Ознака: ковид

Ковид пациентите од модуларната болница во Охрид се преселија на Инфективното одделение

Post Views: 11 Ковид пациентите од модуларната болница се преселија повторно на Инфективното одделение. Петнаесеттина пациенти инфицирани од вирусот, од кои 11 се на кислородна поддршка, се лекуваат на ова одделение. Д-р Горан Балески, директорот на охридската Општа болница информира дека има две причини за преместување на болните, една е појава на кондензација на вода во внатрешноста на модуларнта, а втората е намалување на бројот на пациенти кои се на болничко лекување од ковид 19. Имаме по 10 до 15 прегледи во текот на 24 часа и одлучено е да се префрлат пациентите на инфективно....

Continue reading

Со селективно споделување на делови од студија се фрла сомнеж дека ковид скринингот е опасен

Post Views: 13 Овој Фејсбук пост е типичен пример за недостиг контекст (missing context). Тој пренесува содржина со намерно изоставување на важни информации, а крајната цел е да дезинформира и да ја потврди тезата дека земањето брисеви на школските деца, може да донесе компликации, па дури и да е опасно по живот. Студијата споделена во постот навистина известува за последиците, но во објавата е пропуштено да се каже клучното од оваа студија, дека „фреквенцијата на компликации е исклучително мала“. Пред почеткот на најавениот скрининг кај учениците, пост на Фејсбук ги повикува родителите...

Continue reading

Од денеска КОВИД-19 решенијата за изолација во електронска форма преку Вакцинација.мк

Post Views: 10 Согласно Владината одлука за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни на КОВИД-19 и на нивни контакти, ве информираме дека од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација. Пристапот е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (http://dszi.gov.mk/) кој ве носи до порталот Вакцинација.мк или...

Continue reading

Ковид пандемијата постои, а болеста ковид-19 е предизвикана од вирус

Post Views: 0 Ковид-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата коронавирус првично откриен во Кина во декември 2019 година. Докажано е дека коронавирусите се големо семејство на вируси за кои е познато дека предизвикуваат болести кои варираат од обична настинка до посериозни заболувања како Респираторен Синдром од Блискиот Исток (БИРС) и Сериозен Акутен Респираторен Синдром (САРС). Не е точно ниту тврдењето дека нема пандемија, во март минaтата година СЗО прогласи пандемија на ковид-19, а досега во светот има вкупно  240.940.937 потврдени случаи, а бројот на...

Continue reading

Фејсбук објава дезинформира дека спортисти починале од срцев удар поради примена ковид вакцина

Post Views: 9 Постот произволно тврди дека има смртни случаи од срцев удар кај спортисти поради примена вакцина против ковид-19, но не се наведени нивните имиња. За ниту еден од посочените случаи нема конкретни и точни информации, нема никаква официјална потврда дека тие навистина примиле две дози на вакцина и дека тоа резултирало со срцев удар. Вакви фабрикувани објави кои се дел од поширока антиваксерска кампања, имаат за цел да ја убедат јавноста дека вакцините се штетни и да предизвикаат страв и недоверба кон нив. Фејсбук објава ударно, сензационалистички, но, лажно, ја информира...

Continue reading

Не е точно дека со вакцините против ковид ќе ве убијат

Post Views: 1 Наспроти тврдењето во постот дека вакцините убиваат, многупати е покажано и во научни студии и емпириски во секојдневниот живот, дека ризикот од ковид и неговите компликации е далеку поголем од ризикот од вакцините и нивните несакани ефекти. Познатите ризици од ковид-19 и неговите компликации како долготрајни здравствени проблеми и смрт, надалеку натежнуваат над потенцијалните ризици да се има ретка несакана реакција од вакцината, пишува на веб-страницата на Центарот за контрола и превенција на болести во САД. Во однос на тврдењето од постот дека дел од профитот на...

