Ознака: ковид

Не е точно дека после секое „прскање од авиони“ расте бројот на позитивни на ковид

Post Views: 3 Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата. Што се однесува до „кемтрејлс“ конспиративните теории, истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти, меѓу кои, чешкиот сервис за проверка на факти, Manipulatori.cz., српскиот сервис Istinomer.rs , како и во повеќе рецензии...

Continue reading

Вакцините против ковид не содржат чипови

Post Views: 11 Постот шири лажни информации оти вакцините содржат некаков чип. За ваквите тврдења не постојат никакви научни докази и тие се шират заедно со разноразни теории на заговор, поврзани со вакцинацијата против ковид-19. Објавеното видео, кое наводно докажува дека вакцинираните луѓе имаат чипови преку кои владите ги следат, всушност, е шега на ИТ специјалисти, па оттука и не може да се земе како веродостојно. Пост на Фејсбук шири дезинформации дека во вакцините против ковид-19 има микрочипови кои се вбризгуваат преку иглата, со цел контрола на луѓето. НАНО ЧЕСТИЧКА – МИКРО...

Continue reading

Никој не нуди пари за семејството да потпише дека блискиот починал од ковид

Post Views: 5 Не е вистина дека болниците нудат пари на семејствата за покривање на погребните услуги доколку потпишат дека блискиот починал од ковид. Семејствата немаат право да одлучат од што починал нивниот близок, тоа е работа на лекарите. Рецензираме пост на Фејсбук, во којшто се тврди дека се ,,нудат пари на семејството, за да потпише дека починатиот починал од корона, иако имал инфаркт”. Според напишаното во постот, наводно, ова се правело за да се напумпаат бројките на починати од вирусот и да се плашат граѓаните. До вчера само се шепотеше дека нудат пари на семејството...

Continue reading

Ензим од отровна змија-ѕвечарка не е пронајден во вакцините против ковид-19

Post Views: 1 Во вакцината против ковид нема ензим од змија отровница, односно ѕвечарка. Студијата што се споделува во постот не е спроведена на вакцинирани пациенти, туку на пациенти со ковид, кои биле хоспитализирани неколку месеци пред да почне процесот на имунизација. Пронајдените наоди во самата студија воопшто не се однесуваат на вакцината, така што постот што го оценуваме како невистинит. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека ензим од змијата ѕвечарка, која инаку е змија отровница, бил пронајден во вакцините против ковид (без да се наведе на која вакцина од кој...

Continue reading

Фејсбук објава шири дезинформации дека вакцините ќе бидат забранети и дека е најден „спасоносен“ лек против ковид-19

Post Views: 11 Ниту вакцините ќе бидат укинати и забранети, ниту досега е најден лек кој ќе го уништи коронавирусот, како што се наведува во Фејсбук објавата што ја рецензираме, која е полна со лаги и дезинформации.  ЕУ спроведува Стратегија за терапевтски пристап против ковид-19, со портфолио од 5 терапевтски препарати од кои се очекува најмалку три  да бидат достапни до октомври 2021 година, но засега сè уште се во фаза на евалуација. Сепак, овие терапии се однесуваат исклучиво на протоколите за лекување на заболените и се комплементарни со Стратегијата за вакцини на ЕУ, како координиран...

Continue reading

погребна кола

Лага е дека медицинските лица во Австралија намерно ги убиваат невакцинираните лица заболени од ковид-19

Post Views: 1 Лекот ивермектин во Австралија е забранет за употреба во третманот на болни од ковид-19. Австралискиот регулатор за лекови им дал изрична забрана на медицинските лица во државата да го препишуваат ивермектин како лек за коронавирусот. Оттука е јасно дека овој лек не се користи во болниците во Австралија. Обвинувањата дека во болниците ивермектин им се дава на вакцинирани пациенти со цел да се покаже дека вакцините се ефикасни, а невакцинираните заболени намерно се ставаат на респиратор, како што се тврди во овој пост, се неосновани и без докази. Пост на Фејсбук шири...

