За лажно „понижење“ 3000 евра глоба

Распродажби и попусти речиси во секоја продавница. Но, колку се тие реални и колку исправно се спроведуваат, ќе покажат контролите на пазарниот инспекторат.

 |  Крсте Голабовски  | 
popusti
popusti

Распродажби и попусти речиси во секоја продавница. Но, колку се тие реални и колку исправно се спроведуваат, ќе покажат контролите на пазарниот инспекторат.
Периодот на силни распродажби и невидени попусти е во полн ек. Огромни натписи на излозите со кои се нудат производи намалени дури за 50%, речиси на сите дуќани во старата чршија. Но граѓаните реагираат, сомневајќи се во нивната реалност. Вангел Спироски од ОПМ од Охрид вели дека иако до нив сеуште не стигнала преставка од потрошувачите која се однеува на оваа проблематика, сепак јавувања и реакции има.
„ Како има примери, има натпис на продавницата дека има попуст 50 или 30%,а кога внатре ќе влезат има попуст на пет производи, додека останатите се по исти цени има такви работи“ вели Спироски.
popustiЃорѓи Бошалески раководител на одделението на Државниот пазарен иснпекторат вели дека ваквите нереални реклами ги доведуваат во заблуда потрошувачите и дека истите треба да се санкционираат. Тој обајснува дека производите кои се предмет на распродажба, мора да бидат јасно назначени и физички одделени од останатите производи. Мора јасно да се назначи процентот на намалението, односно новата намалена, но и претходната цена на производот.
„Согласно Законот за заштита на потрошувачи и проверуваме дали тоа снижување на цените е реално односно дали е видентирано во евиденцијата за трговија односно во ЕТА образецот и дали тоа што го викаат попуст или распродажба е фиктивно или е реално“ одбјаснува Бошалески.
Законските глоби во ваквите случаи се многу високи. Така, казната за лажни попусти за правното лице изнесува 3000 евра, додека пак казната за одговорното лице во правното лице изнесува 500 евра. Ваквите измами со лажни попусти, во некои од земјите на ЕУ се санкционираат дури и со затвoрање на дуќаните, како и со одземање на дозволите за работа.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top