Continue reading

Пациентка предизвикала пожар во ковид болница во Бугарија

Post Views: 9 Пациентка предизвика пожар во Одделот за ковид во болницата во Русе, јавија бугарските електронски медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Софија, пациентката била приклучена на двоен извор на кислород, но ја симнала маската од лицето и со запалка почнала да бара предмет што и паднал вечерта под нејзиниот кревет. Близината на огнот до кислородот ја запалил маската и предизвикал пожар. Само поради брзата и соодветна реакција на дежурниот тим, пожарот брзо е локализиран во Одделот за ковид во болницата Русе. Навремената реакција ја помогнала и самата пациентка, која...

Continue reading

Со стари фотографии лажно се тврди дека вакцините против ковид-19 предизвикале генетски мутации кај бебиња

Post Views: 3 Фотографиите на кои се прикажани бебиња родени со генетски аномалии се стари е се појавиле многу години пред појавата на коронавирусот и вакцините против него. Оттука, тврдењето дека бебиња се родиле со опшака, со 4 нозе и 3 раце и со коса по целото тело бидејќи нивните родители биле вакцинирани против ковид-19, се неточни. Во пост на Фејсбук е прикажано видео во кое се тврди дека вакцините против ковид-19 предизвикале мутации кај новородени бебиња. Нашата проверка покажа дека ова не е точно. Постот се повикува на тврдењето на Фатих Ербакан, лидер на Велфар партијата...

Continue reading

682 новозаболени, 32 починати лица од Ковид-19 во земјава

Post Views: 12 Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 6.425 тестирањe, а регистрирани се 682 нови случаи на КОВИД-19. Скопје – 317, Куманово – 51, Тетово – 49, Битола – 31, Кичево – 30, Кавадарци – 22, Гостивар – 19, Струмица – 18, Ресен – 15, Прилеп – 13, Охрид и Струга – по 11, Делчево -10, Пробиштип и Валандово – по 8, Радовиш, Крива Паланка и Кратово – по 7, Штип и Дебар – по 6, Велес, Неготино, Свети Николе и Берово – по 5, Кочани и Гевгелија – по 4, Виница и Демир Хисар – по 2, Богданци, Пехчево,...

Continue reading

Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19, нови 5 случаи во Охрид

Post Views: 10 Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот. Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19. По градови: – Скопје-10– Куманово-27– Штип-3– Прилеп-4– Тетово-5– Струга-4– Велес-2– Охрид-5– Гостивар-1– Кочани-3 – Неготино-2 о ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица. Во изминатото деноноќие направени се 500 теста. За пациентка која пред...

Continue reading

Се намалува бројот на новодијагностицирани со Ковид-19

Post Views: 2 Бројот на новозаболени опаѓа, како и бројот на прегледи во болниците кои се најголемите индикатори за состојбата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Според него, за време на големиот притисок на Инфективната клиника имало просечно од 120, 130 прегледи, а сега е некаде околу 90. Тој како пример ја посочи и тетовската болница, каде сега има 90 наспроти 120 прегледи претходно. Сите овие параметри кои ги пратиме укажуваат на тоа дека ситуацијата спласнува во овој момент и тоа се добри знаци – рече Филипче. Тој повтори дека нема притисок во болниците...

Continue reading

Ковид пациенти ја преполнија Модуларната болница во Струга

Post Views: 16 Се наполни модуларната болница во Струга. 32 лица се хоспитализирани, останаа уште три слободни кревети. 22 пациенти се на кислородна поддршка, а најмладиот има 38 години. Седум од хоспитализираните биле вакцинирани со две дози, но тие се постабилни и со полесна клиничка слика. Кадровскиот потенцијал добро се менаџира, имаме распоред, ротираат. Имаме еден инфектолог, седум интернисти но имаме зајакнување од специјализанти кои што се вратени и се вклучени во справување со ситуацијата – вели Арменд Арслани. Се прават подготовки и интерното одделение во струшката...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top