Занаетчии бараат смена на претседателот на Комората

Претседателот на комората, за барањето за интерпелација дознал преку медиумите.

 |  Мишел Наумоски  | 
zanaetciska komora
занаетчиска комора

После само четири месеци работење на новиот претседател на регионалната занаетчиска комора, се појавија првите проблеми. Членови на охридската занаетчиска комора, незадоволни од работењето на новиот претседател. Тие поднеле барање за интерпелација на претседателот на комората, Сашо Богоески. Еден од потписниците на барањето за смена на Богоески е Ацо Димитриески, член на занаетчиската комора. Тој ни го пренесе ставот на членовите кои се незадоволни од функционирањето на комората. Димитриески вели: „Поднесени се сите потребни документи и барања за интерпелацијата на Богоески. Ние едноставно не сме задоволни од работењето на комората и не можеме да работиме со претседател кој ги штити само сопствените интереси.“
На ваквиот став реагира претседателот на комората, Сашо Богоески. Тој смета дека во изминатите четири месеци е постигнато многу и дека нема основ за негова интерпелација.

Sasho Bogoeski zanaetcija„На моето излагање на точката на дневен ред за извештај за работата на претседателот на регионалната занаетчиска комора ниту еден член на собранието не најде забелешки на досегашната моја работа. Ја чекам интепелацијата да ја видам, да видам што е наведено, што сум згрешил и кои се тие мои лични интереси што сум ги работел како претседател на занаетчиската комора. Не е мој личен интерес регионалната занаетчиска комора да има свој ден не е мој личен интерес комората да доделува благодарници на заслужни занаетчии.“-рече Сашо Богоески-Претседател на регионалната занаетчиска комора.

Богоески воедно запраша како е можно интерпелација да бараат членови на управниот одбор на комората кои претходно едногласно носеле одлуки на негов предлог. Димитриески вели дека ја почитуваат хиерархијата во комората и не информира дека по однос на интерпелацијата ќе биде гласано на вонредно собрание на комората. По ова, ќе се одлучува дали Богоески ќе остане на досегашната функција или ќе биде заменет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top