ЈП „Државни Патишта“ ќe го одржува осветлувањето на магистралниот пат А3

ЈП „Државни Патишта“ ќe го одржува осветлувањето на магистралниот пат А3.

 |  Валентина Неловска  | 
kandelabri
kandelabri

Осветлувањето на дел од магистралниот пат А3, Охрид -Св. Наум, ставено под капата на државата. Грижата за осветлување на  патниот правец на патниот правец Билјанин извори- Св. Стефан кој досега  беше под ингеренции на Локалната самоуправа сега се предава на ЈП „Државни Патишта.

„ Денес го одбележуваме предавањето на уличното осветлување на потег Билјани Извори кон Св. Стефан  во владение на Јавното претпријатие. Тоа ќе биде од голема помош за општина Охрид од финасиски аспект“, kandelabriрече при тоа секретарот на Локалната самоуправа, Димитар Спасески.

Од ЈП „Државни патишта“ една недела ја  испитувале состојбата со  осветлувањето на оваа делница.  Констатирале дека се искршени и поставените браници и им треба замена.  Директорот Љупчо Георгиески
на денешното примопредавање на надлежностите за одржување на патниот правец, вети санација на браниците, како и целосна рекоснструкција на осветлувањето.

„Станува збор за повеќе од 220 канделабри кои ние ги преземаме од денес официјално. Некаде недосатуваат светилки некаде кабли кои се поврзани со одредени делници. Во претстојниот период ќе ги санираме целосно. Од денес ќе почнат да светат сите сијалици, а за недела-две ќе бидат доведени во исправна состојба и местата каде што недостасуваат канделабри. Пред почетокот на туристичката сезона на оваа делница ќе се зголеми и безбедноста на сообраќајот“.
 
kandelabriДиректорот на ЈП „Државни патишта“ најави реализација  на неколку проекти кои ќе ја  растеретат сообраќајната гужва во охридскиот реон во летниот период. Георгиески го  посочи  проектирањето на новата делница  Пештани- граница Албанија со широчина од 11 метри. Исто така, напомена дека Владата има земено заем за реконструкција и изградба на патната инфраструктура за  финансиска поддршка на проекти  поднесени од Локалната самоуправа. Очекуваат од градоначалниците да доставуваат проекти за да се искористат средства од овој заем.  
Во овој момент, стручните консултанти го одобриле асфалтирањето на патните правци кон Горно и Долно Лакочереј, но тоа ќе стартува по завршувањето на фекалната и атмосферската канализација  која пак  од сопствен буџет го финансира Локалната самоуправа, кажа Георгиески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top