Ознака: кои

FA Oteks

Отексовите играорци 3 децении амбасадори на нашиот фолклор

Post Views: 7 Поранешните и сегашните играорци од  фолклорниот ансамбл „Отекс“ со  свечен концерт го одбележаа своето 3 децениско постоење. Со беспрекорна изведба на народни игри и песни, пратени од нивниот оркестар, за охриѓани приредија музичка вечер за паметење. Програмата беше спој на поискусните и помладите играорци кои пред пред многубројната публика покажаа како се игра со срце  и потврдија дека се на врвот меѓу фолклорните ансамбли. На свечената прослава, синоќа, на игарорците од Отекс,  со музички настап им се прилкучија и нивните гости,  фолклорните ансамбли од Ваљево, Србија...

Continue reading

Grigor ucilnica

Основците од „Григор Прличев“ ќе добијат училница во природа

Post Views: 8 Веројатно сите се сеќаваме на оние денови од нашето основно образование кога наставниците не носеа на настава во природа. Тоа беа денови на радост и возбуда верувам за сите нас. Токму часовите во природа, од наредната учебна година ќе станат реалност и секојдневние за основците од „Григор Прличев“. В.д директорката на ова училиште, Силвија Мојсовска, најави реализирање на неколку проекти во текот на летото, од кои еден е токму училницата во природа. Иновативна, несекојдневна, и во секој случај интересна идеја. „Ќе биде тоа направено со дрвени клупи и табла да има, и...

Continue reading

samit

Кандидати од овој регион поблиску до ЕУ само со засилена соработка

Post Views: 3 Министерите за надворешни работи од земјите на Југоисточна Европа денес во Охрид одржаа формален состанок во рамките на Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа. Пораката што беше испратена од денешниот состанок е засилена соработка меѓу земјите кандидати и потенцијални кандидати од овој регион. Министерот Никола Попоски кажа дека на состанокот било разговарано за можностите за зајакнување на соработката и за поефикасно искористување на средствата кои се нудат од страна на ЕУ за меѓусебно поврзување. Во овој контекст би констатирал дека Македонија имаше...

Continue reading

kandelabri

ЈП „Државни Патишта“ ќe го одржува осветлувањето на магистралниот пат А3

Post Views: 2 Осветлувањето на дел од магистралниот пат А3, Охрид -Св. Наум, ставено под капата на државата. Грижата за осветлување на  патниот правец на патниот правец Билјанин извори- Св. Стефан кој досега  беше под ингеренции на Локалната самоуправа сега се предава на ЈП „Државни Патишта. „ Денес го одбележуваме предавањето на уличното осветлување на потег Билјани Извори кон Св. Стефан  во владение на Јавното претпријатие. Тоа ќе биде од голема помош за општина Охрид од финасиски аспект“, рече при тоа секретарот на Локалната самоуправа, Димитар Спасески. Од ЈП „Државни патишта“...

Continue reading

pesacki

Нискоградба ќе обележува дел од улиците

Post Views: 6 ЈП Нискоградба Охрид на тест пред Локалната самоуправа. Иако од основањето на ова ЈП една од дејностите е изградба, одржување, реконструкција и заштита на локални патишта, улици и други објекти, ова претпријатие од годинава за прв пат ќе обновува дел од патната сигнализација на локалните патишта. „ЈП Нискоградба Охрид се вклучува во дел на обележување на градските сообраќајници. За почеток Локалната самоуправа го ангажира ЈП за просторот вон централното градско подрачје, од причина да ги види неговите технички и човечки перформанси со кои располага, информираат од Локалната“....

Continue reading

Grigor Prlicev

ОУ Григор Прличев-прва образовна институција која доби помош од локалната

Post Views: 35 Образовните институции во градов во фокусот на локалната самоуправа. Анализите покажале дека јавните претпријатија не се единствените субјекти кои работеле со блокирани сметки и наталожени долгови, ваква ситуација била затекната и кај некои од образовните институции. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, најави серија посети на сите институции кои се во надлежност на локалната, со посебно внимание посветено на образованието. Денес го посетија основното училиште „Григор Прличев“. „Не случајно основното училиште „Григор Прличев“ е одбрано да биде како официјален...

