Ознака: книга

knigi

Детската литература во Македонија на работ на опстанокот

Post Views: 1 Во Македонија речиси и да нема писатели за детска литература. Денес на меѓународниот ден на книга за деца и млади уште еднаш на виделина излегоа сите проблеми со кои се соочуваат книжевните работници. Писателот и поет Тоде Илиевски кој зад себе има четири книги за деца вели дека Македонија сеуште не е влезена во меѓународната организација на Светскиот совет на детската книга и покрај неговите долгогодишни заложби. Тој додава дека државава долги години наназад не размислува за детско издаваштво –Имам 62 години а спаѓам во најмладите писатели за деца во Македонија....

Continue reading

a.den dolaard

„Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ подарок за посетителите на КИЦ „Култура 365“

Post Views: 1 Од 10 до 16 март, КИЦ „Култура 365“ ќе подарува книги, а сите оние кои ќе го посетат Културно- информативниот центар во периодот од 9 до 15 часот, ќе добијат книга. Овојпат сатнува збор за книгата „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ од Мишо Јузмески. А. ден Долард 60 години активно се занимавал со пишување и како писател и новинар создал многубројни дела од областа на поезијата и на прозата. Некои негови книги покрај тоа што имаат доживеано десетици изданија, се издаваат и денес, десетлетија по нивното прво објавување. „За македонските читатели, секако, најинтересни...

Continue reading

roman Sipinkarovski

„Децата на Марија“, нова книга која Култура 365 ја подарува на охридските читатели

Post Views: 7 Култура 365 во акцијата „Недела на книгата“ на охриѓани им го подарува романот „Децата на Марија“. Оваа книга е дел од творечкиот опус на познатиот струшки писател, Петко Шипинкаровски. Овој роман е второ четиво кое Шипинкаровски го напишал од областа на историјата. Романот го обработува периодот околу Првата светска војна, а дејствието е сместено во Мариово, за време на протерувањето на македонското население од селата и неговиот егзодус во Мегленско, Тиквешко и Битолските краишта. „Децата на Марија е вистинска приказна за едно семејство, конкретно од едно од тие села,...

Continue reading

kniga

„Култура 365“ ги израдува охриѓани со нова книга на подарок

Post Views: 1 „Култура 365“ повторно им подарува на охриѓани. Оваа недела тие по втор пат ја организираа акцијата „Недела на книгата“ во која сите нивни посетители добиваат книга. Оваа недела „Култура 365“ на охриѓани им ја претставува книгата „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ на Стефан Влахов-Мицов. Интересот кај охриѓани за акцијата се поголем. „Има задоволителен број на посетители кои си зедоа книга. Дури не изненади фактот што еве само преку медиумите, преку интернет порталите беа известени нашите сограѓани за оваа акција и не изненади фактот што и многу повозрасни...

Continue reading

premin vo maglata

„Култура 365“ ги носи охриѓани поблиску до книгата

Post Views: 4 Културно информативниот центар „Култура 365“ со подарок книга ќе ги мотивира охриѓани да читаат повеќе. Од денес започна акцијата насловена како „Недела на книгата“ во која на секој нивни посетител ќе му подаруваат по една книга. Оваа недела, на подарок ќе го добиваат романот на охридскиот писател Мише Јузмески, „Премин во маглата“, роман кој веќе го доживеа своето второ издание во земјава, а е преведувано и на други јазици. Книга подарок читателите можат да  добијат и доколку контактираат со културно информативниот центар на нивната и-мејл адреса itvo@t-home.mk. „Култура...

Continue reading

promocija

„Децата од градот“-роман за животот на младите стружани во минатото

Post Views: 2 Животот во Струга, карактеристиките на младите стружани од пред шест децении трајно забележани во најновиот уметнички восклик на Евда Попоска. Како една ментална слика од сеќавањата на авторката, во „Децата од градот“ опишани се обележјата на впечатливата Струга.  Според промоторот на делото, Тоде Илиевски, Попоска, е автор кој вреди да се чита. „Евда Попоска спаѓа во оние малкумина автори што се читаат денес, а за жал пошироката јавност не ги знае. Имаме пример за многу вреден писател, читан писател, а тој автор нема добиено соодветно вистинска оценка на литературната...