Continue reading

Нема докази дека личности од светската елита примиле лажни вакцини против ковид-19

Post Views: 0 Оваа објава ја манипулира јавноста и шири паушални информации на Фејсбук. Тврдењата на психијатарот Алесандро Мелуци, личноста на која се повикува постот, дека луѓе од елитата примале лажни вакцини против ковид-19, се без никаков доказ и истите не се никаде пријавени. Споделувањето на вакви непроверени информации можат да создадат забуна во јавноста и да предизвикаат паника, особено во услови кога е во тек процесот на вакцинација против ковид-19, како е единствен излез од пандемијата. Пост на Фејсбук (дез)информира дека политичари и вип личности наводно примале лажни...

Continue reading

Ковид-19 е реалност, луѓето не заболуваат од хемикалиите со кои наводно нè прскаат од небо

Post Views: 1 Постот што го анализираме ја шири светски познатата теорија на заговор за „кемтрејлс“. Но, уште пред пет години  група од 77 научници, откако ги прегледаа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци, објавија извештај дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“. Белата патека, пак, што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Исто така, ковид-19 постои и е реален, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот. Вирусот беше идентификуван...

Continue reading

Влез во Албанија само за прележани од ковид, вакцинирани и со негативен ПЦР тест

Post Views: 0 Од денеска, во Албанија стапија во сила новите мерки против коронавирусот, кои предвидуваат дека ниту еден странски или албански државјанин не може да влезе во земјата без потврда за негативен тест за коронавирус или доказ за вакцинација. При влегување, потребно е да се покаже тнр. пасош за вакцинација, со поминати најмалку две недели од целосната вакцинација, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или антигенски не постар од 48 часа, или да се покаже потврда за прележан коронавирус. Овие правила важат и за патниците што транзитираат низ Албанија, додека само децата...

Continue reading

Ковид пропусниците ја изгубија смислата

Post Views: 0 Епидемиологот и член на Кризниот штаб во Србија Бранислав Тиодоровиќ најави нова седница на Кризниот штаб, при што изјави дека досегашниот начин на примена на Ковид пропусниците ја изгубил смислата и дека поддржува единствено целодневна важност на пропусниците. Тиодоровиќ рече дека непочитувањето на сегашниот систем на ковид пропусници за е главната причина зошто тие го изгубиле значењето. Најверојатно неделава ќе има седница на Кризниот штаб. Јас сум на мислење дека ковид пропусниците со примена од 20 часот изгубија секакво значење бидејќи генерално не се почитуваат....

Continue reading

До 2024 година светот го очекува финансиска катастрофа поради Ковид-19

Post Views: 2 Светот може да се соочи со финансиска катастрофа слична како онаа во периодот од 2008 и 2009 година. Причина се насобраните проблеми во последните 18 месеци кои се производ од мерките спроведени од владите ширум светот за борба против Ковид-19. Според извештајот на Централната банка на Русија, светската економија може да влезе во кризно сценарио поради зголемување на глобалниот долг на државите и зголемувањето на бројот на компании со слаби финансиски резултати. Банката развила четири различни сценарија кои можат да се случат во блиската иднина до 2024 година. Според...

Continue reading

Личните податоци за починатите од ковид не смеат јавно да се објавуваат

Post Views: 0 Личните податоци на заболените и починати од ковид-19, исто како и за кое било друго починато лице, не смеат да се злоупотребуваат и да бидат јавно објавени, како што сугерира авторот на објавата што ја рецензираме. Заштитата на личните податоци се гарантира со повеќе европски и домашни законски акти, а за секое прекршување предвидени се и соодветни казни. Неточни и невистинити се и тврдењата дека  коронавирусот е измама, а вакцините смртоносни, со што може да се нанесе огромна штета врз здравјето на луѓето и нивно евентуално одвраќање од вакцинација која ги штити од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top