент Охридски, Наум Рилкоски кој денеска службено беше во Скопје, во телефонскиот разговор истакна дека вакви постапки на учениците никако нема да бидат толерирани, туку напротив децата ќе бидат санкционирани. Рилковски потврди дека деновиве се разговарало и со родителите и со пет од децата инволвирани во случајот, а за утре била закажана средба со уште едното дете и неговите родители.  Директрот уште кажа дека за случајот ќе се...

Continue reading

Ново раководство, стари маки

Post Views: 7 Директорката на „Билјанини извори“, Гордана Јовановска, вели дека приливот на средства од паркинзите со кои стопанисуваат во моментов е премногу мал за да ги покрие основните трошоци на вработените.   „ Се надеваме дека ќе се направат катни гаражи, кои локаланата одамна ги промовираше и дека со нив ќе стопанисуваме ние. Само така ќе имаме средства не само да опстојуваме, туку и да одиме напред. Ова претспријатие е и за стопанисување со спортски објекти. Дел од тие средства ќе ги насочиме во спортот и во негов развој“, вели Гордана Јованоска – директор на ЈП „Билјанини...

Continue reading

Учениците и наставниците ќе здивнат од екстерното оценувње

Post Views: 5 Учениците протестираа токму против екстерното оценување. Но, од надлежните институции и училиштата официјално никој не ги призна причините. Сепак со оваа одлука на ресороното министертсво здивнаа и учениците и настаниците. Портпаролот на  Министерството за образование Горан Галевски потврдува дека годинава нема да има екстерно оценување. Ќе се избираат пилот училишта во земјава каде што ќе се применува тестирањето. Примената ќе започне од учебната 2011/ 2012 година. Во меѓувреме, училиштата ги формирале Комисиите за оценување, но, за одлагањето не добиле никакво официјално...

Continue reading

Почеток на Дримскиот дијалог

Post Views: 8 „Ова е еден од оние настани кои влеваат надеж за иднината“, со овие зборови Специјалниот претставник на Европската Унија Ерван Фуере ја опиша првата фаза од управувањето со Дримскиот Басен, наречена Дримскиот Дијалог. На консултативниот состанок, Фуере додаде дека станува збор за настан кој на иста маса ги донесе високите претставници на министерствата и регионалните институции од регионов, кои заедно  ќе работат на стратегија за заштита на истиот. Фуере потенцираше дека Европската комисија развива стратегија за мерките за зачувување и зголемување на водните ресурси,...

Continue reading

Пензионери од Пустец го посетија Охрид

Post Views: 0 Она што за нас е малку, за некој е многу. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, се понуди за помош на Пустец во делот на инфраструктурата. Петрески тоа го направи во рамките на посетата на голема група пензионери од Пустец, Р.Албанија, кои денес беа на прошетка низ Охрид. Градоначалникот потенцира дека иако економската криза е надвисната насекаде во државава, малку од малку можат да одвојат средства од буџетот на локалната за подобрување на условите за живот на македонците во Пустец. Градоначалникот на општина Пустец, Едмунд Темелко, рече дека во Охрид се...

Continue reading

Докуметарец за прославата на Водици во Охрид

Post Views: 0 Не очекува премиера на документарниот филм за Водици, за кој како режисер се потпишува охриѓанецот Илија Пиперкоски. Овој млад режисер, кој веќе подолг период живее и твори во Романија, годинава изработи документарен филм посветен на големиот христијански празник, Богојавление – Водици и самиот чин на фрлање на светиот крст во водите на Охридското езеро. Филмот својата премиера ќе ја доживее на 24 декември оваа година во Охрид, 14-ти јануари 2011 во скопје, а после тоа како што вели Пиперкоски, филмот ќе почне да го шета него како режисер низ Европа, со цел оваа наша...

Continue reading

градоначалник

Продолжува препукувањето на релација Градоначалник – О.К. на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 1 Продолжува препукувањето на релација Градоначалник – О.К. на ВМРО-ДПМНЕ. Реториката на прес конференциите не го смени текот, туку остана на исто ниво. Градоначалникот Петрески истакна  „ Јас сум одговорен градоначалник и за разлика од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ секогаш сум подготвен да одговорам на прашањата на граѓаните, но преку глава ми е да одговарам на секојдневните неаргументирани обвинувања од локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Искрено да кажам дека овој притисок со напади врз мене од страна на ОК на  ВМРО-ДПМНЕ е наредба од нивната партиска централа со...

Continue reading

ilecu

Претставен инструментот за борба против сите видови на организиран криминал

Post Views: 8 Отворена Единицата за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот ILECU. Директорот на Бирото за јавна безбедност во Македонското МВР, м-р Љупчо Тодоровски на претставувањето на оваа единица, изјави дека во единицата покрај македонската полиција учествуваат и Јавното обвинителство, Министерството за правда, финансиската полиција и Царината, а станува збор за проект наменет за сите земји од западен Балкан со примарна цел да се воспостават вакви единици во што повеќе земји од регионов и пошироко. „Идејата е сите информации кои што ги добиваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top