Ознака: кои

инфо

Охрид ќе се „поднови“ со инфо центар

Post Views: 5 Нивните очекувања се дека со повеќе инфо центри ќе се решат и низа проблеми во туризмот. Надминување на проблемот со промотивен туристички материјал, до кој туристите во моментов тешко доаѓаат. Но, очекувањата се насочени кон елиминирање на грдата слика, со приватните станоиздавачи кои на улица ги нудат своите сместувачки капацитети, нагласува туристичкиот менаџер Стефан Каневче. „Она што се случува со приватното сместување е срам за градот, туристите се влечат за раце, им се тропа по прозорите на автомобилите. Оваа глетка под итно треба да се реши, а инфо центрите се...

Continue reading

staro zelezo

Забранет бизнисот со метален отпад

Post Views: 0 Покрај сувото гори и суровото. Поради зачестените кражби на метални предмети кои се во општа употреба како капаци од шахти, контењери, делови од метални електрични столбови, Министерството за животна средина стави крај на бизнисот со старо железо. За сметка на прекршителите на законот настрадаа и оние кои од овој бизнис чесно заработуваа за леб. Ова е обид на уништување на големите фирми за секундарни суровини и поддршка на крадците, смета Љупче Славески, на кој собирањето и продавањето на старо железо му е животна егзистенција. Но импликациите не завршуват тука. Секна...

Continue reading

pateka

Пoзитивен пример за општествена одговорност

Post Views: 7  Родителите од детската градинка „Лихнида“ со сопствени средства и со заеднички ангажман бетонираа две патеки во дворот на градинката. Нивната иницијатива потекнува од желбата децата кои своите претшколски денови ги поминуваат во овој објект да уживаат во мигвите поминти таму.Иван Цветкоски, претседател на советот на родители вели дека на ваков начин не само што ќе го разубават дворот туку ќе дадат и позитивен пример за своите деца. Воспитувачките не го криеја задоволството од ваквата иницијатива на родителите. Велика Паункоска, вели дека во дворот на истата не е интервенирано...

Continue reading

zanaetciska komora

Занаетчии бараат смена на претседателот на Комората

Post Views: 2 После само четири месеци работење на новиот претседател на регионалната занаетчиска комора, се појавија првите проблеми. Членови на охридската занаетчиска комора, незадоволни од работењето на новиот претседател. Тие поднеле барање за интерпелација на претседателот на комората, Сашо Богоески. Еден од потписниците на барањето за смена на Богоески е Ацо Димитриески, член на занаетчиската комора. Тој ни го пренесе ставот на членовите кои се незадоволни од функционирањето на комората. Димитриески вели: „Поднесени се сите потребни документи и барања за интерпелацијата на Богоески....

Continue reading

угостителско

Во училиштата недостасуваат педагози и психолози

Post Views: 0  Во општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“, во кое учат 450 ученици, нема психолошка служба. Во ова училиште никогаш не бил вработен педагог, а тоа не е решено ни со воведувањето на задолжителните педагошки служби, кои треба да се составени од стручни тимови, во сите основни и средни училишта. Засега улогата на педагог ја извршува професор по психологија, вели директорот на училиштето Секула Баткоски. „Засега е одржан еден совет со родители чии деца имале проблематично однесување или имале слаби оценки по повеќе од три предмети, а закажан е и состанок...

Continue reading

kupi kuka kupi stan

Слаб одзив за „Купи куќа – купи стан“

Post Views: 11 Илјадници подигнати барања, но многу малку предадени апликации, а ретко одобрени барања за субвенциониран станбен кредит од владиниот проект „Kупи куќа, купи стан“. Ваква е состојбата на ниво на држава, а во Охрид сликата е многу полоша. Од охридските филијали на скоро сите банки кои го поддржаа проектот, го добивме истиот одговор. Бројот на заинтересирани охрѓани голем, но одзивот, односно бројот на поднесени  апликации многу мал. Според Министерството за финасии, 18 компании од земјава нудат станови по цена која прифатлива според владиниот проект. Од нив, една е...

