При крај подготовките за 52от Балкански фестивал на народни игри

Интересот и за годинешното 52ро издание огромен. Фестивалот, со посебна кореографија ќе го отвори ансамблот за народни песни и игри, „Танец“.

 |  Мишел Наумоски  | 
balkanski festival
балкански фестивал

Балканскиот фестивал на народни игри и песни и годинава ќе понуди многу танци, песни, и колорит. Подготовките за годинешното 52ро издание се при самиот крај. Како и секоја година, традиционални учесници ќе бидат земјите од Балканот, но ќе има и гости од Шпанија, Полска, Италија, Турција. Фестивалот се организира под покровителство на Собранието на Република Македонија и со поддршка на Министерството за култура, а ќе се одржува од 6ти до 11ти Јули.

balkanski defileСцената на Долни Сарај е местото на главното збиднување, додека низ охридската чаршија ќе бидат дефилеата на учесниците.

„Настапуваат учесници над 16 години со музика во живо, одат сите ансамбли со облека што е национална, што го отсликува местото од каде што доаѓаат, автентична и секако сите ансамбли ги добиваме на препорака од амбасади, на препораки од ИОФ и секако тука ги селектираме со препорака од нашиот надворешен соработник, директорот на „Танец“, Зоран Џорлев и на тој начин ги добиваме учесниците. Како што кажав интересот за учество на Балканскиот фестивал од целиот свет е големо.“-вели директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска.

defile BalkanskiЦентарот за култура ќе има напорно лето. Покрај Балканскиот фестивал, тие ќе бидат организатори и поддржувачи и на многу други фестивали, меѓу кои и фестивалот „УФА“.

„Веќе уште од Јуни почнуваат мхногу фестивали кои што ги помагаме како центар за култура. Еве ќе го најавам и фестивалот „Уфа“, на 14, 15, 16ти Јуни кој што ќе се одвива во кино „Бавча“. Тука учествуваат исто така голем број на млади уметници кои што ќе творат во различни области. Ќе има музика, ќе има танц, ќе има поезија, ќе има графити, нешто што е склоп на повеќе уметности, ќе има филм, ќе биде тоа интересно и ќе биде влезот слободен.“-рече директорката Боцеска.

Покрај овој интересен фестивал, Центарот за култура се јавува како дел од организацијата и на интернационалниот фестивал на музички педагози, Францускиот филмски фестивал, како и добар дел од програмата на престижното Охридско лето.

Инаку вчера, во рамките на Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа и концерт на Факултетот за музичка уметност од Штип кои пред охридската публика се претставија со византиска музика и авторски дела во византиски стил.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top