Post Views: 1
Како што информира МВР, синоќа во 01:57 часот по полноќ пријавено било во полиција дека 54-годишниот Ф.И.се наоѓа пред ресторанот во кој имало приватна прослава по повод верскиот празник „Водици“, кој со пиштол правел проблеми.По пријавата полициските екипи излегле на терен при што било утврдено дека пред влезот од ресторанот настанала расправија помеѓу Ф.И. и неколку гости кои не му дозволиле да влезе во ресторанот, го удриле неколку пати по лицето и телото, по што тој си заминал.
По околу 10 минути, еден од гостите кој бил на терасата од ресторанот со уште неколку...
Post Views: 11
За изградба на ски жичара, Петрески, покрај апелот до домашните фактори за реализација на оваа идеја, се повикува и на пријателите на градот, пред се на збратимените градови. Тој потсетува дека поминале повеќе години од зачетокот на оваа идеа ама се останало само на празни зборови. „Можеби ќе поминат и 10 до 15 години, толку долго во јавноста се споменува изградба на ски центар на Галичица, но без ефект. Дојде и Бојан Крижај и други скијачки имиња ама се остана без реализација. Сето тоа може да го направиме со помош на збратимените градови Марибор од Словенија и...
Post Views: 7
Во еден несекојдневен амбиент се одбележа денот на рибарите. Оваа охридска традиција од година во година добива се поголем публицитет. И годинава, организаторите на овој ден добро се потрудија да ги изненадат своите сограѓани и гостите кои престојуваат во градот. Пред некогашната библиотека беше поставен казан во кој се крчкаше 2 тона рибја чорба, приготвена од врвните мајстори на Општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Професорот Блаже Јорданоски, рече дека не е едноставно да се земе одговорноста за приготвување на голема количина чорба, бидејќи...
Post Views: 6
Вида Огњеновиќ, големата дама на балканската и светската книжевност, добитник на овогодинешната Светска награда за хумнизам. Огњенович, пресреќна што нејзините заслуги ја донесоа во друштвото на Икеда, Солженицин, Де Оливеира и другите лауреати на оваа награда.
„Па како прво многу се израдував, мислам дека и големо задоволство ми причинува фактот што претходните добитници на оваа награда се големи имиња во светот на културата во светот. Ми значи многу, прво да размислам дали навистина сум ја заслужила, и да ги пополнам оние места кои мислам дека недостасуваат во тие...
Post Views: 2
Водата во езерото со екстремно ниска температура. Од Црвениот крст од Охрид со предупредување до сите оние кои ќе скокаат по светиот крст, но и сите капачи воопшто, да бидат крајно внимателни. На брегот на езерото ќе бидат поставени медицински пунктови кои ќе се грижат за безбедноста на капачите. Претседателот на Охридскиот Црвен крст, Сашо Точков вели алкохолот-строго забранет за оние кои ќе скокаат по крстот. Во очи големиот христијански празник „Богојавление-Водици“ предупредувања за крајна внимателност за сите капачи. Овие предупредувања редовно им се повторуваат...
Post Views: 0
Зголемен бројот на скршеници на екстремитетите. Остатоците од снегот на дел од охридските улици, кои дебело замрзнаа, предизвикуваат невољи. Не ретко се случува гаѓаните да се лизнат, дападнат и притоа да се здобијат со набиеници, исчашување, но и со скршеници. Од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид, директорот Митко Тилев вели дека овој период имаат покачен број на интервенции како последица од лизгање и паѓање на замрзната површина. Најчесто страдаат луѓето од повозрасната категорија кои доаѓаат со скршени екстремитети, додава тој....
Post Views: 1
Со оваа германско-македонска соработка во наредните две години ќе се обучат најмалку десет промотери кои ќе се стекнат со сертификат за менаџери за одржлив туризам. Исто така, друга важна цел на проектот е вклучување на претставници на поширокиот активен туристички сектор од Македонија, со кои веќе се остварија и првите контакти. Се надеваме дека овој проект во голема мерка ќе придонесе за туристичкит развој на Охридскиот регион, додава Рајн. Проф.Д-р Сашо Коруноски – Декан ФТУ Охрид истакна дека станува збор за соработка која трае 2-3 години и дека текот на оваа соработка...
Post Views: 3
Камбер Демирали на 24-ти декември го напуштил својот дом и од тогаш му се губи секаков траг. Неговото семејство изгубило секаков контакт со него.
40 годишниот Демирали е глувонем. Роден е на 28 февруари 1972 година со адреса на живеење на ул. „Рахмут Рифат“, бр.7.
Се молат граѓаните кои имаат било каква информација за Камбер Демирали да го контактираат семејството на тел. 046/ 261 921.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Распродажби и попусти речиси во секоја продавница. Но, колку се тие реални и колку исправно се спроведуваат, ќе покажат контролите на пазарниот инспекторат. Периодот на силни распродажби и невидени попусти е во полн ек. Огромни натписи на излозите со кои се нудат производи намалени дури за 50%, речиси на сите дуќани во старата чршија. Но граѓаните реагираат, сомневајќи се во нивната реалност. Вангел Спироски од ОПМ од Охрид вели дека иако до нив сеуште не стигнала преставка од потрошувачите која се однеува на оваа проблематика, сепак јавувања и реакции има.„ Како има...
Post Views: 0
Вака е насловено писмото кое до нашата редакција го испратија група граѓани кои се незадоволни од односот на Градоначалникот Александар Петрески и Советот на Општина Охрид за процесот на донесување на деталните урбанистички планови за опфатите Табана и Ривиера.
Во писмото стои: „Дозволете преку Вашиот ценет медиум јавно да го изразиме нашиот револт од односот на Локалната самоуправа и Советот на Општина Охрид кон процесот на донесувањето на деталните урбанистички планови. Сметаме дека таквиот однос може да се опише со онаа народната- “за едни мајка за други маќеа”,...
Post Views: 2
Откако во Септември истекоа старите договори, Министерството за транспорт и врски бара од концесионерите плажите да се вратат во првобитната состојба. Од министерството велат дека место за револт нема бидејќи истото стои во Договорите кои веќе ги потпишале концесионерите. Старите концесии за плажите истекоа во Септември минатата година. Претставниците од Државниот градежен инспекторат на денешната средба ги шокираа охридските концесионери. За да започне новото лицитирање за добивање на концесии, според Законот, плажите најпрво мора да бидат вратени во првобитната состојба,...
Post Views: 3
Универзитет за одржлив развој Еберсвалде од денеска до 20 јануари е во посета на својот партнер Факултетот за туризам и угостителство Охрид. Тема на средбите ќе биде „Германско-македонската тренинг програма и мрежа ‚Одржлив туризам‘ за професори, претставници од мали и средни претпријатија од туристичкиот сектор и други промотери“.
Целта на посетата претставниците на Еберсвалде на ФТУ е заедничкиот проект, германско- македонска тренинг програма за професори на македонскиот факултет и за други промотери од државни институции и од приватниот туристички сектор во Македонија....