Ознака: ковид

Пост на Фејсбук шири невистини дека со вакцинацијата се зголемил бројот на заболени и починати од ковид-19

Post Views: 3 Постот не нуди докази кои потврдуваат дека со вакцинацијата против ковид-19 се зголемил процентот на заболени и починати од коронавирусот. Не е точно дека се кријат официјални податоци од несакани реакции по примена вакцина против ковид-19. Официјалните податоци покажуваат дека вакцината во голем процент од случаите на ковид позитивни штити од сериозни форми на болеста и од смрт. Пост на Фејсбук неосновано шири дезинформации дека откако почнало вакцинирањето против ковид-19, се зголемил бројот на заболени и починати. Постот неточно вели и дека се кријат официјални податоци...

Continue reading

Не е точно дека лекари од Сингапур утврдиле дека ковид-19 е бактерија и се лекува со аспирин

Post Views: 0 Постот што се споделува на Фејсбук ја манипулира јавноста дека во Сингапур била направена обдукција на починат пациент од ковид-19 и било констатирано дека не се работи за вирус, туку за бактерија. Станува збор за пост кој се споделуваше и во други држави, а во кој се тврди дека наводно сингапурските лекари откриле интраваскуларна коагулација која се лекува со антибиотици. Ваквите тврдења одамна беа демантирани од министерството за здравство на Сингапур од каде соопштија дека не е направена обдукција, ниту пак, препорачуваат други протоколи на лекување на болни од ковид-19. Објавата на...

Continue reading

Во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19

Post Views: 5 По градови:– Скопје 15– Куманово 18– Прилеп 14– Тетово 2– Струга 10– Велес 6– Битола 1– Гостивар 1– Кочани 1 Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица. Во изминатото деноноќие направени се 404 теста, а досега направени се вкупно 8.057 тестирања на коронавирус. На инфективната клиника се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина. Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно се...

Continue reading

ПОТВРДЕНИ 49 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

Post Views: 6 Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 14, Штип – 6, Прилеп -8, Велес-6, Гостивар -1 и Кочани -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 760 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:Скопје – 297Куманово – 182Дебар – 49Штип-27Прилеп –58Тетово – 31Струга – 33Велес – 24Битола –8Охрид –4Кавадарци – 3Гостивар –7Гевглелија – 4Струмица – 2Крива Паланка-3Радовиш – 4Крушево – 3Кочани – 20Пробиштип – 1 Во...

Continue reading

Вакцините не се „генетски боцки“ ниту шират ковид

Post Views: 4 Вакцинацијата не се одвива под „уцена од фармацевтската мафија“, како што тврди постот, туку имунизацијата против ковид-19 во С. Македонија е на добороволна база. Исто така, ниту една вакцина против ковид не е генетска терапија, бидејќи научно е потврдено дека вакцината не е во контакт со човечката ДНК, која е носител на генетскиот материјал. Дека вакцините не се „шприцови за болест“, покажуваат и анализите за бројот на заболени и починати од ковид во С. Македонија, кои редовно ги објавува Министерството за здравство, од каде се гледа дека тие во најголем дел се невакцинирани. Водејќи...

Continue reading

погребна кола

15-годишно девојче почина од Ковид-19

Post Views: 3 Петнаесетгодишна пациентка од селото Селце, Тетовско, починала денеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, соопшти Министерството за здравство со голема жалост. Пациентката со многу тешка клиничка слика била донесена на Инфективната клиника откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, а пациентката била со обезитас, соопшти Министерството. Како што додаваат оттаму,...

