Post Views: 8
„ Поновата детска литература е снабдена преку гранд на USAID и преку мировниот корпус во Македонија.Тој гранд се искористи да се набави литература за деца. Идејата да биде оваа литература за деца е затоа што сакавме да им го претставиме англискиот јазик на децата и иако тие не зборуваат јазикот во оваа литература има толку убави слики да гладаат и приказни да се читаат, а тоа ќе може да го направат и дома“, вели Карен Шон, волонтер мировен корпус во Македонија.
Шон вели дека првично биле заинтересирани да донираат и друга англиска литература за деца, но по согледувањето...
Post Views: 3
Се позачестен е бројот на кражби на ова наше единствено културно наследство, посебно од црквите во руралните средини. Само пред две недели од црквата Свети Атанасиј во Луково струшко, беа украдени 21 икона. Иконите кои се украдени се насликани од синот на Дичо Зограф, Аврам, последен живописец на икони на овие простори. Најстрашното е што ова не представува изолиран случај. Минатата година само за еден месец исчезнаа 42 икони цркви во овој регион. Мети на крадците беа иконите од црквата Св.Никола во Вевчани, отаму исчезнаа 4, од црквата Св.Архангел Михаил во селото Ташмаруништа...
Post Views: 1
Виолета Илиевска 28 години е одделенски наставник во ОУ „Св.Климент Охридски“. За својата професија вели ја остварив мојата детска желба и никогаша не би ја менувала. Љубовта кон просветата им ја пренесував и на моите ученици додава Илиевска. За генерациите ученици кои поминале низ нејзината долгогодишна кариера нагласува дека заедничко за сите ученици е желбата за знаење и успех.Денес ОУ Св.Климент Охридски го одбележа меѓународниот ден на просветните работници. Со песна, игра и рецитација учениците од училиштето ја покажаа почита кон своите сегашни и некогашни...
Post Views: 4
Советничката група на охридскиот совет, ВМРО ДПМНЕ доби уште еден истомисленик. Новоназначениот советник Величе Маркоски кој во советот дојде на местота на Владо Цветкоски, се изјасна дека ќа ја подржува работата на групата на ВМРО ДПМНЕ.„Чест ми е што ќе бидам дел од советот на општина Охрид. Мојата основна цел ќе биде да ги застапувам интересите на сите граѓани без разлика на нивната политичка и верска припадност“, истакна советникот Величе Маркоски.Маркоски и покрај тоа што на изборите беше кандидиран како независен кандидат, признава дека е член на ВМРО ДПМНЕ уште...
Post Views: 7
Започнаа јавните анкети и презентации на петте спорни нацрт детални урбанистички планови. Овие пет Нацрт – ДУП – ви беа донесени на 21-ва седница на Советот на општината. Околу нивното донесување советниците од позицијата и опозицијата имаа дијаметрално спротивставени ставови.
Денес во големата сала на општината на ред дојде јавната анкета и презентација на нацрт – ДУП за УЗ 1, Уб 1.1 опфат1. Имено станува збор за Просторот на планскиот опфат во Нацрт- ДУП кој е ,е во границите на улиците:”Св.Климент Охридски”, “Климентов Универзитет”...
Post Views: 2
Во Охрид владее сообраќаен хаос и во лето и во зима, велат дел од советниците. Тие бараат под итно да се изработи сообраќајна студија за територијата на град Охрид за динамичен и статичен сообраќај. „Ако не ја донесеме предлог одлуката и чекаме изработка на студија ќе треба да чекаме да помине цела година за нешто да направиме, а тоа не ние во интерес“ истакна советникот од ВМРО НП Јоне Станкоски.
Советникот од СДСМ и експерт по сообраќај Томислав Тунтев образложи дека режимот на сообраќај кој го предлага локалната самоуправа во однос на стручните служби е истиот само...
Post Views: 10
Во последните пет години драстично опаѓа бројот на извршените абортуси, ова го покажуваат статистичките податоци за општина Охрид. Д-р. Слободанка Коцевска, од Центарот за Јавно здравство информира дека во 2005 година биле извршени 119 абортуси, а оваа бројка во 2009 година се намалила на 39 насилни прекини на бременост. Сепак, најзагрозена категорија останува женската популација од 20 до 35 години каде што не е регистрирано опаѓање на бројот на извршени абортуси, нагласува д-р Коцевска. „Во 2009 година прекините на бременост кај жените до 20 години се во драстично...
Post Views: 2
Државата ги наградува највредните. По повод светскиот ден на туризмот денеска точно напладне во клубот на пратеници министерството за економија на најдобрите инкаминг туристички агенции, хотели и ресторани во земјава за 2010 год. им додели признанија за својот труд.
Една од агенциите кои ја освоија довербата на министрвото за економија е Патничката агенција „Letstravelbelkans“.Главната филијала на оваа агенција е во Турција, но покрај таму свои претставништва има и во Дубровник, Египет и Македонија, поточно Охрид.
Оперативецот Филип Стефаноски презадоволен што токму...
Post Views: 1
Статистичките податоци од општинскиот комунален инспекторат и официјално го потврдија годинешното потфрлување на туристичката сезона Лето 2010. Оствaрените 290.000 ноќевања во оваа сезона покажуваат намалувања на реализираните ноќевања на постеителите и во хотелите и во приватното сместување. Споредбата на податоците од изминатите две години покажува тенденција на опаѓање на туристичката посетеност на Охрид . Загрижува фактото што во последните три години податоците покажуваат дека Охрид ги губи туристите. Така, во 2008 година посетителите во Охрид реалирале 373.000...
Post Views: 1
Лоцирање на проблемите кои ги мачат охриѓани, а кои можат да се решат само со заедничко делување е приоритет на денешните учесници на конференцијата „Креирање на локални политики за унапредување на положбата на жената“. Жените од Кочани, Штип, Гостивар, Кичево и останатите градови во земјава покрај невеработеноста како заеднички проблем имаат и специфични кои им задаваат сериозни главоболки, вели Елена Грозданова, советник за родова еднаквост во Министерството за труд и социјална политика. Досега тие во соработка со НВО Антико имале средби со повеќе општински Комисии...
Post Views: 0
Се потврдуваат констатациите на граѓаните дека пловните објекти во Охрид се оставени на милост и немилост. Нивното моментално засолниште воопшто не е решение, а последните настани кои се случија потврдуваат дека чамците, глисерите и бродовите се мета на крадци и бездомници.
Ова го потврдува и синоќешниот настан, во кој благодарение на брзата интервенција на против пожарната служба, СВР и итната медицинска помош, спасен е еден човек и спречена е поголема катастрофа.
Имено синоќа околу 21 часот беше опожарен бродот Силекс кој подoлг временски период е укотвен во каналот...
Post Views: 1
Јавната набавка на touch-screen информативните пултови од страна на Локалната, вреди колку влакно од опашката од лавот, со овие зборови Градоначалникот Александар Петрески ја објасни вредноста на оваа инвестиција. Петрески додаде дека оваа јавна набавка претставува само една од мерките со кои локалната ќе се обиде да стави крај на појавата на диви агенции и дивите чекачи. Тој отфрли негова поврзаност или на некој негов близок, било роднинска или бизнис со економските оператори вклучени во тендерската постапка. Истотака вети максимална транспарентност и евалуација на...