Слаб одзив за „Купи куќа – купи стан“

Голем интерес, но многу малку апликации за проектот „Купи куќа, купи стан“.

 |  Маленкова Татјана  | 
kupi kuka kupi stan
купи куќа купи стан

Илјадници подигнати барања, но многу малку предадени апликации, а ретко одобрени барања за субвенциониран станбен кредит од владиниот проект „Kупи куќа, купи стан“. Ваква е состојбата на ниво на држава, а во Охрид сликата е многу полоша.

Од охридските филијали на скоро сите банки кои го поддржаа проектот, го добивме истиот одговор. Бројот на заинтересирани охрѓани голем, но одзивот, односно бројот на поднесени  апликации многу мал.

Според Министерството за финасии, 18 компании од земјава нудат станови по цена која прифатлива според владиниот проект. Од нив, една е државна, односно Акционерско друштво за стопанисување со станбен и  деловен простор, додека останатите се приватни фирми. Најголемиот дел од нив, односно 12, се од Скопје, четири од Битола и по една од Охрид и  Kуманово. станови изградба
И првиот човек на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов признава дека одзивот кај граѓаните е многу мал.

„Стравот кај граѓаните дека ќе можат да ја паќаат ратата е огромен и тоа е основната причина зошто граѓаните во повеќе наврати се преиспитуваат дали да пристапат кон ваков проект и да си овозможат за прв пат кров над главата или ќе почекаат подруго време кога и ќе имаат поголема сигурност“, вели директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко.  

Но, по се изгледа не се парите причина за слабиот одзив.  Друг податок вели дека интересот за купување на станови во сопствена режија е во нагорна линија.

„Сега имаме голем број на јавување од граѓани на Р Македонија кои сепак се определуваат за купување на станови. Станови се бараат и во Охрид, но затоа што овој град го гледаме како туристичко место и гледаме дека зголемувањето на побарувачката е во подем во пролет и во лето“. вели Грозданов.  

Останува да се запрашаме дали на граѓаните не им се допаѓаат кредитните услови од проектот „Купи куќа, купа стан“, во споредба со условите за станбени кредити кои постојано ги нудат банките.  
За потсетување, со владиниот проект, оваа година околу 2.000 брачни парови и поединци ќе можат да дојдат до сопствен дом!
Со проектот „Купи куќа, купи стан“ граѓаните може да аплицираат за субвенционирани станбени кредити до 31 мај 2012 година. Овие кредити ќе може да се користат и за изградба или доградба на куќа или за купување на нов стан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top