Нападната патрола на шумската полиција во Велгошти

На подрачјето на с.Велгошти, кај м.в.„Вишесла“ нападната патрола на шумската полиција.

 |  Валентина Неловска  | 
SVR
СВР

shumska policijaНа 06.11.2010 година во 19,10 часот во СВР-Охрид, А.Т.(1965) од Охрид – вработен во шумска полиција, пријавил дека истиот ден во времето од 14,00 до 19,00 часот, тој и шумскиот полицаец М.П.(1973) од Охрид, вршеле служба на подрачјето на с.Велгошти, кај м.в.„Вишесла“. Околу 19,00 часот откако претходно го паркирале службеното ПМВ “Лада Нива“, попречувајќи го патот со цел да вршат контрола на ПМВ кои доаѓаат од м.в.„Петрино“, дошло ПМВ-Џип со охридски регистерски ознаки, во кое имало 6 НН лица, кои веднаш излегле од возилото викајќи на висок тон и се упатиле кон нив со цел да го истуркаат возилото и да го превртат, упатувајки им навредливи зборови.  Во еден момент, П.Н. извадил пиштол, го репетирал и го вперил кон пријавителот. Останатите лица кои биле со него почнале да викаат П.Н. да го тргне пиштолот, по што истиот се повлекол, пријавителот го тргнал возилото, а лицата влегле во возилото и го напуштиле местото према с.Велгошти. Помеѓу лицата биле забележани: Ѓ.К. и И.А. од с.Велгошти. Истиот ден, во 19,30 часот, шумските полицајци А.Т., М.П., Д.П.(1958), И.С.(1978) и Б.М.(1962), по завршувањето на службените задачи движејки се со службеното ПМВ “Лада Нива“ кон с.Велгошти, во близина црквата „Св.Илија“, забележале дека патот е блокиран од околу 30-35 лица и паркирани 4 ПМВ. Од толпата се издвоил Ѓ.К.,се упатил према возилото од пријавителите и со сила го отвори прозорот и вратата од возилото со намера да го нападне А.Т. кој го управувал возилото. А.Т. го стратувал возилото и се упатил кон блокадата, успевајќи да избега, но притоа удрил во ПМВ “Фиат Пунто“. Во тој момент групата граѓани почнале да фрлаат камења кон нив и нивното возило. Од страна на УПС толпата е спречена. При преземањето мерки во 22,25 часот, НН лице од толпата со ПМВ “Лада Нива“ со охридски таблици, со голема брзина се упатил кон УПС, но истите успеале да се оттрнат од патот. Од дејствијата извршено е оштетување на првонаведеното ПМВ “Лада Нива“ и комбе “Фолксваген“, сопственост на МВР, а со повреди се здобиле: М.П. (набиеница во пределот на градите), А.Т.(во пределот на левата натколеница), Д.П.(набиеница на лево потколено), Б.М.(набиеница на десно колено и лево рамо) и И.С.(повреда на рбетен столб), како и УПС Р.А.(расекотина и контузија на лева потколеница).

СВР-Охрид презема мерки за расчистување на настанот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top