Continue reading

книга

„Светиот завет“ од Томислав Тунтев, оставштина за идните генерации

Post Views: 3 „Пливајќи од Сараиште према Свети Јон крстон, а тоа е линијата кога од брегот првпат ќе го здогледате крстот на Свети Јован Богослов-Канео и гледајќи ја сета таа убавина, гледајќи како пред мене излегува покривот од Св. Софија, па покривот на Св, Врачи, па камбанаријата на Св. Богородица Перивлепта и на крај ти излегува пред очи покривот на Св. Константин и Елена, гледајќи ги двете калиња на кои се распослал Охрид, сите тие куќи, улици, јалици, маѓерија, сватив дека таму се кријат тајни за кои сум слушал од моите тетки и баби и си реков морам да напишам книга. Во тој...

Continue reading

matova

Три генерации на охридски уметници во 20 век

Post Views: 7 Историчарот на уметност Јорданка Матова е автор на 4-тата книга посветена на уметноста под наслов „Сликарството во Охрид во 20 век“. Матова во едно сеопфатно издание ги поместува охридските уметници кои биле активни во  уметничкото творештво. Сликарството во Охрид  во 20 век и на почетокот од 21 претставува  спој  на уметници, скулптори,  иконописци и фрескописци продолжувачи на богатата охридска сликарска традиција. 10 години  истражувала во богатиот фонд на уметнички дела во Завод и Музеј, а на книгата работела 2 години. „Од самото истражување произлезе дека во Охрид...

Continue reading

Kniga Pomnam

Промовирана Стихозбирката „Помнам“ од Ристо Јачев

Post Views: 3 „Секој Автор пишува една книга цел живот. Од мојата прва песна до поледнава книга по самите наслови ќе видите дека пишувам една песна , обработувам еден регион, говорам за едни исти луѓе , а помнам затоа што се враќам во едно минато определено свршено време во времето кога не прогонуваа низ егејските шуми“, вели Јачев. „Минатата година објавив роман во кој микс правам на две војни граѓанската војна од 1946 – 1949 год. во егејска македонија и 2001 год. овде. Многу од нашите издавачки куќи не објавуваат повеќе поезија. Проза да но поезија не . Тоа е став на куќата“, вели...

Continue reading

ribna corba podgotovka

Започнаа подготовките за чорбата за Гинис

Post Views: 8 500 килограми лосос, 200 килограми ослиќ, 110 литри масло, 100 килограми брашно, 2500 литри вода се дел од намирниците за чорбата со која Охрид ќе се обиде да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди. Чорбата за која далеку ќе се слушне ќе се подготвува во недела на денот на рибарите. Истата ја донира  Сандре Трпоски, а ја подготвуваат учениците од угостителското училиште Ванчо Питошески под менторство на професорот по готварство Блаже Јорданоски. Намирниците за чорбата се веќе набавени, а поради огроманата количина која треба да се зготви подготовките започнаа уште...

Continue reading

aleksandar i bela ica

Легендата за љубовта помеѓу Александар Македонски и Бела Ица

Post Views: 13 Македонија е извор на многу легенди и приказни. Некаде поместена помеѓу безбројот стои и онаа за големата љубов помеѓу Александар Македонски и убавата Бела Ица. Оваа легенда со свои зборови и напорно истражување во книга ја објави писателот Ванѓелко Лозаноски во коавторство со поетесата Гордана Димовска, која живее и работи во Мелбурн, Австралија. Насловена како „Љубовната одисеја на Александар Македонски и Бела Ица“, оваа книга ќе ве донесе поблиску еден поинаков од историскиот Александар. „Александар Македонски својата бурна младост ја доживеал токму на македонските...

Continue reading

kniga

„Спортски повреди“ е првата стручна литература издадена на оваа тема во Македонија

Post Views: 2 Идејата за оваа книга потекнува уште од моите специјалистички студии на медицинскиот факултет во Скопје кога специјализирав спортска медицина. Уште тогаш барајќи литературата потребна за завршниот специјалистички испит се соочив со проблем да не можам да најдам литература на македонски јазик, по што морав да преведувам од англиски, француски, бугарски, српски“, вели авторот на книгата специјалист по спортска медидицина при здравствен дом Струга и раководител на регионалниот центар за спортска медицина за општините Дебар, Охрид и Струга, Оливер Бојчески. „ Да се пишува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top