Ознака: книга

Hristina Aslinoska

Нов oхридски бисер светна со сиот свој сјај

Post Views: 0 Нов блесок на уште еден Охридски талент. Младата Христина Аслимоска пишаниот збор го спакува во една убава книга поезија насловена „Средба со Диоген“. Основен мотив на ова емотивно празнење на Христина е митот за Диоген кој сред бел ден со фенер во раката го бара човекот меѓу луѓето. Младата поетеса вели пишувањето за мене е еден одмор и прибежиште од реалноста. Во предвечерјето на денот кога Охриѓани го чествуваат патронот Свети Климент, своето најново уметничко дело го промовираше младата поетеса Христина Аслимоска. Роднини, пријатели, професори се собраа да го чујат...

Continue reading

doc

Листа на документи потребни за обнова на право на социјална парична помош

Post Views: 7 Од Центарот за социјални работи – Охрид известуваат дека од 17.10.2011 година до 02.12.2011 година ќе се одвива годишната обнова на документација за корисницте на социјална парична помош. ЛИСТА НА ДОКУМЕНТИ ПОТРЕБНИ ЗА ОБНОВА НА ПРАВОТО НА СОЦИЈАЛНА ПАРИЧНА ПОМОШ                 1.Важечка лична карта за државјанин на Република Македонија, дозвола за постојана престој на странец,лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под хуманитарна или супсидијарна заштита; 2.Потврда од Агенција за вработување за сите полнолетни лица за утврдување на нивниот...

Continue reading

promocija

Промовиран насловот „Прозна молитва“

Post Views: 2 Љубица Чифлигароска, поетеса од Охрид во збирката раскази „Прозна молитва“ се јавува како прозаист. Таа е една од 18 –те автори чии раскази се најдоа како дел од оваа книга.Чифлигароска на денешната промоција на книгата  истакна дека ја брани поезијата и прозата бидејќи придонесуваат луѓето послободно да ги искажат своите чувства. Даваат можност да се извлече поука и да се залечат раните во душата. Книгата „Прозна молитва“ е издадена под покровителство на  Здружението на љубители на македонската литература, култура и наука. Професорот Вангелко Лозаноски, претседател...

Continue reading

promocija na kniga

Митологијата на македонците-книга за вистинската етногенеза на Македонецот

Post Views: 2 Македонското битисување и македонизмот презентирани не како историја на античките македонци, туку единствено како македонска историја без никакви додавки. „Антигона-Неготино“ на Ангелина Маркус и „Митологијата на Македонците“ на Ристо Попоски ни даваат еден поинаков увид врз сопствената историја. Ангелина Маркус се јавува како рецензент на второто дело кое денес беше промовирано во Центарот за култура, „Митологијата на Македонците“ на Ристо Попоски. Во книгата се прикажува една поинаква слика за приказните од митологијата кои носат или римски или грчки имиња, но се...

Continue reading

knigi

Каде да најдеш книга ако не на саем?

Post Views: 0 Охриѓани се почесто другаруваат со книгата. Иако најчесто се жалат на недостиг од време, сепак читателската публика расте. Почнувајќи од денес па до недела читателите ќе имаат можност да се сретнат со книгата на 23-тото меѓународно издание на Саемот на книга кој се одржува во Скопје. Мотото на овој саем е „Подари книга, подари богатство“. За среќа поминува времето кога се чекаа вакви настани за да се купи омилената книга. Се повеќе луѓе одат по книжари, купуваат книги, се посетуваат библиотеки. Сепак брзото живеење и борбата за заработка оставаат се помалку време за...

Continue reading

kniga

„Мојата последна генерација“

Post Views: 1 „Мојата последна генерација“, подарок на Марија Младеновска, просветен работник, кој со ова дело го одбележа крајот на својот работен век. Збирката поезија „ Мојата последна генерација“,  напишана во акростихови, во која, авторката Марија Младеновска ги вметнува сите учениците од нејзината последна генерација. Во ова дело е содржана и биографијата на авторката, а во неа се дадени и препораки до педагозите, како да се однесуваат со учениците. „Книгата е посветена на 4а одделение, бидејќи е тоа мојата последна генерација, од која со тага се разделувам“, вели авторот...

Continue reading

Opsesija

„Опсесија“ – љубов преточена во поетски ѓердан

Post Views: 4 „Опсесија“ е најновото поетско дело на Вера Маркулева Поповска. Опсесија, нов поетски повод,  ново дело на Вера Маркулева Поповска. Самиот наслов посочува на обземеност со мисли и идеи, љубов преточена во поетски ѓердан. Авторот сета енергија во своето ново послание ја дели на три љубовни области: љубов кон животниот сопатник, љубов кон Охрид и Македонија и  воопшто љубов кон поколението кое сепак ја прави најсреќна. „По пауза од две години по објавувањето на своето последно дело, Маркулева го менува курсот во пишувањето. Во најновиот поетски простор, таа е далеку пстрога...

Continue reading

Jonce Filiposki

Промоција на книгата на Јонче Филипоски

Post Views: 6 Книгата за прв пат беше претставена во Љубојно, а авторот најавува промоција на неговиот труд и во Охрид.   „Охридско преспанскиот регион не е само природно геогравска  и хидрогравска целина, туку има и заеднички можности за стопанска активност“, вели авторот на книгата „Охридско преспански стопански хоризонти“,м-р Јонче Филипоски. „Подолго време се занимавам со истражување на економските прашања во периодот на транзицијата на ова подрачје. Проблемите ги анализирам како неделива целина како мезоекономски регион, во рамките на макроекономските политики во Р Македонија“,...

Continue reading

kniga

„Каде што заспива надежта“

Post Views: 1 Ова е второто  дело на младиот автор, Мишел Наумоски. Темелната инспирација е љубовта и таа провејува во секој мој стих, додава авторот. Секое ново дело претставува одредено искажување на авторот, откривање и потврдување на неговата посветеност кон поетската потенција. Исповед на љубовта и болката, љубовта како инспирација за радост во душата. Ова е второ мое дело вели младиот автор Мишел Наумоски, и претставува мое соочување со вратите на времето. „Темелната инспирација е љубовта и таа провејува во секој мој стих“, додава тој. „Некој застана до мене и ги помириса моите...

Continue reading

Todorka Mitrevska

Приказната за Филомена

Post Views: 17 Приказната за Филомена, од неодамна ставена на хартија. Ме измачуваше судбината на мајка ми се додека не ја запишав, вели нејзината керка Тодорка.   Охридските стории за Билјана, Фросина, Деспина, не се единствени. Стружани ја раскажуваат приказната на Филомена заробена во чувствата на првата љубов, и нејзината сурова вистина. Тодорка Митреска целиот свој живот на товар ја носи нејзината мајка и сите слики поврзани со животот поминат по желба на нејзиниот татко. Да се живее без љубов е казна, се сеќава Митреска на солзите на нејзината мајка. Често ја слушав како ми...

Continue reading

naslovna

„Македонските древни ковани пари“ – нова книга на Ангелина Маркус

Post Views: 4 Македонските древни ковани пари- е насловот, а воедно и содржината на новата книга на Ангелина Маркус. Станува збор за уште едно дело на овој автор во кое се потврдува македонскиот идентитет. Тоа се кованите пари, пронајдени низ вековите во регионот на Македонија. „Чувствувам дека ми е обврска фактот да го земам во раце и да и го покажам во јавноста“ , вели авторот Маркус која потенцира дека во нејзините книги се разоткрива се она што е вистинито за Македонија. Професорката по филозофија, Ангелина Маркус, со своите книги постојано ја бранува македонската јавност. Родена...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top