Ознака: ковид

Бил Гејтс зборува за емисија на јаглерод диоксид, а не за ковид вакцини

Post Views: 7 Во постот наменски е прикажано манипулативно видео извадено од контекст. Темата на којашто говори Бил Гејтс во 2010 година во „Тед Разговорите“ воопшто не е поврзана ниту со ковид, ниту со депопулација на населението преку вакцинација. Говорот на Гејтс е фокусиран на потребата да се елиминира емисијата на јаглерод диоксид со нови пристапи на енергетска продукција за да се избориме со климатските промени. Впрочем и самото видео коешто е претставено во постот датира десет години пред појавата на пандемијата на коронавирусот и вакцините. Рецензираме уште  еден од големата...

Continue reading

Починаа 27 лица, нови 1 082 случаи на ковид во Македонија

Post Views: 0 Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.982 тестирања, а регистрирани се 1.082 нови случаи на КОВИД-19. Во последните 24 часа се пријавени 27 починати ковид-пациенти на возраст од 45 до 85 години. Во истиот период од вкупно 5 982 тестирања регистрирани се нови 1 082 случаи на ковид, а оздравени се 492 пациенти. Од починатите лица седум се од Скопје на возраст од 60 до 84 години, шетмина се починати во Тетово на возраст од 60 до 85, петмина од Гостивар на возраст од 47 до 72, три лица...

Continue reading

Никој не може да добие ковид од вакцината – во неа нема жив и активен дел од вирусот

Post Views: 8 Постот е поткрепен со неколку фотографии, од кои во едната се тврди дека преку ковид вакцината девојче добило СИДА и дека вакцината го уништува имунолошкиот систем. Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка СИДА е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот. ХИВ и ковид се различни, начинот на којшто се пренесува ковид, не е начин на кој се пренесува ХИВ. Од вакцина против ковид не може да добиете СИДА. Всушност, преку вакцината не може да добиете ниту ковид, тоа е од самиот почеток објаснето на веб-страницата за вакцинација...

Continue reading

Сатиричен пост – од ковид вакцина не може да се забремени

Post Views: 0 Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е изнесен сатиричен коментар, но поради природата на антивакциналните наративи и кампањата за девалвација на вакцинацијата, можно е некои граѓани да го сфатaт овој пост како вистинит. Од оваа причина и образложуваме дека станува збор за сатиричен пост. Тоа е една од целите на проверката на факти на Фејсбук – да ги образложи и оние постови за кои не е веднаш јасно дека се сатирични и за кои се смета дека во себе содржат капацитет да бидат буквално сфатени од некои корисници. А, дека тоа е можно се забележува и од коментарите, при...

Continue reading

Квалитетот на лекувањето е само еден фактор од кој зависи смртноста од ковид

Post Views: 2 Една од многуте поенти во интервјуто со претставничката на СЗО, Кејти Смолвуд, каде таа вели дека со зголемувањето на бројот на пациенти во болниците опаѓа и квалитетот на болничка нега, бидејќи лекарите мора да се сосредоточат на поголем број пациенти, во рецензираниот напис се претставува како да е единствена причина за високата смртност од ковид во земјава. Меѓутоа, во целосното интервју таа споменува многу причини, како недоволна вакцинација, старосна возраст на населението, коморбидитети, како, на пример, зголемен број на дијабетичари кои се поранливи на тешка...

Continue reading

21-годишно момче почина од ковид-19

Post Views: 1 Дваесет и едногодишно момче е меѓу шестмината пациенти кои починаа од КОВИД во тетовската болница изминатите 24 часа. Како што вели координатор во КОВИД центарот, Гзим Нуредини, од седум часот вчера до седум часот утрово, на болничко лекување се примени вкупно 17 лица, а деветмина се отпуштени од болничко лекување. Имаме починати шест лица од кои најмладиот е на 21 година. Бројот на вкупно хоспитализирани е 123 лица од кои една доза вакцина имаат само осум лица, а две дози само седум луѓе – информира Нуредини. За преглед или контрола во амбулантата на ковид-центарот...