Continue reading

ulica

Очекувањата на охриѓани од новиот градоначалник и локалната самоуправа

Post Views: 2 Без разлика која политичка опција раководи со Локалната самоуправа, проблемите од комуналната сфера најмногу ги мачат охриѓани.  Иако голем број од проблемите се започнати со решавање, за некои дури е изнајдена солуција, но факт е дека сеуште голем број, чекаат на решение. А целта на овој прилог не е да осудуваме, критикуваме, ниту да глорифицираме, туку едноставно да слушнеме, што нашите сограѓани очекуваат и бараат од новиот градоначалник и службите на локалната. Подобрување на состојбата на градските сообраќајници,   функционални канализациони системи и сообраќајни...

Continue reading

sostanok

Донесени мерките за поуспешна туристичка сезона

Post Views: 1   ТЛЕР, СВР, пазарната инспекција и УЈП седнаа на маса каде ги договрија заедничките мерки што ќе се преземат за подобра туристичка сезона. Како што истакна секретарот на општината, Димитар Спасески, Локалната има тенденција да развива елитен туризам врз основа на сите европски стандарди. Тој додаде дека интензивно се работи софтверски да се поврзат сите релевантни институции како би се имало увид колку гости доаѓаат во градов и каде се сместени. Ќе се работи и на решавање на проблемите со дивите станоиздавачи и викенд становите. Општа проценка е дека во градов има...

Continue reading

pristaniste

Приказната за малото пристаниште наспроти Палас продолжува

Post Views: 0 Кои тајни ги крие малото пристаниште наспроти хотелот Палас познато како „Мостот на птиците“ и зошто истото и покрај желбата да биде реновирано е во очајна состојба. ТВМ започна со потрагата по луѓе, фирми и институции кои во одреден период покажале желба да го променат изгледот на руината во строгиот центар на Охрид.  Сопственикот на ГП Трудбеник Ацо Спироски за ТВМ раскажа кои  проблеми им искрснале по одуката на Владата во 2002 год. и иницијативата на тогашниот министер за транспорт и врски Љупчо Балкоски некогашната плажа на хотелот Палас, да се поврзе  со копното. Спироски...

Continue reading

balkanski festival

При крај подготовките за 52от Балкански фестивал на народни игри

Post Views: 3 Балканскиот фестивал на народни игри и песни и годинава ќе понуди многу танци, песни, и колорит. Подготовките за годинешното 52ро издание се при самиот крај. Како и секоја година, традиционални учесници ќе бидат земјите од Балканот, но ќе има и гости од Шпанија, Полска, Италија, Турција. Фестивалот се организира под покровителство на Собранието на Република Македонија и со поддршка на Министерството за култура, а ќе се одржува од 6ти до 11ти Јули. Сцената на Долни Сарај е местото на главното збиднување, додека низ охридската чаршија ќе бидат дефилеата на учесниците....

Continue reading

bina

За некого задоволство за некого проблем

Post Views: 1 Бината која од пред една недела е поставена на плоштадот Крушевска република, им направи проблем на дел од дуќанџиите. Тие велат дека со ваквото решение на Локалната самоуправа делот од чаршијата кој се протега од ресторанот Стар чинар па до некогашната експозитура на Охридска банка, стана слепо црево. Во петокот на бината имало настап на културно уметничко друштво при што голем број граѓани кои го следеле истиот го блокирале приодот кон дуќаните. Дуќанџиите велат дека можат само да претпостават каква ќе биде ситуацијата во шпцот на сезоната. Бината покрај на дуќанџиите...

Continue reading

Десет промени на телото во фаза на вљубеност

Post Views: 6 Вљубеноста не ги активира само пеперутките во стомакот туку делува подобро и од лекови за болки… Ви откриваме десет фасцинантни промени во телото кои се активираат со вљубеноста. Мозокот ја менува активноста во дел од секунда – Љубовта на прв поглед најчесто звучи како клише или добро избрендиран наслов на холивудски филм, меѓутоа, во прилог на веродостојноста на првиот чекор на вљубување ни доаѓа најновото истражување. Имено, љубовта активира дури 12 подрачја на мозокот, и исходот е чувство на вљубеност веќе во петтата секунда. Срцето го успорува својот ритам...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top