Сега за сега нема информативен екран!!!!

Големиот информативен екран сега за сега нема да биде поставен на градскиот плоштад.

 |  Крсте Голабовски  | 

Од Локалната информираат дека стопирањето на изградбата на овој времен објект е резултат на низа недоследности кои биле воочени во договорот помеѓу локалната и инвеститорот „Медиа инвестмент груп“.

Прекинато поставувањето на информативниот екран во близина на градскиот плоштад. Иако изутринава на локацијата пристигнаа компоментите од речиси десетметарската конструкција, која требаше да никне во близина на плоштадот, сепак до нејзинио поставување не дојде. Граѓаните зачудени негодуваа околу поставувањето на овој најнов времен објект и секако изборот на оваа локација.


Изведувачот на градежните работи, Јордан Танески, јавно запраша кој треба сега да ја плати штетата, дали граѓаните или оној кој го потпишал одобрението за поставувањето на овој времен објект. Тој потенцира дека ја поседува целокупната уредна документацијата потребна за поставување на екранот, која вети дека после консултација со инвеститорот ќе ни ја достави. Тој додаде дека димензиите на времениот објект се покрај столбовите со висина од 3 метри, плус 7 метри екранот.

Го побаравме ставот на Локалната, за тоа зошто се стопира поставувањето на овој времен објект. Прво се обративме до Раководителот на Секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој Бранко Арнаудов. Тој преку еден од портпаролите на општината, штуро не информира дека, изградбата е стопирана бидејќи, не станува збор за местото за кое што е издадена дозволата. Незадоволни од одговорот на Арнаудов, за одговор се обративме до првиот човек на градот, градоначалникот Александар Петрески, кој додаде дека  благодарение на прилзите на ТВМ во врска со поставувањето на информативниот екран, воочени се низа непочитувања од страна на инвеститорот.

Петрески појасна дека на средбата со инвеститорот, уочени се три недоследност кои се однесуваат на договорот за поставувањето на овој времен објект. Првата недоследност се однесува на изборот на местото, кое не соодветствува со местото пропишано во договорот, втората недоследност е обликот на објектот, кој според договорот требало да биде поставен на еден столб, а не на два и последната недоследност се димензиите на објектот, кои според договорот треба да изнесуваат 450х310 цм, а не да бидат речиси дупло поголеми. Што се однесува до димензиите, децидна беше и Лилјана Симонска од одделението за јавни набавки при Локалната, која изјави дека дека според огласот распишан за поставување на овој објект, истиот треба да биде со димензии 450х310 цм. Градоначалникот Петрески, кажа дека општината нема да има голем финансиски бенефит од поставувањето на екранот.  Деновиве останува да видиме кој ќе биде епилогот од целава приказна, која ќе биде новата локација и дали воопшто ќе има нова локација. Зошто некој мисли дека граѓаните на Охрид се наивни обудивајќи се преку времен објект пред нос да ни постави објект со огромни димензии.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top