Отексовите играорци 3 децении амбасадори на нашиот фолклор

Отексовите играорци 3 децении амбасадори на нашиот фолклор.

 |  Валентина Неловска  | 
FA Oteks
FA Oteks

Поранешните и сегашните играорци од  фолклорниот ансамбл „Отекс“ со  свечен концерт го одбележаа своето 3 децениско постоење. Со беспрекорна изведба на народни игри и песни, пратени од нивниот оркестар, за охриѓани приредија музичка вечер за паметење. Програмата беше спој на поискусните и помладите играорци кои пред пред многубројната публика покажаа како се игра со срце  и потврдија дека се на врвот меѓу фолклорните ансамбли. На свечената прослава, синоќа, на игарорците од Отекс,  со музички настап им се прилкучија и нивните гости,  фолклорните ансамбли од Ваљево, Србија и Софија, Бугарија.

FA OteksПриказната на „Отекс“ започнува во далечната 1983 година, во некогашната истоимена текстилна фабрика, раскажува за почетоците нејзиниот директор Димче Трајчески. Додава, среќен сум што генерации играорци израснаа во прекрасни луѓе. Нашиот успех, како ансамбл и амбасадори на нашата култура и фолклор, пред се се должи на поддршката од родителите кои отсекогаш несебично ни ја давале.  Во сите овие изминати години низ ансамблот поминале над 8000 играорци, а наш ментор беше музичарот Наум Гаврилоски, раскажува Трајчески.

„Благодарен сум на сите луѓе кои ни помогнаа за денес  анасамблот да е со традиција и квалитет кој трае и ќе продолжи да трае“.   

Стојче Трајчески, еден од врвните играорци на Отекс, бил член од самото негово формирање. Трајчески зборува со огромна љубов за своето игрорно искуство, за гостувањата, дружењето и трајните пријателства стекнати во ансамблот.  По неговите стапки како играорка и дел на поставата  на Отекс станува и неговата ќерка Мартина.  Трајчески  со гордост  признава за тоа како делувал врз одлуката на ќерка си.

FA Oteks„ Досега не сакав да признаам, но сега можам. Многу  влијаев, скришно делував се обидував да ја мотивирам да стане играорка. Драго ми е што издржа и се надевам ќе издржи подолго и од мене. Уште подраго ќе ми биде ако за некој 4 или 5 децениски јубилеј на ваква прослава се сретнеме тројца, јас, ќерка ми и можеби некој  внук или внука“.  

 Младата Мартина Трајческа е ќерка на Стојче и е играорка во Отекс 13 години. Вели дека го сака фолклорот, посебно  игрите од охридскиот крај, Поврдарието, а од ората омилено и Калајџиско.

Мартина открива дека мотив и бил да продолжи по стапките на татко и, но и патувањата и турнеите во странство, дружбата и бројните стекнати пријателства во странство.

FA OteksВо три децениското постоење  на фолклорниот ансамбл „Отекс“, голем е бројот на примери  каде покрај родителите во анасамблот сега  играат и нивните деца. Исто така, не е мал и бројот на брачни парови кои  својата младешка љубов  ја крунисале со брак, а нивната љубов започнала токму од заедничкото танцување  во Отекс.
Играорците на фолклорниот ансамбл „Отекс“ беа и се препознатливи  по ведрината, насмевките, склучените бракови, трајни пријателства и кумства.     

 

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top