Continue reading

Пензионирани патолози шират неосновани тврдења дека вакцините против ковид-19 содржат чипови

Post Views: 1 На таканаречената „Патолошка конференција“, се шират неосновани тврдења за вакцинацијата против ковид-19. Професионалните здруженија за патологија се дистанцираат од изјавите и наводите на пензионираните патолози и ги отфрлаат како „научно неосновани“. Некои од наодите се погрешно протолкувани, а нејасно е од каде потекнуваат органите чијашто обдукција наводно била направена и истата била презентирана. Нема цврсти докази дека во вакцините биле пронајдени метални предмети како чипови. Пост на Фејсбук шири дезинформации дека со вакцините против ковид-19 се вградува чип...

Continue reading

Бајден ја прими третата вакцина против Ковид-19

Post Views: 2 Американскиот претседател Џо Бајден ја прими третата доза на вакцина против ковид-19 денес, неколку дена откако неговата администрација одобри трета доза од вакцината на Фајзер за одредена популација. Пред да ја добие вакцината пред камера, Бајден им рече на новинарите во Белата куќа дека „засилувачите се важни, но најважното нешто што треба да направиме е да се вакцинираат повеќе луѓе“. Тој рече дека 77 отсто од возрасната популација во САД примиле барем една доза вакцина против коронавирус. Една четвртина од земјата не може да остане невакцинирана – рече тој. Американските...

Continue reading

ПЦР тест не покажува дека „лош грип“ е ковид!

Post Views: 0 Наративот во постот што го рецензираме е фиктивна приказна, измислица со која се поистоветуваат ковид и грип, како да се работи за една и иста болест, иако повеќе пати е објаснувано дека ковид има повисока смртност од грипот и за него не постои еден специфичен лек. Рецензираме пост на Фејсбук во којшто паушално се се говори за ковид-19, која е посебна болест предизвикана од коронавирусот, но во овој пост таа се поистоветува со грипот. Постарите се плашат од ковид, па потоа фаќаат некој лош грип. Лажниот ПЦР тест им кажува дека се позитивни, и одат во болница чувствувајќи...

Continue reading

Нема докази дека во вакцините против ковид има графен оксид, нерѓосувачки челик и алуминиум

Post Views: 2 Во ниту една листа на состојки на вакцините кои се јавно достапни, нема наведено дека содржи графен оксидот, нерѓосувачки челик или друга супстанца. Студијата со која се прави обид да се „поткрепи“ тврдењето дека во фајзеровата вакцина има графен оксид, не е прегледана од медицинската заедница, ниту, пак, е поддржана од Универзитетот во Шпанија, Алмерија. На официјалната веб-страница за вакцинација во земјава, каде се наведени состојките на сите вакцини кои се администрираат во Северна Македонија, нема графен оксид, нерѓосувачки челик, ни алуминиум како состојки во...

Continue reading

СЗО препорачува кога пациентот со придружни болести и ковид ќе почине, смртта да се води од ковид

Post Views: 3 Во препораките на СЗО пишува дека секоја смрт што настанала од ковид-19, дури и веројатните случаи кои имаат неодреден резултат, или, пак, сомнителните случаи кои не можеле да се тестираат, да се водат во статистиката како смртни случаи од ковид-19. Тврдењето дека вакцината е експериментална е лажно. „Фајзер“ доби дозвола за целосна употреба, нешто што се очекуваше да ја зголеми довербата кај антиваксерите, но не се случи – тие продолжија како и во овој пост, да ја повторуваат старата мантра.  Рецензираме пост на Фејсбук во којшто паушално се наведени тврдења кои не...

Continue reading

Околу 1000 новодијагностицирани со Ковид-19 денеска

Post Views: 0 Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека и денеска има околу 1000 новодијагностицирани случаи со Ковид-19. Тој рече дека после месец дена сите кои прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат без оглед на начинот на кој се лекувани. За организација на сите настани и на отворено и на затворено, посочи, потребно е да се приложи сертификат за примена најмалку една вакцина или доказ дека болеста е прележана за што има временски период од 45 дена без разлика дали во објектот има под 30 или над 30 посетители. Потенцира дека единствено ако во угостителскиот објект или...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top