Continue reading

motor

Голем интерес за возачка од „М“ категорија“

Post Views: 17 Започна со реализација проектот „ Безбедно управување со мопед„ наменет за учениците од 14 до 18 години. Интересот кај охриѓани очекувано многу голем. 15 годишната Ангела Ангелоска една од многуте, која побрза да се пријави. „Претпладнево се пријавив во полициската станица. Дојдов со татко ми затоа што така мораше, за да ме запишат.Занам да возам мопед, се научив по сокачињата , но сега е многу полесно, затоа што ќе имам дозвола“, вели ученичката Ангела Ангелоска. Проектот е дел од глобалната децениска кампања за зголемување на безбедноста на патиштата и истиот ќе им...

Continue reading

pap test

Бесплатен ПАП тест, ама кога?

Post Views: 0 Наскоро започнува кампањата за спроведување на бесплатни ПАП тестови. Имено, со оваа кампања, во текот на наредните три години треба да бидат опфатени сите жени на возраст од 24 до 60 години. Главни имплементатори се Министерството за здравство, Центрите за јавно здравје од земјава и секако матичните гинеколози. Др.Слободанка Коцева од Центарот за јавно здравје од Охрид, вели дека сите 11 матични гинеколози на подрачјето на Охрид Струга и Дебар се уредно поканети. „Тие се должни со оваа покана да ги обавестат нивните пациентки на возраст од 24-35 години, да направат...

Continue reading

cveka

Охрид град на цвеќето

Post Views: 7 Трендафилите се враќаат во Охрид. Дел од граѓаните на Охрид, навраќајќи се во спомените, велат дека трендафилите како препознатлив декор на градов од минатото многу им недостасуваат. Разнобојните садници од ова цвеќе редовно се наоѓале на фотографиите на охриѓани и бројните туристи. Трендафилите посебно беа карактеристични за паркот околу споменикот на Св Наум. Одговорниот на паркови и зеленило во ЈП „Охридски Комуналец“, Трајан Љаткоски, кажа дека ќе има обновување со садници на трендафили но на други парковски површини. Тој смета дека сегашниот изглед на паркот кај...

Continue reading

biljanini izvori

Охриѓани не се жедни

Post Views: 6 Градот може да се пофали со добар квантитет и квалитет на вода за пиење. Охриѓани не се жедни. Пијат микробиолошки  и хемиски исправна вода, но со променлив квалитет. Ова е коментарот на д-р Атанско Михаилов  од Центарот за јавно здравје за тоа каков е квалитетот на водата која тече низ градскиот водовод. „Има периоди кога квалитетот на водата  по хемиски состав е поблиска до највисоките класи  вода, но има периоди кога заради видот на доток на подземните води и место положбата на бунарите, квалитетот се менува“, објаснува Михаилов. Од МЈП „Проаква“, нагласуваат,  водата...

Continue reading

акција

Еколошка акција во ОУ „Кочо Рацин“

Post Views: 1 По повод Денот на пролетта- 21ви Март во ОУ Кочо Рацин – Охрид беше организирана еколошка акција – уредување на училишниот двор и училишните простории. Дел од учениците го чистеа училишниот двор од отпадоци а други садеа цвеќиња во саксии кои ќе ги разубават просториите во училиштето. Акцијата беше организирана во насока да се едуцираат младите генерации за одржување на чиста и убава животна средина.  {loadposition content9}

Continue reading

Goce Simonoski TLER

Нови решенија за малите станоиздавачи

Post Views: 1 Станоиздавачите од мал обем категоризирани во 2009 година треба да добијат нови решенија. Три години е важноста на претходно издадените, а нивните сопственици мора да ги продолжат според датумот на издавање. Оние станоиздавачи кои нема да ги обноват своите решенија, нема да имаат право да ја вршат својата дејност. Од секторот за туризам и локален економски развој велат дека доколку има некакви квалитативни измени во условите кои ги нудат станоиздавачите, не мора да чекаат три години за да достават барање за категоризација. Истото можат веднаш да го достават, а комисијата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top