Continue reading

Меѓународниот монетарен фонд одобри финансиска поддршка за нашата земја, во износ од околу 176 милиони евра за борба против пандемијата на вирусот КОВИД-19

Post Views: 3 Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) одобри финансиска поддршка за нашата земја, преку Инструментот за брзо финансирање, во износ од околу 176 милиони евра. Преку овој инструмент се овозможува исклучително брз и поволен пристап до финансиски средства од ММФ, во услови кога економија со здрави фундаменти е погодена од надворешен, неочекуван и привремен шок, каков што е пандемијата на вирусот КОВИД-19.Како и поголем дел од економиите во глобални рамки, и македонската економија привремено ќе биде погодена од појавата на новата вирусна инфекција. Ефектите ќе се почувствуваат...

Continue reading

Во Црна Гора се укинува дигиталната ковид потврда

Post Views: 16 Владата на Црна Гора одлучи мерките во борбата против корона вирусот да бидат прилагодени на ситуацијата на терен. Затоа, од сабота, 9 октомври, Националниот сертификат за дигитален COVID ќе биде отповикан, рече директорот на Институтот за јавно здравје, Игор Галиќ, на денешната прес -конференција на која беше анализирана актуелната епидемиолошка состојба во земјата. Галиќ рече дека бројот на нови пациенти се намалил за 40 проценти за две недели и дека бројот на починати се намалил за 18 проценти, а самоизолацијата е скратена од 14 на десет дена. Бројот на нови случаи...

Continue reading

Фајзер ќе вакцинира цел град во Бразил против Ковид-19

Post Views: 0 Фајзер ќе ја проучува ефикасноста на својата вакцина против Ковид-19 со вакцинирање на целото население над 12 години во град во јужен Бразил, соопшти компанијата. Истражувањето ќе се спроведе во Толедо, кој има 143.000 жители, во западниот дел на државата Парана, во соработка со Бразилската национална програма за вакцинација, соопштија локалните здравствени власти, болница и федерален универзитет. Фајзер, кој ја разви вакцината со германскиот партнер БиоНтек, соопшти дека целта е да се проучи преносувањето на коронавирусот во „реално сценарио” откако ќе се вакцинира...

Continue reading

Паѓаат бројките на заразени со ковид-19

Post Views: 3 Има тренд на опаѓање на бројките на новозаразени со коронавирус, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, изразувајќи очекување дека ќе продолжи да спласнува овој бран на епидемијата. Тој рече дека се намалува и факторот на преносливост на вирусот, а посочи дека почнува да се смирува и ситуацијата во Тетово. Имајќи ги предвид досегашните искуства со претходните бранови на ковид-19, очекуваме да продолжи трендот на опаѓање на бројките на ново заразени, кој е присутен веќе неколку денови наназад. Денеска имаме под 900 новозаразени, а факторот на преносливост...

Continue reading

24-годишно момче од Ресен почина од Ковид-19

Post Views: 1 Од Министерство за здравство за 24 годишниот пациент од Ресен кој почина како последица на Ковид-19 велат дека тој на инфективното одделение во болницата во Битола бил примен на 24 август како суспектен на болеста. Пациентот, според министерството, имал ниска сатурација и отежнато дишење, биле направени сите потребни лекарски проверки, притоа тој имал масивна бронхопневмонија, ниска сатурација и веднаш му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка. Откако ја примил терапијата, пациентот одбива да остане на болничко лекување, иако запознаен со сериозноста...

Continue reading

За помалку од една недела над 100 охриѓани се заразиле со ковид 19

Post Views: 8 217 активни случаи на ковид 19 во Охрид со вчерашните 18 и рекордните 26 пред тоа. Градот неколку денови бележи двоцифрени бројки заразени во извештаите од министерството за здравство. Повеќе не можеме да зборуваме за кластери тоа се поединечни случаи кои се раширени на повеќе места. Некои знаат каде ја добиле инфекцијата, а некои не. Преку 200 лица во изминативе 6 дена добиле решенија за изолција како контакти на потврдени случаи. Од 24 до 30 октомври ќе имаме рекордна бројка на заразени во општина Охрид и Дебрца, информира Сашо Точков од ЦЈЗ. „Тоа ќе е бројка, до денес...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top