Капачи-внимателно утре!

Водата во езерото со екстремно ниска температура. Од Црвениот крст од Охрид со предупредување до сите оние кои ќе скокаат по светиот крст, но и сите капачи воопшто, да бидат крајно внимателни.

 |  Мишел Наумоски  | 
kapaci
капачи

kapaciВодата во езерото со екстремно ниска температура. Од Црвениот крст од Охрид со предупредување до сите оние кои ќе скокаат по светиот крст, но и сите капачи воопшто, да бидат крајно внимателни. На брегот на езерото ќе бидат поставени медицински пунктови кои ќе се грижат за безбедноста на капачите. Претседателот на Охридскиот Црвен крст, Сашо Точков вели алкохолот-строго забранет за оние кои ќе скокаат по крстот. Во очи големиот христијански празник „Богојавление-Водици“ предупредувања за крајна внимателност за сите капачи. Овие предупредувања редовно им се повторуваат на сите оние кои скокаат по светиот крст, меѓутоа, оваа година, со уште посериозно значење поради екстремно ниските температури. Во рамките на обезбедувањето, во текот на вчерашниот ден беше исчистено дното на езерото од сите предмети кои би претставувале потенцијална опасност за капачите. Чистењето беше извршено во соработка помеѓу Црвениот крст од Охрид и нуркачкиот клуб „Амфора“.

Vodici„Денеска започнуваме со местење на сите пунктови на делот кај пристаништето и сакам да напомнам дека од 19 часот до 24 часот ќе бидат вршени превентивни прегледи на сите оние кои што ќе сакаат да скокаат по крстот за што апелираме до сите скокачи да дојдат да го преконтролираат своето здравје, прегледот ќе трае 3 до 5 минути навистина нема да е ништо комплицирано, ќе имаат некој увид во својата здравствена состојба и дали ќе можат, ќе бидат здравствено способни да влезат во студените води на Охридското езеро.“-рече Сашо Точков-Претседател на Црвен крст-Охрид.

crven krstТочков додава дека оваа година капачите ќе се соочат со рекордно ниска температура на водата на езерото од само 6 степени целзиусови, за разлика од изминатите години кога температурата се движела над 10от степен. Температурата на воздухот во утринските часови за време на фрлањето на светиот крст ќе се движи од -3 до -5 степени. Оттука, станува јасно, колку сериозно треба да се сфатат предупредувањата. Посебно предупредување важи за консумирањето на алкохол пред да се влезе во езерото.

„Алкохолот ја намалува телесната температура, внатрешната телесна температура и уште поладно ќе им биде на оние кои што конзумираат алкохол и влегуваат во водите на Охридското езеро односно ќе стигнат до онаа фаза на хипотермија доколку консумираат алкохол, затоа апелираме и бараме од сите кои што ќе скокаат по крстот исклчително сериозно да ги сфатат овие апели, доколку не се чувствуваат здравствено способни, доколку се чувствуваат слаби, да не влегуваат или да го направат тоа само за адет што се вика.“-вели Точков.

Оваа година Црвениот крст ќе биде присутен со уште поголем број на медицински екипи. 5 од нив ќе бидат распоредени долж брегот, една екипа ќе се наоѓа во бродот-амбуланта, ќе има уште и 8 спасувачки екипи на вода и нуркачи кои ќе се грижат за безбедноста на капачите, а своја екипа ќе има и Здравствениот дом. Пред Капетанија ќе биде поставен и шатор, односно пункт за прва помош и реанимација. Како превентива, сите капачи треба да имаат некакви обувки на себе и било што што би можело да ги заштити од студ или од повреди. Влегувањето во вода да се прави во краток временски период, капачите да не се задржуваат во вода и да не нуркаат подолг период, но и да внимаваат каде се наоѓаат спасувачките служби. Сите овие мерки се преземаат со цел да се избегне опасноста од добивање хипотермија и паѓање во хипотермичен шок и пред се безбедно одвивање на целата манифестација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top