Промовиран насловот „Прозна молитва“

Љубица Чифлигароска, поетеса од Охрид во збирката раскази „Прозна молитва“ се јавува како прозаист. Таа е една од 18 –те автори чии раскази се најдоа како дел од оваа книга.

 |  Валентина Неловска  | 
promocija
промоција

promocijaЉубица Чифлигароска, поетеса од Охрид во збирката раскази „Прозна молитва“ се јавува како прозаист. Таа е една од 18 –те автори чии раскази се најдоа како дел од оваа книга.Чифлигароска на денешната промоција на книгата  истакна дека ја брани поезијата и прозата бидејќи придонесуваат луѓето послободно да ги искажат своите чувства. Даваат можност да се извлече поука и да се залечат раните во душата.

Книгата „Прозна молитва“ е издадена под покровителство на  Здружението на љубители на македонската литература, култура и наука. Професорот Вангелко Лозаноски, претседател на оваа здружение истакна дека во книгата се поместени 18 автори од Македонија и дијаспората, секаде онаму каде што се слуша македонскиот јазик.

Лозаноски рече ова е втора книга по збирката поезија „Молика“ издадена во 2001 година од група на 23 автори. Тој додаде дека во заборавените села оние кои се отпишаа како поети повторно оживеаја благодарение на активнста на ова Здружение.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top